Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

K

kat.<3

Гостин
сите нешта што ги страдам ме изградуваат и направиле да бидам она што сум сега, тоа е се што ни треба да знаеме. Бог знае зошто ги прави нештата да се случат!
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Напишано од Raziel
Во религијата,ако се отфрли Новиот Завет(оти е,нели,догма),нема да постои црквата како институција,а со тоа крштевањето,обредите за време на празниците и погребите ќе бидат прашање на избор,а не на норма и обичај.
Она што треба да се разбере е дека догмата е институционализирана.Судот се раководи по догма.Црквата исто.
Без неа,без зацртан систем на правила кои се вкоренети,ниту една од монотеистичките форми на верување немало да опстои.Нивната апсурдност би ги впила во самите себе.
Здраво Разиел, морам да признаам воглавном се согласувам дека без систем на правила не би постоела ниедна институција, без закони не би постоела државата па ни редот во неа.
Сепак сметам дека догмата е отстранета во денешни времиња и нема потреба да се отфрла новиот завет а еве и зошто....затоа што ако се навратиме назад во минатото ќе заклучиме дека сите граѓани на една држава морале да бидат верници и морале да се поклонуваа на свештениците, како им наложувала црквата тие така и живееле, црквата се дрзнувала да се меша и во приватниот живот на верниците дури и во спалните им влегувала што се вика со тоа што им наложувала коклу деца да имаат, денес граѓаните имаат избор дали ќе бидат верници или нема да бидат верници, дали ќе одат во црква ќе палат свеќи ли нема да одат во црква, дали ќе прават крштевка или нема да прават крштевка за своите деца, венчавањето во црква е исто така прашање на свој привтен личен избор, црквата нема право да им наложи на граѓаните на државата да мора да се венчаат во црква, порано со самото венчавање пред поп се сметало дека бракот бил склучен немало потреба од склучување на брак пред матичар таканаречен граѓански брак, туку бракот бил склучуван пред свештено лице, значи повторно прашање на личен избор, обредите за време на празниците се исто така прашање на личен избор, на велигден кој сака вапцува јајца кој нејке не вапцува, кој сака го слави Божиќ кој не не итн, погребите се извршуваат во присуство на свештено лице или во отсуство на свештено лице повторно личен избор.
Не ја бранам црквата како институција, но сакам да разграничам некои поими, црквата и сите нејзините великодостојници како и сите дејности добри или лоши нужно треба да се диференцираат од христијанските верници, христијанската религија, и христијаните воопшто.
Напишано од Филозофка
инаку јас под генерализација можам да сметам ставање под ист кош на сите верници и злосторствата на владетелот Пјеро Медичи и папата Александар Борџија во ренесансниот век, спалувањето на клада на бунтовниците од страна на папата не наложува вина на сите христијански верници, апсурдно е да се помисли дека злосторствата на црквените органи воопшто некогаш би можеле да се линкуваат со христијанската вера
Напишано од Raziel
Либерален систем?Се надевам дека не живееме под камен.
Општеството денес не е ништо повеќе либерално од тоа во средниот век.Кога претседател на држава решава да нападне друга држава без согласност на ОН и да не сноси последици,можеме комотно да гледаме на либерализмот како мисловна именка.

