Ако имате временска машина, во кој период од историјата би сакале да живеете?

F

Frankie Yale

Гостин
Не би сакал да се враќам назад но кога би имал можност да отидам во иднината би сакал да отидам едно 1000 години нанапред за да видам како е, чисто онака зошто ме интересира...
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
би сакал у 1903 , да идам 10 дена на одмор во Крушево
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
338-323 пр.н.е. и Македонската фаланга :)
За време на Крстоносните војни, рамо до рамо со Фридрих Барбароса :)
Феудална Јапонија и самураите дефинитивно.
Викинзите и нивното време
1893-1903 Илинден
Полска за време на нападот на Германија кај визна рамо до рамо со Ригнис кај Визна и за време на Варшавското (1944) и Гето-востанието (1943)
Финска за време на војната со советите рамо до рамо со Симо Хајха
И се разбира 8 Септември - нешто за што не сум бил роден да го почувстувам :(
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
би се вратил во времето на Александар Македонски и би го воспитал и би го насочил за интересот на Македонија односно за сопствено кралство како што треба да биде и да ги истреби елада;)
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Би го спречил научникот што ја измислил временската машина да ја создаде, а доколку таа никогаш не постоела јас не би можел да се вратам во времето и да го спречам, па ако не сум способен да се вратам - не би можел ни да го спречам, така да... којзнае кај ќе заглавам. :pos:
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Некаде во средниот век.....некаде во франција.....па тогаш намерсто тастатура со друго биле зафатени рацете.....
 
V

Vollstandig

Гостин
Некаде во средниот век.....некаде во франција.....па тогаш намерсто тастатура со друго биле зафатени рацете.....
Со чекан или друг алат:)




Ја би се вратил во 1850-та година тој период, и би живеел некаде во модерните градови париз, виена, лондон, облечен во одело и сако, се глеам себе си како директор на фирма за плински боци кои тогаш би биле најнов изум.
 
С

Сатори

Гостин
Ммм ... радно би да живеам во минатото него во сегашноста, секако, со потенцијалот да не бидам дискриминирана на база на пол, ама тоа нема ... but I would still give in.
Фиренца во златната доба на Лоренцо Медичи и Рим во времето на Борџиите, се поклопуваат па нема да морам да патувам многу.Потоа веројатно би го ѕирнала Рим во време на креирање на Јустинијановата кодификација и покасно Византија под влијание на Теодора, Шпанија во време на Изабела, да видам како изгледала и како се креирала инквизицијата.Англија за време на владеењето на Елизабета и пред Француската револуција за да видам дали навистина Русо влијаел повеќе од Волтер.На крајот би заминала во Ирска пред доаѓањето на Римјаните и не би се вратила веќе никогаш назад.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Со чекан или друг алат:)



Ја би се вратил во 1850-та година тој период, и би живеел некаде во модерните градови париз, виена, лондон, облечен во одело и сако, се глеам себе си како директор на фирма за плински боци кои тогаш би биле најнов изум.
Со токмак :)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
сепак не би сакал да има временска машина зашто така би добил ефектот ,,парадоксот на дедо,, што значи ако би измениле текот на историјата ние не би постоеле па дури и кајгана форум:)
 
С

сашенко

Гостин
Би сакал да видам Клеопатра како изгледа, Мерлин Монро да ја запознаам, да му искочам на Ѓорче Петров на улица пред атентатот и да го спасам, да го спречам Гоце Делчев да влезе во баница и да му кажам дека its a trap..или пак малце поназад во историја и да ги известам самуил и војниците на беласица и да ги спасам....
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Прво, мислам дека нашево време е најдобро време за живеење досега во смисла на технологија и наука. Но, од чиста љубопитност би сакал даги посетам следниве три периоди:

- времето на Исус Христос за лично да го запознаам човекот и неговите идеи кои до ден денешен имаат огромно влијание врз светот без разлика на сите оние кои што му „помагаат“ да се рашири неговото учење;

- времето на Александар Македонски за да ги запознаам Македонците, кои биле и какви биле и во што верувале;

- времето од пред 60-70 000 години кога нашите предци почнувале да излегуваат надвор од Африка.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Јас имав временска машина и одбрав да живеам у овој период.
На кој не му се свиѓа нека живее во друго време. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom