K
kat.<3
Гостин
сите нешта што ги страдам ме изградуваат и направиле да бидам она што сум сега, тоа е се што ни треба да знаеме. Бог знае зошто ги прави нештата да се случат!
Здраво Разиел, морам да признаам воглавном се согласувам дека без систем на правила не би постоела ниедна институција, без закони не би постоела државата па ни редот во неа.Напишано од Raziel
Во религијата,ако се отфрли Новиот Завет(оти е,нели,догма),нема да постои црквата како институција,а со тоа крштевањето,обредите за време на празниците и погребите ќе бидат прашање на избор,а не на норма и обичај.
Она што треба да се разбере е дека догмата е институционализирана.Судот се раководи по догма.Црквата исто.
Без неа,без зацртан систем на правила кои се вкоренети,ниту една од монотеистичките форми на верување немало да опстои.Нивната апсурдност би ги впила во самите себе.
Напишано од Филозофка
инаку јас под генерализација можам да сметам ставање под ист кош на сите верници и злосторствата на владетелот Пјеро Медичи и папата Александар Борџија во ренесансниот век, спалувањето на клада на бунтовниците од страна на папата не наложува вина на сите христијански верници, апсурдно е да се помисли дека злосторствата на црквените органи воопшто некогаш би можеле да се линкуваат со христијанската вера
Точно не живееме во камено време, но не живееме ниту во среден векНапишано од Raziel
Либерален систем?Се надевам дека не живееме под камен.
Општеството денес не е ништо повеќе либерално од тоа во средниот век.Кога претседател на држава решава да нападне друга држава без согласност на ОН и да не сноси последици,можеме комотно да гледаме на либерализмот како мисловна именка.
Разликата е во тоа дека денес лото можеме да добиеме преку игрите на среќа,а не преку црквата.Своевремено,црквата издавала памфлети во кои им давала благослов на верниците и ги наградувала со божја прошка,а за возврат барала само...пари.Со вековите,се реорганизирала нивната тортура,па денес работат преку подземјето,со дрога и бело робје,а нормалниот приход(неплаќањето на данок,осветувањето,погребите) ги одржуваат во сила и полет.
Кој би се осмелил да изгуби привилегии за сметка на либерализам?Па ако постои либерализам,луѓето ќе треба да имаат опција дали сакаат данокот за црквата тие да го плаќаат,исто како што МТВ собира пари од луѓето кои обично тие пари не и ги даваат.Потоа,треба да го откаже крштевањето како морален чин и спас на душата,без кое детето ќе гори во црни пеколишта,па со тоа луѓето ќе го изгубат стравот од догматското: "Или ние,или пеколот" и ќе нема толкав интерес за бањање деца во врела вода.
Земаат пари за гроб,за посета по куќи,за свеќи,за ова,за она...без догма нема да преживеат едни од најголемите (денешни) финансиски и идеолошки тирани,кои такви бог очигледно им допушта да бидат.
Тимот кој победува,не се менува.Во овој случај,победата е над умот на она што треба да порасне во индивидуалец.
Токму такаНапишано од Raziel
Oкеј,ова се веќе небулози.Бог,според книжулчето,си има план и тој план не го менува.Имам еден пост поназад кој го објаснува тоа.Ниту една молитва нема да го скршне божјиот пат и божјата волја.Се молела ти или не за мир во светот,бог можеби решил да има војна во Северна Кореја.Ако нема војна,ќе речеш фала ти боже.Ако има-нека биде волјата твоја,нека биде царството твое,нека биде оризот добар и посевот успешен и бла.
Yada yada yada...
Aнасана!!
Постои душата како таква,и во неа е бог,така?
Значи бог ги создава сите патокази преку кои душата ќе олицетворува преку телото.Во тој случај,ако бог е маневраторот и е семоќен,зошто предодредува фалшивост?Зошто неговите креации повеќе флуктуираат одошто одат по одреден пат,па тој мора да ги деинсталира?
За пример?Ако е за пример,тогаш бог е криминалец,бидејќи имаме многу примери на делитирани програми кои сеуште незнаат за себе дека се програми и ништо не згрешиле па да го поебат системот како таков.бог е лош програмер,или неодлучен суперкомпјутер кој брише и делитира нешто за кое ни самиот не го знае исходот...или пак,е дете кое не е свесно за своите постапки и си игра со кукличките.
Ако не е за пример,туку причина е слободната волја вметната во секој програм,тогаш тој бог не е семоќен бидејќи незнае како во иднина таа слободна волја ќе се манифестира,па да ја спречи своевремено.Убиствата,кражбите и силувањата се сосема вообичаени работи во нашето општество.А семоќен бог со љубов кон своите деца не дозволува да се однесува кон нив како кон потенцијални преносители на вирус и да ги брише,или пак да амнестира програми со повеќе од еден вирус во себе.
Савле станал Павле,Петко станал Трајко.Убиец еднаш-убиец засекогаш.Вашата вера ја прошири човек со крв на својата свест.
Соочи се.
Свесен ли си што напиша?
Те цитирам оти у основа не напиша ништо асално,па чисто да си кажам.
Значи бог во нас всадил мини чип кој нашите делувања може да ги минира преку сериозни телесни последици?Ако е така,за кој лев тестис воопшто креирал луѓе кои знаел(семоќен е нели) дека ќе заебат работа?
За забава?
Што ако твоето дете утре умре од менингитис?Ќе се осмелиш ли да кажеш дека му изгорела графичката?Дека му рикнал хардот?Ќе ставиш ли смајли после тоа?Или ќе си кажеш на себе дека сигурно детето ќе било дрогираш или убиец,па ај заеби,ќе напраиш уште едно...
Кога ќе сфатиме дека СЕ не води кон запознавање на светото и духовното, нема да можеме да изгубиме. - Мајкл Скот Пексите нешта што ги страдам ме изградуваат и направиле да бидам она што сум сега, тоа е се што ни треба да знаеме. Бог знае зошто ги прави нештата да се случат!
А што тогаш кога поради сите тие нешта што ги страдаш стануваш нешто што не би можело да се нарече добро,туку е лошо,грдо,погрешно?сите нешта што ги страдам ме изградуваат и направиле да бидам она што сум сега, тоа е се што ни треба да знаеме. Бог знае зошто ги прави нештата да се случат!
А што тогаш кога поради сите тие нешта што ги страдаш стануваш нешто што не би можело да се нарече добро,туку е лошо,грдо,погрешно?
Дали Господ го сака тоа и ако го сака зошто?Или грешката е во тебе што не си доволно силна,па попушташ под притисок и лесно се деформираш?
По некоја логика,нормално е да се скрши или да пукни вербата кај секој кој претрпува огромни страдања и трагедии,не се потребни такви тестови.И што ако успееш да ги поминеш тестовите,ако и покрај се ја задржеш вербата, следува награда или казна?Зашто сведоци сме дека на овој свет убаво живеат само злосторниците,неврниците,а ако награда или казна следува само по смртта барем да се нагласи во Библијата дека на овој свет врениците не траба да очекуваат правда.
Верник сум,ама некои работи ич не ми се јасни,а имам чувство дека и многумина што веруваат не се начисто за вакви работи.Бог плаќа навистина,и ако да,кога?Оти ако на некој добар ми се случи нешто добро,тогаш Господ го наградил,ако е лошо нема објаснение или Господ ја искушува неговата верба во него.Ако некој лош човек доживее нешто лошо,казнет е,ако е пак добро казната следува подоцна...некако ми е....
Јас не сум станала тоа што кажуваш, ни моите блиски што имаат вера во Бог. СЛАВА НА БОГА.А што тогаш кога поради сите тие нешта што ги страдаш стануваш нешто што не би можело да се нарече добро,туку е лошо,грдо,погрешно?
Дали Господ го сака тоа и ако го сака зошто?Или грешката е во тебе што не си доволно силна,па попушташ под притисок и лесно се деформираш?
По некоја логика,нормално е да се скрши или да пукни вербата кај секој кој претрпува огромни страдања и трагедии,не се потребни такви тестови.И што ако успееш да ги поминеш тестовите,ако и покрај се ја задржеш вербата, следува награда или казна?Зашто сведоци сме дека на овој свет убаво живеат само злосторниците,неврниците,а ако награда или казна следува само по смртта барем да се нагласи во Библијата дека на овој свет врениците не траба да очекуваат правда.
Верник сум,ама некои работи ич не ми се јасни,а имам чувство дека и многумина што веруваат не се начисто за вакви работи.Бог плаќа навистина,и ако да,кога?Оти ако на некој добар ми се случи нешто добро,тогаш Господ го наградил,ако е лошо нема објаснение или Господ ја искушува неговата верба во него.Ако некој лош човек доживее нешто лошо,казнет е,ако е пак добро казната следува подоцна...некако ми е....
Тоа што ти не веруваш во Бог автоматски секое дејствие на православниот верник го ставаш како заостанато, примитивно со одредена доза на атеистичка иронија која на атеистите им е толку слатка што ја поседуваат потпирајки се на својот човечки интелект кој го сместуваат над божјиот. Тоа што бара помош од бога не е ни малку за потценување иако го прави на еден попрост обичен начин всушност во соодност со неговиот интелект и не мора да се чудиме и во големи атеистички општества има куп луге што им приогаат на нештата на глуп начин иако во случајов но неговата молитва не е помалку вредна од некој голем интелектуалец научник или харизматичен човек., верникот кој што не е способен да се прехрани е нормално да бара од Бог да му помогне и да му пружи рака, неговата работа е премалку платена, а не е квалифициран за подобро работно место, неговиот распон на интелегенција ќе бара добивка на овој или оној начин, зошто тоа да не биде лото?
Ако тоа се случи ќе го толкува како дело на Бога, иако некои други сили имаат многу подробно објаснување за работите, како херметизмот на пример, но во тоа не сакам да навлегувам.
Тоа не го прави примерот недоволен, туку само обичен за да биде лесно разбран.