Разликата е во тоа дека денес лото можеме да добиеме преку игрите на среќа,а не преку црквата.Своевремено,црквата издавала памфлети во кои им давала благослов на верниците и ги наградувала со божја прошка,а за возврат барала само...пари.Со вековите,се реорганизирала нивната тортура,па денес работат преку подземјето,со дрога и бело робје,а нормалниот приход(неплаќањето на данок,осветувањето,погребите) ги одржуваат во сила и полет.
Кој би се осмелил да изгуби привилегии за сметка на либерализам?Па ако постои либерализам,луѓето ќе треба да имаат опција дали сакаат данокот за црквата тие да го плаќаат,исто како што МТВ собира пари од луѓето кои обично тие пари не и ги даваат.Потоа,треба да го откаже крштевањето како морален чин и спас на душата,без кое детето ќе гори во црни пеколишта,па со тоа луѓето ќе го изгубат стравот од догматското: "Или ние,или пеколот" и ќе нема толкав интерес за бањање деца во врела вода.
Земаат пари за гроб,за посета по куќи,за свеќи,за ова,за она...без догма нема да преживеат едни од најголемите (денешни) финансиски и идеолошки тирани,кои такви бог очигледно им допушта да бидат.
Тимот кој победува,не се менува.Во овој случај,победата е над умот на она што треба да порасне во индивидуалец.
Точно не живееме во камено време, но не живееме ниту во среден век:)
црквата денес не собира даноци како што тоа го правела во средниот век, се согласувам со напишаното дека црквените великодостојници би можеле да бидат вмешани во некој криминогени активности, НО! повторно ќе нагласам нужно е да направиме разлика помеѓу христијанксите верници, црквата и верата, Бог рекол: "Секој има своја црква длабоко во своето срце".
Јас лично како верник не морам да одам во црква за да ја докажам мојата вера, верата не се докажува на зборови, туку на дела, тука има и една прикаска за таткото и синовите...Си бил еден татко и ги замолил синовите да појдат на лозјето да работат, едниот син му рекол Добро татко ќе појдам, но не отишол да работи-зборови, другиот син му рекол Не татко не сакам да одам,но сепак отишол и го ископал лозјето -дела.
Напишано од Raziel
Oкеј,ова се веќе небулози.Бог,според книжулчето,си има план и тој план не го менува.Имам еден пост поназад кој го објаснува тоа.Ниту една молитва нема да го скршне божјиот пат и божјата волја.Се молела ти или не за мир во светот,бог можеби решил да има војна во Северна Кореја.Ако нема војна,ќе речеш фала ти боже.Ако има-нека биде волјата твоја,нека биде царството твое,нека биде оризот добар и посевот успешен и бла.
Yada yada yada...
Токму така:)
Бог никогаш не отстапува од Големиот План.
А што се однесува до репликата упатена од тебе кон буцио само ќе искоментирам дека потребно е да покажеш малку поголема верска толеранција, сепак споредбата на човечката душа и тело со софтверот и хардверот на компјутерот беше уникатна.поздрав до тебе:)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Aнасана!!
Постои душата како таква,и во неа е бог,така?
Значи бог ги создава сите патокази преку кои душата ќе олицетворува преку телото.Во тој случај,ако бог е маневраторот и е семоќен,зошто предодредува фалшивост?Зошто неговите креации повеќе флуктуираат одошто одат по одреден пат,па тој мора да ги деинсталира?
За пример?Ако е за пример,тогаш бог е криминалец,бидејќи имаме многу примери на делитирани програми кои сеуште незнаат за себе дека се програми и ништо не згрешиле па да го поебат системот како таков.бог е лош програмер,или неодлучен суперкомпјутер кој брише и делитира нешто за кое ни самиот не го знае исходот...или пак,е дете кое не е свесно за своите постапки и си игра со кукличките.
Ако не е за пример,туку причина е слободната волја вметната во секој програм,тогаш тој бог не е семоќен бидејќи незнае како во иднина таа слободна волја ќе се манифестира,па да ја спречи своевремено.Убиствата,кражбите и силувањата се сосема вообичаени работи во нашето општество.А семоќен бог со љубов кон своите деца не дозволува да се однесува кон нив како кон потенцијални преносители на вирус и да ги брише,или пак да амнестира програми со повеќе од еден вирус во себе.
Савле станал Павле,Петко станал Трајко.Убиец еднаш-убиец засекогаш.Вашата вера ја прошири човек со крв на својата свест.
Соочи се.



Свесен ли си што напиша?
Те цитирам оти у основа не напиша ништо асално,па чисто да си кажам.
Значи бог во нас всадил мини чип кој нашите делувања може да ги минира преку сериозни телесни последици?Ако е така,за кој лев тестис воопшто креирал луѓе кои знаел(семоќен е нели) дека ќе заебат работа?
За забава?

Што ако твоето дете утре умре од менингитис?Ќе се осмелиш ли да кажеш дека му изгорела графичката?Дека му рикнал хардот?Ќе ставиш ли смајли после тоа?Или ќе си кажеш на себе дека сигурно детето ќе било дрогираш или убиец,па ај заеби,ќе напраиш уште едно...

Ајде де пишав нешто што луѓето можат да се поврзат со тоа и разберат, за да не запнете догма, карма, бајки глупости. Без нервози, знаев дека ќе срушам нечии стабилни податоци и очекував ваква реакција, ама без нервози :smir:.

За болдираното убиствата, кражбите и силувањата не се вообичаено нормални во нашево опшество. Така ти се чини затоа што гледаш премногу вести на нашиве телевизии кои што никнаа како печурки после дожд, и нивниот профит го заработуваат креирајќи масовна хистерија од туѓите несреќи и мизерија. Не велам дека нема лоши работи во овај свет, ама земи ја за пример СИТЕЛ телевизија, владина телевизија е по дифолт треба да фали, црното да го прави бело, колку добри вести има на нејзе а колку лоши?
И на крај краева колку ти реално познаваш силеџии, убијци и арамии и со колку од нив имаш направено муабет за такво нешто? :smir:

Бог е криминалец, од кај го изваде ова, или дете :pos::pos::pos:.
Тоа дека постојат делетирани програми без причина тешко да помине, за се има причина буквално за се, тоа што човек не може да си го објасни не значи дека нема причина. Ова од искуство го знам.

Човековата душа не е чип, софтвер е програма, и оваа споредба ја напишав за да луѓево полесно да ја разберат. Да не се повторувам сега мислам дека е доволно јасно.


Судбина не постои сами си ја пишуваме свесно или несвесно, а болестите ги разрешуваме во од, порано колерата харала низ Европа, а денес ја нема. До пред 50 години маларијата во Малезија убивала со илјадници, а денес Малезија е напредна просперитетна земја. Така да се со време бидува.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Кој е ѓаволот? Лошиот син на добриот Бог?-Сократ.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
сите нешта што ги страдам ме изградуваат и направиле да бидам она што сум сега, тоа е се што ни треба да знаеме. Бог знае зошто ги прави нештата да се случат!
Кога ќе сфатиме дека СЕ не води кон запознавање на светото и духовното, нема да можеме да изгубиме. - Мајкл Скот Пек
:helou:
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
сите нешта што ги страдам ме изградуваат и направиле да бидам она што сум сега, тоа е се што ни треба да знаеме. Бог знае зошто ги прави нештата да се случат!
А што тогаш кога поради сите тие нешта што ги страдаш стануваш нешто што не би можело да се нарече добро,туку е лошо,грдо,погрешно?

Дали Господ го сака тоа и ако го сака зошто?Или грешката е во тебе што не си доволно силна,па попушташ под притисок и лесно се деформираш?

По некоја логика,нормално е да се скрши или да пукни вербата кај секој кој претрпува огромни страдања и трагедии,не се потребни такви тестови.И што ако успееш да ги поминеш тестовите,ако и покрај се ја задржеш вербата, следува награда или казна?Зашто сведоци сме дека на овој свет убаво живеат само злосторниците,неврниците,а ако награда или казна следува само по смртта барем да се нагласи во Библијата дека на овој свет врениците не траба да очекуваат правда.

Верник сум,ама некои работи ич не ми се јасни,а имам чувство дека и многумина што веруваат не се начисто за вакви работи.Бог плаќа навистина,и ако да,кога?Оти ако на некој добар ми се случи нешто добро,тогаш Господ го наградил,ако е лошо нема објаснение или Господ ја искушува неговата верба во него.Ако некој лош човек доживее нешто лошо,казнет е,ако е пак добро казната следува подоцна...некако ми е....
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Религијата е создадена од човекот, човекот не е совршен па ни религијата не е совршена. Верата не ја создал човекот, затоа таа секогаш ќе е нешто над човекот. Бог е само другото име за верата, тоа е уствари она што го проповеда религијата.

Верата не прави да страдаме ние, ние самите правиме да страдаме, а со верата само можеме да си помигниме да го нема страданието.

Тоа е она што сакаат да го кажат сите религии, сите богови и слично.

Имај вера.
 

allahov_rob

لا اله الا الله محمد رسول
Член од
7 мај 2009
Мислења
728
Поени од реакции
12
А што тогаш кога поради сите тие нешта што ги страдаш стануваш нешто што не би можело да се нарече добро,туку е лошо,грдо,погрешно?

Дали Господ го сака тоа и ако го сака зошто?Или грешката е во тебе што не си доволно силна,па попушташ под притисок и лесно се деформираш?

По некоја логика,нормално е да се скрши или да пукни вербата кај секој кој претрпува огромни страдања и трагедии,не се потребни такви тестови.И што ако успееш да ги поминеш тестовите,ако и покрај се ја задржеш вербата, следува награда или казна?Зашто сведоци сме дека на овој свет убаво живеат само злосторниците,неврниците,а ако награда или казна следува само по смртта барем да се нагласи во Библијата дека на овој свет врениците не траба да очекуваат правда.

Верник сум,ама некои работи ич не ми се јасни,а имам чувство дека и многумина што веруваат не се начисто за вакви работи.Бог плаќа навистина,и ако да,кога?Оти ако на некој добар ми се случи нешто добро,тогаш Господ го наградил,ако е лошо нема објаснение или Господ ја искушува неговата верба во него.Ако некој лош човек доживее нешто лошо,казнет е,ако е пак добро казната следува подоцна...некако ми е....

Se gleda deka ne ti e jasno no ke se obidam da ti pojasnam.....

Sto ti podrazbiras pod "ubav zivot"....

Da imas soba polna so pari?Skapi koli?Da pagaat u nesvest koga ke se pojavis nekade?Da napravis kup loshi raboti i site da ti gledaat megu prsti?....definitivno ne.

Sosema ti e dovolno ako si svesna i svesno veruvas deka SOVISHNIOT postoi,i deka ako te fati nekoja nepozelna situacija deka ne treba da go svatis toa kako kazna tuku kako iskusenie kade si stavena vo test za da vidi SEVISHNIOT vo taa dadena situacija ako ke reagiras....

A ona gore sto go navedov t.e takvite pred se ne se svesni deka se toa sto go imaat i poseduvaat e se so rok....nisto od toa na sudniot den nema da im pomogne tuku ke treba da odgovaraat za sekoj potrosen denar kako i go zarabotil...golema obvrska e toa


Definitivno ubav zivot e da se ima verba vo bog,i da si zadovolen so ona sto go imas,nadevajki se na negovata celosna milost na finalnata destinacija
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Mislam deka taa sakse da kaze deka kolku i da veruvas vo boga sekogas losiot zivee dobro a dobriot sekogas pretrpuva kazni...Se soglasuvam so neze za se sto napisa vo toj post.
 
K

kat.<3

Гостин
А што тогаш кога поради сите тие нешта што ги страдаш стануваш нешто што не би можело да се нарече добро,туку е лошо,грдо,погрешно?

Дали Господ го сака тоа и ако го сака зошто?Или грешката е во тебе што не си доволно силна,па попушташ под притисок и лесно се деформираш?

По некоја логика,нормално е да се скрши или да пукни вербата кај секој кој претрпува огромни страдања и трагедии,не се потребни такви тестови.И што ако успееш да ги поминеш тестовите,ако и покрај се ја задржеш вербата, следува награда или казна?Зашто сведоци сме дека на овој свет убаво живеат само злосторниците,неврниците,а ако награда или казна следува само по смртта барем да се нагласи во Библијата дека на овој свет врениците не траба да очекуваат правда.

