Ако автомобилот ви е постар од 2000 година, нема да може да го возите во град!

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Од ЕУРО 2 на ЕУРО 4 за само седум месеци (01.07.2015) и забрани / ограничувања за возила со ЕУРО 2 - после 200000 увезени возила со тој стандард.
Абе бизнисмени и пол.Се изнаплатија давачки за увоз, сега пак катализатори.Каков план, секоја чест(y)

Ако автомобилот ви е постар од 2000 година нема да може да го возите во град!


Откако пред еден месец рокот за увоз на автомобили со стандард на моторот Еуро 2 од февруари 2016 се помести на 31 декември годинава, сега во оптек се информации дека постои можност да се ограничи употребата на ваквите возила.



Од Владата вчера не добивме официјална информација дали се разгледува ваква опција, но пред извесно време министерот за економија, а сега и министерот за животна средина и просторно планирање за медиумите информира дека Владата разгледува и таква можност, пишува Вечер. Пред околу еден месец министерот за економија Беким Незири официјално најави дека е можно ограничување на користењето на овие возила преку забрана за нивна регистрација или обврска за вградување нов катализатор со повисок стандард. Сега со слична најава се огласува и министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изеири.

- Во Владата се разгледуваат сите опции за рестрикција на старите возила и откако ќе се анализираат сите околности ќе излеземе со конкретна информација за тоа кои ќе бидат насоките за ова прашање, ја пренесе телевизија Алсат М неговата изјава.

- Според непотврдени информации една од опциите е воведување обврска за вградување нов катализатор, кој би ја намалил емисијата на штетни гасови на ниво на стандардот Еуро 4.

- Како втора опција за отстранување од сообраќај на овие стари возила е да се даде временски рок до кога ќе може да се регистрираат, по кој веќе нема да се возат.

- Се шпекулира и за трета варијанта, а таа е ваквите автомобили да не можат да се возат во централните градски подрачја. Причината за евентуалното донесување на некоја ваква мерка е намалување на загадувањето на воздухот, во кое овие возила имаат голем придонес. (а беа увезени баш со спротивни аргументи, да се намалат загадувањата :facepalm:)

Пред четири и пол години се дозволи увоз на возила со стандард Еуро 2 под поволни услови и тогаш во земјата влегоа над 150.000 возила. Ова беше социјална мерка, која според анализите на Владата правени во јули и август годинава ја постигнала својата цел и нема потреба да продолжи.

Важечката регулатива предвидува возилата со Еуро 3 стандард на моторот да може да се увезуваат најдоцна до 30 јуни 2015 година, а веќе од 1 јули 2015 година увоз ќе биде возможен за возила со најмалку Еуро 4 стандард. Целта е на овој начин да дојде до повторна обнова на возниот парк на едно повисоко ниво.
 
Последно уредено од модератор:
Ф

Флеш

Гостин
Добра реклама, Gossip Кафич . кафе мора да е 200 денари :D
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.007
Поени од реакции
5.324
Обнова на возен парк.. Како со бедниве плати ? Или планираат да даваат поклончиња од по 2000евра? Дебили невидени
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Нема врска , пола од сожителите би останале без гољфови ! Се што се донесува до кратење на нивните слободи , бидете сигурни дека нема да се донесе ! Ова е трик од владата , демек ете можевме ама не ве по.....е , така да бидете задоволни со тоа и не мрсете за следните мерки !
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Прво нека укинат тоа давачките за увоз на еуро 4 коли, тоа би било добра мерка. Со досегашните закони увезуваш кола со еуро 2 плус сите останати трошоци ти искача ко да си купил еуро 4. И успат нека намалат цената за регистрација на возила.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Нема врска , пола од сожителите би останале без гољфови ! Се што се донесува до кратење на нивните слободи , бидете сигурни дека нема да се донесе ! Ова е трик од владата , демек ете можевме ама не ве по.....е , така да бидете задоволни со тоа и не мрсете за следните мерки !
Колку што струја и даноци плаќаат, толку и без гољфој ќе останат
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
А шо правиме со тоа што обожавам возила со Еуро 0 и мерак ми е да си ги возам?!
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
А шо правиме со тоа што обожавам возила со Еуро 0 и мерак ми е да си ги возам?!
Види вака слобода на мислење и права на избор , имаат право да имаат полноцени државјани на полноцени држави . Бидејки овде фалат и двата атрибути(полноцености де) за нас тоа не важи.
Сума сумарум , не сте Вие енглези па да ми возите олдтајмери , ке си возите голф 5 како секој нормален човек. А твојот тристач можеш да си го возиш по двор или у најдобар случај мегу Дражево и Старо Коњарево ;):) !
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Па кажаа на сител дека го повлекуваат предлог законот,што уште кревате галама?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Во маало најмалку 70% колите се на плин. Бензинци и дизели се многу помалку така да не верувам дека е ова ради колите. Пред да направат вакви забрани, треба да го подобрат протокот на возила на сообраќајниците, да ги санираат дупките побрзо (на пример 2 месеци беше потребно за 100м асфалт кај станицата рекорд), да направат клизно работно време и да го подобрат градскиот превоз.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.341
Поени од реакции
29.806
...и да го подобрат градскиот превоз.
Ова е најважно за решавање на сообраќајот. Ама не, овде ние се „препаметни„ за такви решенија -поважно е да правиме скапи и ретардирано непотребни панорамски тркала...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom