Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.322
Многу пишување и нема логика да се чита, па само ќе искоментирам на копираниот текст од @Некој_Си_Чорбаџија: Бог го одложува својот суд, зашто чека уште некои да се покајат и да се спасат!

Дали сите ќе чека тој Бог да се спасат, веќе родени, и оние што би се родиле?

И што ќе се случи ако тој Бог одлучи доста е Луѓе ме напиздивте, јас решив да ништам? Што ќе биде со оние што немале време ни простор за да се покајат заради овие или оние причини? Ние секогаш бараме причини нели...
Или пак веќе постои Закон и предодредени патеки, за кои ние не сме свесни, спремни од некој Бог, па што и да правиме, се знае дека ќе биде КРАЈ НА СВЕТОТ со идењето на некој си нов Месија?

Ова можеби ви нема врска со Зло, страдање и Правдина, но видете подорбо во прашањата!

П.С. Ова е ако постои бог... а ако не постои, се добива она Природата не е праведна но секогаш е точна, независна од мислењето и ставот на некој поединец, ниту пак од ставот на целото човештво :) А ако постои Бог, и тој е Се(што опфаќа и се што не е), тогаш бог е и природата, а бидејќи науката кажа се е Енергија, Бог е и тоа. А бидејќи и ние сме природа, и ние сме Бог. А ако мислите пак дека духовното е различно од она Се, се лажете. Сега вие видете дали има Зло или нема.
Сепак зависи како ви е поубаво на душата и колку разбира разумот.
Зависно од тоа како ќе си одговорите на прашањата погоре, ќе осознаете дека дали има зло или не, зависи од самите вас!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
E ајде бе? Сакаш да кажеш дека злото е само илузија?
Ај кажи ми дали ја заклучуваш вратата навечер? Дали го ставаш појасот во кола? Одиш на забар? Дали ги поддржуваш законите против педофилијата? Да? А зошто? Нели злото не постои и следствено на тоа не треба да се бориме со такви работи?

Прво велиш: доброто и злото не одат одвоено, а потоа: вистински не постојат.???
И Бог е совршен, па затоа сум уверена дека Тој во своето совршенство го гледа светов како даааалеку од... па совршен.

Злото е само расипување на доброто. Злото само по себе не може да постои. Доброто може. => Дуализмот е неточен.
:)
Игор објасни веќе дека под добро не подразбирам Универзално сочувство, а јас тоа уште го нарекувам просветление, натсвест или едно со Бог. Тоа е единственото нешто што вистински постои и кое ние свесно одбиваме да не го видиме, го гледаме само она што привидно постои - дуализмот, а може да се рече дека дуалноста постои реално, но не и вистинито. Како во сон сме, ако сонуваш нешто страшно може многу да се исплашиш па и да умреш од страв иако тоа не е вистинито, но си го перцепирал ко реално. :)
Вистински, постои само безвременскиот момент на совршена убавина кој, за среќа или несреќа, не се постигнува со негово рационално објаснување.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Злото е само расипување на доброто. Злото само по себе не може да постои. Доброто може. => Дуализмот е неточен.
„Добро“ и „зло“ се термини кои ги измислил човекот. Во природата не постојат. Таму и бог, каков што ти го опишуваш по формумов, не постои.
Таквиот бог, го има само во нашите од-природата-скршнати-умови забегани со терминологијата добро-зло.
Не постои добро или лошо животно или добро или лошо растение, или камен. Нели?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Sve sto dopusta Bog za istoto ne mrda so prst po toa se gleda kolku e dobar!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Sto ke mu se lutam jas ne mozam ni rakava da ja diignam bez negova volja.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Се замислив себеси на местото на некој несреќник, било кој, што живеел пред 1000 години. Колку ли му било тешко додека живеел, уште го исмевале, измислувале вицеви на негова сметка, но гледано од сега денес, голема работа, било па поминало... За се има крај, освен за она што нема почеток.
Ама ова егово не се дава, ко матрикс е :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.855
Поени од реакции
12.394
Ај пак да се повторам (прашање/констатација), интересно е оние кои не веруваат во Бог да Го обвинуваат за злото во светот...или веруваат само колку да имаат дежурен виновник :)
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Хахахах богами не се дава.
Само една работа (верувам ја знаеш) ама ај да спомнам и за другите , немој да се бориш со него и немој да го осудуваш.
Нека си тера , терај си и Ти .:)

--- надополнето ---

Се замислив себеси на местото на некој несреќник, било кој, што живеел пред 1000 години. Колку ли му било тешко додека живеел, уште го исмевале, измислувале вицеви на негова сметка, но гледано од сега денес, голема работа, било па поминало... За се има крај, освен за она што нема почеток.
Ама ова егово не се дава, ко матрикс е :)
Хахахах богами не се дава.
Само една работа (верувам ја знаеш) ама ај да спомнам и за другите , немој да се бориш со него и немој да го осудуваш.
Нека си тера , терај си и Ти .
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Bog go obvinuvam od vasa perspektiva oti ako se loso e visa sila to est delo na Bog togas Bog e los a koga ne veruvam vo nego vikam svetot e zlo!!
 
Стејси

King's Daughter
Член од
11 август 2010
Мислења
34
Поени од реакции
6
Лелеле
А зошто пак не обратно ... ако веќе постои рај и пекол де ..

зошто не .. Пеколот посоти затоа шо злото само по себе може да опстои, Рајот пак постои затоа шо постои Пекол, ако немало Пекол ќе немало и Рај ...
Факт: Ако едното постои постои и другото, без разлика кое од нив, односно ако веќе постојат, постојат и двете, се дополнуваат, неможат едно без друго .. Крај!
Ќе се разбереме ние двајца... евентуално. :smir:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Ај пак да се повторам (прашање/констатација), интересно е оние кои не веруваат во Бог да Го обвинуваат за злото во светот...или веруваат само колку да имаат дежурен виновник :)
Или си имаат нерешен проблем со рушењето на таткото како авторитет низ социјализацијата(една од причините).
 
Стејси

King's Daughter
Член од
11 август 2010
Мислења
34
Поени од реакции
6
„Добро“ и „зло“ се термини кои ги измислил човекот. Во природата не постојат. Таму и бог, каков што ти го опишуваш по формумов, не постои.
Таквиот бог, го има само во нашите од-природата-скршнати-умови забегани со терминологијата добро-зло.
Не постои добро или лошо животно или добро или лошо растение, или камен. Нели?
Па што е тогаш поентава на нашава дискусија? Ако нема зло, тогаш престанете да го обвинувате БОГ за тоа и идете живејте си идилични и просветлени животи, ама сепак, заклучете ја вратата пред да идете на спиење.

Значи ако не постои зло во природата тогаш ураганите, цунамите и земјотресите се супер! Да сте ми живи и здрави!

Се дури се споредувате со животни (иако според вашата еволуција треба да се понапредни од нив нели?) ќе живеете како нив. Со затапена совест, без Бог, реагирајќи само инстиктивно и притоа промашувајќи ја убавината на тоа да се биде човек кој сноси одговорност и всушност разбира што се случува околу него.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Тоа што не сакаш или неможеш да го разбереш е дека злото постои, но од индивидуално гледиште, а не од апсолутно, што значи дека непостои едно нешто кое е зло за сите живи суштества! Злото е термин кој го перцепираат луѓето, тоа што е зло за мене, за некој друг не е! Тоа што е добро за тебе, за некој или нешто друго не е!
Не е потребно да верувам во имагинарни суштества за да имам совест! Кога јас некого сакам, почитувам и му помагам не го правам тоа за да задоволам некој самобендисан нарцис со цел да не ме казнува и мачи кога ќе умрам, туку го правам тоа заради луѓето кој ги почитувам и заради мене! Го правам тоа затоа што е моја воља!
Како може да кажеш дека ураганите и цунамите се зло?! Тие се процеси во природата неутрални и независни од нас! Дури и да не нема нас на планетата тие ќе постојат! Втора работа во врска со ова, не е ли тогаш богот во кој веруваш зол? Нели ураганите се зло, а тие се дело на бог според тебе?
За да бидеш човек и да разбираш што се случува околу тебе, потребно е понекогаш да погледнеш и од нечив друг агол а не само од сопствениот! Затапеноста е неспособност да се согледаат гледиштата на останатите, а не да се признае дека ние сме дел од природата и дел од животните!
 
Штрудл

од раѓање ме викат злоба
Член од
6 април 2010
Мислења
40
Поени од реакции
4
Бог не допушта зло. Бог допушта фри вил. Значи ако сакаш да правиш зло, прави....ама после мендра.

Не дека верувам у некој бог, ама верувам во некоја натприродна сила.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom