Упс не сум забележал дека си ме спомнал порано.
Значи вака на кратко да ти објаснам како е овде. За станот кајшто живееме јас и мојата сопруга не плаќаме ништо освен месечните сметки за вода струја итн. Значи за кирија не плаќаме ништо ( тоа е како бенефит во платата на мојата сопруга). Месечно за сите тековни трошоци потребни се околу 1000$ (тука спаѓа бензин, комуналии, јадење, пиење, интернет, телевизија, Xbox, итн. Така да да висока е цената, и којзнае колку би била повисока ако требаше да плаќаме и кирија, нејсе, муабетот ми е дека со мојата плата и нејзината месечно тргаме на страна по 1500$. И ќе заборавев да додадам дека месечно во просек се трошат од 1000-1500$ за излагања по ресторани, шопинг итн.
И пак ќе напоменам дека додека бевме во Македонија околу 1 година,
никој не ме викна ниту на интервју... за жена ми да не ни зборувам бидејќи е странец.
Тогаш ти си една од ретките претпоставувам што добиле понуда од Qatar Airways?
Со среќа!