Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

C

Cool Hand Luke

Гостин
Дозволува зло за да се калиме, преиспитуваме, па и страдаме и пцуеме малку по него и наоколу... за да дознаеме што е добро мора да знаеме што е и лошо, за да не остане злото притаено и никогаш да не го искусиме а на некој начин уште повеќе да му се плашиме. Некогаш се случуваат стварно страшни работи за кои немаме збор но не вреди да се губи глава. Едноставно, знај дека телесното е минливо, и имаш бесмртен и неуништив дух за кого еден ден секое доживеано искуство ќе биде богатство плус. Јебига, мора да се верува во ова.
 
allahov_rob

لا اله الا الله محمد رسول
Член од
7 мај 2009
Мислења
728
Поени од реакции
12
Лично, напросто уживам и ги прифаќам сите тие „контрадикции„ во мојата вера, заснована на Светото Писмо. Ништо, ниту една од тие контрадикции не ми чини никакво зло и немам потреба да се најдам себе си измамен од сите тие „контрадикции„ (50 000 беа, така?). Мојата намера ни оддаелку не е да си го трошам времето, наоѓајќи контрадикции во Куранот, оти таква тема веќе постои на форумов и на таа тема беа посочени подоста такви курански места, па исламските верници се впуштија во толкувања на тие забелшки во стилот „..не бе, не си во право, така ти се чини, а точното толкување на тој ајет или сура не е такво, туку вакво...„“. Сакам моето време да го трошам на уште подетално и поопширно запознавање на мојата вера. Мојата вера е учење кое може се операционализира и да даде мерлив резултат-каква е верата, такви се и делата од таа вера.

se najubavo se gledame inshallah na sudniot den :D
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Едно време и јас бев голем верник,али тогаш бев мала,и појма немав за животот околу мене.Како растев,сфатив дека Господ не постои,токму поради ова прашање.Според мене сите тие субјективни појави се дело на природата со цел да се појави еден баланс,да разликуваме чувства,исто како и Јинг и Јанг.Ако цел живот сме биле среќни,а да незнаеме за тага,дали ние би биле живи?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Едно време и јас бев голем верник,али тогаш бев мала,и појма немав за животот околу мене.Како растев,сфатив дека Господ не постои,токму поради ова прашање.
Јас па обратно, ко мал сметав дека тоа е измислица од типот на дедо Мраз, но понатаму сфатив дека мора да има нешто над се. А зошто мислиш дека ако има страдање нема Господ? :) Господ не се меша затоа што би одел против своите веќе поставени закони како и што самата напиша, само бидејќи ти не веруваш во него, ок.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Едно време и јас бев голем верник,али тогаш бев мала,и појма немав за животот околу мене.Како растев,сфатив дека Господ не постои,токму поради ова прашање.Според мене сите тие субјективни појави се дело на природата со цел да се појави еден баланс,да разликуваме чувства,исто како и Јинг и Јанг.Ако цел живот сме биле среќни,а да незнаеме за тага,дали ние би биле живи?
Во право си за јин-јанг, дуализмот е основа на се...
Ако е само среќа ќе има инфлација...
Но природните законитости се сосема доволни за еден здрав нормален и среќен живот.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Јас па обратно, ко мал сметав дека тоа е измислица од типот на дедо Мраз, но понатаму сфатив дека мора да има нешто над се. А зошто мислиш дека ако има страдање нема Господ? :) Господ не се меша затоа што би одел против своите веќе поставени закони како и што самата напиша, само бидејќи ти не веруваш во него, ок.
А зошто мислиш дека некоја виша сила делува за ние да бидеме несреќни?Сами си ја кроиме судбината,каква врска има господ со мојот живот,мајка ми ме родила,живеам просечно,студирам,што има тука толку неверојатно,еден живот повеќе на планетата.Пак ќе повторам,за се е заслужна природата,како што има кај животните природна селекција,така и кај луѓето,најсилниот преживува,ако си мекуш,отиде.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во право си за јин-јанг, дуализмот е основа на се...
Ако е само среќа ќе има инфлација...
Но природните законитости се сосема доволни за еден здрав нормален и среќен живот.
Живо ме „занима„ како влијаат, на пример, гравитацијата и термодинамиката врз твојот среќен живот? Ама онака, да го смислиш одговорот со „своја глава„, нормално...

se najubavo se gledame inshallah na sudniot den :D

„...христијански крај на нашиот живот: безболен, непосрамен и мирен, и ДОБАР ОДГОВОР на СТРАШНИОТ ХРИСТОВ СУД, просиме...„, вели Црквата пред крајот од секоја литургија.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А што има во гравитација и термодинамика што некој го унесреќува?
Тие се едни од законитостите кои го прават животот можен, а оттаму до среќата треба само да се користи она што ни е дадено (умот, телото...да и телото - не е од ѓаоло...) и да не се штети на друг...
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Живо ме „занима„ како влијаат, на пример, гравитацијата и термодинамиката врз твојот среќен живот? Ама онака, да го смислиш одговорот со „своја глава„, нормално...
Па ако си учел физика,т.е биофизика(каде се учи за гравитација) и бихемија ќе знаеш.Целиот живот на луѓето е заснован врз хемиски реакции,ензими,хормони,тие испраќаат сигнали до мозокот,што се одразува на твоите психички и физички дејствија.
Адреналин се лачи кога чувствуваш страв,возбуда,тестостеронот те прави да ѕиркаш под женски сукњи (што и делува на твојата среќа) итн.
А самата физика,делува да ти постоиш,како живо битие на оваа планета,да немаше гравитација и магнетни сили,можда ќе бевме некои други форми на живот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во право си за јин-јанг, дуализмот е основа на се...
Ако е само среќа ќе има инфлација...
Но природните законитости се сосема доволни за еден здрав нормален и среќен живот.
А што има во гравитација и термодинамика што некој го унесреќува?
Тие се едни од законитостите кои го прават животот можен, а оттаму до среќата треба само да се користи она што ни е дадено (умот, телото...да и телото - не е од ѓаоло...) и да не се штети на друг...
Препрочитај го болтуваното од ТВОЈОТ пост. Гравитацијата и термодинамиката СЕ природни закони, а не закони на човековата фантазија. Затоа и очекувам одговор од тебе-како може тоталниот распад на Вселената да ме чини среќен?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
А зошто мислиш дека некоја виша сила делува за ние да бидеме несреќни?Сами си ја кроиме судбината,каква врска има господ со мојот живот,мајка ми ме родила,живеам просечно,студирам,што има тука толку неверојатно,еден живот повеќе на планетата.Пак ќе повторам,за се е заслужна природата,како што има кај животните природна селекција,така и кај луѓето,најсилниот преживува,ако си мекуш,отиде.
Не делува тој лично, само неговите закони. И точно, по нив, на овој или оној начин пред се самите се казнуваме, во зависност од нашата лична перцепција на истите. Само по тебе тоа се несвесни закони на природата, а јас сметам дека треба свесно битие за нив. :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па ако си учел физика,т.е биофизика(каде се учи за гравитација) и бихемија ќе знаеш.Целиот живот на луѓето е заснован врз хемиски реакции,ензими,хормони,тие испраќаат сигнали до мозокот,што се одразува на твоите психички и физички дејствија.
Адреналин се лачи кога чувствуваш страв,возбуда,тестостеронот те прави да ѕиркаш под женски сукњи (што и делува на твојата среќа) итн.
А самата физика,делува да ти постоиш,како живо битие на оваа планета,да немаше гравитација и магнетни сили,можда ќе бевме некои други форми на живот.

Ето, видите, ова е уште еден обид за чисто физичко-хемиско толкување на животот, а не на животот како дар Божји.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Ето, видите, ова е уште еден обид за чисто физичко-хемиско толкување на животот, а не на животот како дар Божји.
Па тебе господ те родил???Или од мајка ти излезе,ти си таков каков што си благодарение на гените на твоите родители.Претпоставувам биологијата не ти бил омилен предмет,па да дознаеш како си настанал и како фунционираш како човек.И не се обидов да ти протолкувам туку да ти појаснам врз основа на докажани факти,а не религиозни теории.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Па тебе господ те родил???Или од мајка ти излезе,ти си таков каков што си благодарение на гените на твоите родители.Претпоставувам биологијата не ти бил омилен предмет,па да дознаеш како си настанал и како фунционираш како човек.И не се обидов да ти протолкувам туку да ти појаснам врз основа на докажани факти,а не религиозни теории.
Извини што се вмешувам, ама гледам дека ја владееш науката, па затоа би сакал да ми одговориш (доколку е научно докажано) што е постаро јајцето или кокошката и зошто, или како е настаната кокошката (доколку е постара) или јајцето (доколку е постаро) ?:helou:
 
Го пишувам тоа што го знам и тоа што го имам учено,а за јајцето и кокошката секој си има свои теории,твое е како ќе го сфатиш,мислам дека има и тема за тоа,читај таму.:wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom