Еми баце, не мислам дека заслужувам да црнчам на (болдираното) затоа шо максимално шо ќе „спечалам“ се 5000-6000 со кои шо не се доплаќаат сметки па камоли друго, не мислам дека заслужувам страв да основам фамилија со нешто шо не може да се нарече плата, или ако основам не мислам дека семејството ниту моите и/или неговите родители заслужуваме тие да не носат на грб додека ние ја љубиме таткковината и го полниме буџетот со без врска даноци итн...
п.с. јас скоро си го средив животот, трудот кај шо сум ми е рационално платен и можам да кажам дека се спасив од вукојебината МК, додека јас и моето семејство сме среќни и задоволни ќе плукам и ќе *ерам по татковината колку шо сакам
Да те прашам, тебе ако ти сечат струја оти имаш 4 неплатени сметки, уште малку водата ќе ти ја сечат, немаш пари пример за Велигден да си купиш нова облека па камоли друг пат во годината, одвај можеш да закрпиш за огрев на зима или се задолжуваш или плус имаш 2 дечиња и ти и жена ти со по 6000 не можете ништо да им купите, одат приоблечени на училиште, чекаат дома да си дојдат за да каснат нешто оти вие мора да платите сметки и да се прехраните сите 30 дена, после средно не можете на едното да му платите семестар па камоли да двете и од немај каде почнуваат такси да возат или да робуваат кај некој грк,а во меѓувреме ти толку ја сакаш татковината шо од голем патриотизам гласаш на сите избори за подобра иднина и не мрдаш во странство макар и да ти се пружи шанса, кој ќе ти е поголемиот идеал? Да им овозможиш добра иднина на децата или мизерен да ја видиш МК во НАТО и ЕУ?