Tикви зелени си знаел и ти џигерица мигерица магарица, па џигерот за рибите е исто што за тебе замрзна хамбургер 20 години стоен во фрижидер,од тоа џигерот само серат серат и серат, ја мати водата и лом ја прави. Џигеро е најпопуларна нехранлива храна или во превод, начин да се прави бизнис од ништо. Верувај noob бев со тој џигеро додека не се уверив на своја кожа, катастрофа е. Зошто е ефтин сигурно не оти е хранлив, 30 денари кутивче џигер, стоен и на сонце, топло,ладно,суво,влажно сите ебени атмосверски услови ги има почуствувано и сеуште хранливост од него се бара? Лиснатицата како што си ја викаш ти, ВООООООООПШТО (овде викам ептен силно) не ја мати водата, значи, повторувам НЕ ЈА МАТИ ВОДАТА.
Сега сигурно си го поставуваш прашањето на кое ќе ти одговорам: Зошто тебе ти ја мати? Па сигурно користиш лисната храна од 30-40 денари кутивче НЕБРЕНДИРАНА, обично пакувана во кутивче од филм или фолија, тие се рефус, и немаат скоро никаков мирис, имаат боја и изгледаат како да изгниле, а и гнили се веруј ме.
Тие се правени слични како оние јуфките , и се премачкани со некоја нискохранлива материја а повеќе вештачки бои и мириси. Кинезите секогаш тоа го прават за промет.Заеби кинеска храна, а највеќе џигерот не ви е потребен, од причина што е само штета за рибите, аквариумот, водата, и џебот. Нема потреба, од него, иако има мала позитивна работа а тоа е што содржи протеини и од тоа растат рибите масивно, но сепак не е ни тоа пожелно за нивното здравје.
Да бидам искрен, ако сакаш и толчени пиперки давај му на рибите, но :
Затоа ќе ја истерам до крај тематиката со заблуди за храна.
Навистина аквашоповите имаат една луда тактика а тоа е да ти го понудат понеквалитетното, и поевтиното мислејќи дека прометот на него ќе се дигне него ли еднаш нешто поскапо да дигне некој на прометот. Тоа е грешка се разбира.
Мое искуство:Со тој џигер користејќи го да ги израснам првите риби кои ми се измрестија 53 гупи, ги хранев и со лисната и со џигер. Порансаа дури еден цм, и тоа благодарение на џигерот.
Обично лиснатата храна се прави од брашно и тоа 50 % па се додаваат вештачки седативи витамини минерали, се додаваат мелени школки, полжавчиња, алги и др риби.
Има силен и јак мирис, и тоа највеќе од горе наведените продукти и се познава по силниот колорит и е 100 % различна од останатите храни. Има наменети храни за циклиди, алгари, живоротки, и секакви риби.Воглавно храната има сличен состав, со различни додатоци во зависност од рибата каков вид на исхрана сака.
Моментално ме мрзи, но утре ќе ти пуштам една слика од кутивчиња храни да видиш колку храни имам изнакупено и додавано, на рибите за да постигнат некој добар колорит и добро здравје.Највеќе битна работа откако ќе се исциклира аквариумот е исхраната.
Користете квалитетни храни а не кинески вештачки храни.Кога немаат никаков избор рибите ќе ја изеат таа изгниена храна со отрови и штеточини, која не би ја јаделе ниту бактериите.
Јас користам моментално храна KAramin се вика, наменета за сите видови риби, така да набави си таква а доколку не можеш да најдиш барај под овој бренд:
SiLine
KAramin
Tropical
Arami
Пробај да ги храниш рибите со овие храни, ќе забележиш дека воопшто не ја матат водата, дека плови храната на површина дека не се распаѓаат така лесно и дека имат друг мирис.За недела до две ќе видиш како ќе светнат рибите во вистинско светло. За да си нарачаш евтина храна и да не трчаш по аквашоповите, и да добиеш храна пресно произведена, кликни на долунаведените линкови:
Храна 1
Храна 2
Храна 3
Храна 4
Храна 5
Овие храни ти се потполни храни за сите аквариунмски риби и се висококвалитетни и имаат највисок нутриционистички состав. Се разбира не е ова целосната храната што треба да ја добиваат рибите, па затоа појди во аквашоповите, прашај дали имаат тубифекс, тоа е црв, но гледај жив да биде, па давај им повремено од него.За да го чуваш замрзни го во кутија. Дај им исто дафнија, давај му на чистачите за стакло по едно парче краставица излупена, тиквичка или домат, верувај пресреќни ќе бидат.
Храните што ги наведив не се скапи а ниту брзо се трошат. Ќе ги храниш 3-4 пати на ден рибите но с мали количини да каснат сите по малце и тоа е се. Одбери си која ти се допаѓа а можеш и сите да ги купиш твој е изборот.