Верник сум,ама некои работи ич не ми се јасни,а имам чувство дека и многумина што веруваат не се начисто за вакви работи.Бог плаќа навистина,и ако да,кога?Оти ако на некој добар ми се случи нешто добро,тогаш Господ го наградил,ако е лошо нема објаснение или Господ ја искушува неговата верба во него.Ако некој лош човек доживее нешто лошо,казнет е,ако е пак добро казната следува подоцна...некако ми е....
Јас не сум станала тоа што кажуваш, ни моите блиски што имаат вера во Бог. СЛАВА НА БОГА.
Па ајде, ќе станеш злосторник за да живееш убаво?
Правдата Божја за верниците и тоа како се случува на земјава, не после животот. Бог не плаќа, ако ти одлучиш да правиш лошо и да чекориш по лош пат, сам се казнуваш себеси. Бог ти дал на тебе слободна волја да одлучиш, на лево ли ќе одиш или на десно?
Одлуката е на тебе, и исходот зависи од тебе. Бог суди секогаш праведно, и ги сака и се грижи за своите мали.
Дали они го сакаат и се грижат за Него, со милост и љубов?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Злосторниците и неверниците (не мислам на сите атеисти) не живеат среќно, само си приуштиле некои задоволства плус.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
А кого го казнил Бог воопшто кого го наградил????? Никого само бла бла зборувања без врска за нешто што не постои
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
, верникот кој што не е способен да се прехрани е нормално да бара од Бог да му помогне и да му пружи рака, неговата работа е премалку платена, а не е квалифициран за подобро работно место, неговиот распон на интелегенција ќе бара добивка на овој или оној начин, зошто тоа да не биде лото?

Ако тоа се случи ќе го толкува како дело на Бога, иако некои други сили имаат многу подробно објаснување за работите, како херметизмот на пример, но во тоа не сакам да навлегувам.
Тоа не го прави примерот недоволен, туку само обичен за да биде лесно разбран.




Тоа што ти не веруваш во Бог автоматски секое дејствие на православниот верник го ставаш како заостанато, примитивно со одредена доза на атеистичка иронија која на атеистите им е толку слатка што ја поседуваат потпирајки се на својот човечки интелект кој го сместуваат над божјиот. Тоа што бара помош од бога не е ни малку за потценување иако го прави на еден попрост обичен начин всушност во соодност со неговиот интелект и не мора да се чудиме и во големи атеистички општества има куп луге што им приогаат на нештата на глуп начин иако во случајов но неговата молитва не е помалку вредна од некој голем интелектуалец научник или харизматичен човек.
да се вратам на темава... Сето зло човекот го прави самиот се повредува и самиот си штети и следствено на тоа страдањето и болката се неминовни како што рече нашето познато добро црно пиле Калимеро Е нема правда- јас би додала не на овој свет зошто вистинската правда допрва следи.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Сите ние сме исполнети со страсти, сите ние сме горди, сите сме самољубиви, но сепак постои огромна разлика меѓу луѓето. Каква? Едните го гледаат тоа во себе и се борат со себе(верници), а другите не го гледаат и не сакаат да го видат(атеисти). Произлегува дека со позитивното (катафатично) учење за Бога на човекот му се даваат вистински критериуми, мерила со помош на кои тој може правилно да се оцени самиот себеси, доколку навистина сака да верува во Бога. Се разбира, тој може и да го мрази својот брат, но тогаш, ако неговата совест сè уште не е сосема согорена и ако неговиот ум не е помрачен, тој може да разбере во каква демонска состојба се наоѓа.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.233
Поени од реакции
338
Дали уопште знаете колку веру и верувања има на овој свет? Никој не знае, и сметајте сега секој има различни верувања,богови,преданиа,закони. Според глупиот закон за вероисповед или незнам точно како е наречен секој има право да верува во тоа што сака ТАКА? Епа ако секој оди по своите верски верувања знаете што ке се случи во овој свет? Хаос т.е. кој шо сака тоа ќе прави. (ЗА ТИЕ ШО МЕ РАЗБРАА ЗА ДРУГИТЕ--Глупи Сте)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom