Аквариумски риби (општи дискусии)

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Ајде пишете како/каде/колку?
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Дали е во ред ако на рибата и давам еднаш дневно да јаде (навечер) и тоа и давам по 11-12 зрнца и мешам и од тоа џигерот и од таа другата храна......И дали треба еднаш од едната храна,а другиот пат од другата или може заедно?
Ако и даваш на рибата? Тоа значи дека чуваш кугла? Ако е така, најубаво ќе биде еднаш во денот и тоа по малку.
Пример: ставаш малку храна и чекаш да ја изеде за 1 минута, тоа што ќе остане е вишок на храна и само ќе ти ја загадува водата, претпазливо како храните, не претерувајте...

--- надополнето ---

Па и Дискусите се исто така скапи и треба голема грижа околу нив па сепак ги има во Македонија.:toe:
Не се толку скапи дискусите, на пазарот од луѓе што сами ги размножуваат се движат од 500 до 1000ден, за разлика од Алтумите од 3000 па нагоре... :)
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Мене ме интересира колку е цената на еден аквариум ?

Дали повеќе се исплаќа да го направам од стакло или да го купам среден.
Да речеме ако е разликата 200-300 денари, побрзо би го купил, место да барам парчиња стакло, па поставување и сл.
Највеќе се исплаќа сам да го правиш аквариумот, но за тоа е потребен труд и време и секако искусен човек што ќе ти помага.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Преубаво хоби,ама голема обврска.Чував рипчиња 3 год. чував све од Гупа до Бета- борец,ама треба да имаш време за ова.Се мислам пак да почнам,ама ако почнам ќе купам некој МЕГА-филтер за да немора да ја чистам водата секоја 2-ра недела.
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Мора промена на вода, ако сакаш убав аквариум, здрави риби и без алга, најмалку еднаш во 2 недели треба 30% промена на водата, без разлика каков филтер имаш... ;)
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Мојот аквариум подолу на сликата кој во последно време е прилично запоставен. Моментално нема зеленила во него ниту некои интересни работи освен рибите. Чекам да ми донесат природни растенија кои ми ги препорача еден дечко што има продавница за вакви работи овде во Струмица а и планирам и нови рипчиња да купам бидејќи моментално имам само 6. Оваа јапонката што се гледа на сликата ми е стара околу 4 години а белата ( мислам дека е некаков вид на слатководна ајкула која расте до 30-40 cm ) е околу година и пол две стара. Има уште 4 кои на сликата не се гледаат добро бидејќи го сликав ова со мобилниот, има уште 2 чистачи, 1 гупа и уште една портокалова која незнам каква раса е. Се надевам дека во скоро време ќе го средам како што треба и ќе биде како порано.
ПС: И светлото во аквариумот ми цркна пред некое време и моментално на сликава личи на "аквариум од пеколот":pos2:
ППС: Каде може да најдам "немо" рипчиња? Не им го знам името и затоа вака ги нарекувам :pos2:
Мислам на овие:

IMG-20101214-00003.jpg
 
L

Lu

Гостин
^^^ Тие рипчиња што ги нарекуваш немо (од цртаниот) правилно се викаат Clownfish (риба кловн) и тие риби се морски а не слатководни !
И такви кловнфиш сум видела во пет шопот „Декспорт оаза„ во лептокарија.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Мојот аквариум подолу на сликата кој во последно време е прилично запоставен. Моментално нема зеленила во него ниту некои интересни работи освен рибите. Чекам да ми донесат природни растенија кои ми ги препорача еден дечко што има продавница за вакви работи овде во Струмица а и планирам и нови рипчиња да купам бидејќи моментално имам само 6. Оваа јапонката што се гледа на сликата ми е стара околу 4 години а белата ( мислам дека е некаков вид на слатководна ајкула која расте до 30-40 cm ) е околу година и пол две стара. Има уште 4 кои на сликата не се гледаат добро бидејќи го сликав ова со мобилниот, има уште 2 чистачи, 1 гупа и уште една портокалова која незнам каква раса е. Се надевам дека во скоро време ќе го средам како што треба и ќе биде како порано.
ПС: И светлото во аквариумот ми цркна пред некое време и моментално на сликава личи на "аквариум од пеколот":pos2:
ППС: Каде може да најдам "немо" рипчиња? Не им го знам името и затоа вака ги нарекувам :pos2:
Мислам на овие:

Прегледај го приврзокот 37887
Море не ги мачи,дај ги на некој нека ги чува.Аквариумов ко контрационен логор ти е.
 
Чувањето на Немо (Clown fish, лат: Amphiprion ocellaris) не е исто како да чуваш слатководни риби, тоа е морска риба и чувањето на морски риби е доста поразлично од слатководните, а треба и искуство или помош од некој искусен, во продавницата Акватика (кај католичка) имаат моментално вакви риби, ако те носи патот наваму помини до продавницата и направи муабет со вработените околу чувањето на морски аквариум.

Гледам имаш многу измешано риби кои не одат заедно, а и риби кои не се чуваат во аквариум, пример ајкула во аквариум не оди, зошто за ајкула треба простор, треба да имаш многу голем простор, но ок, тоа не е до тебе, зошто незнаеш, обично продавачите лажат колку да продадат, па затоа би ти препорачал да прибереш информации претходно за некоја риба што сакаш да ја чуваш па потоа да ја купиш... ;)

--- надополнето ---

Море не ги мачи,дај ги на некој нека ги чува.Аквариумов ко контрационен логор ти е.
Полека, уште е почетник, со тек на време ќе се научи, секако ако се интересира...
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Море не ги мачи,дај ги на некој нека ги чува.Аквариумов ко контрационен логор ти е.
Читај, во последниве 2-3 месеци немав време да се грижам за аквариумот како порано и затоа го запоставив. Сликан е од мобилен телефон но не изгледа толку лошо како што го опиша ти, сепак сега е во фаза на реконструкција ако може така да се изразам, значи сакам да го средам како од почеток што беше. Иако не е во најдобра состојба за среќа ниту една рипка не ми умрела. Сепак не е лесно да се грижиш за аквариум со 200+ литри.

Чувањето на Немо (Clown fish, лат: Amphiprion ocellaris) не е исто како да чуваш слатководни риби, тоа е морска риба и чувањето на морски риби е доста поразлично од слатководните, а треба и искуство или помош од некој искусен, во продавницата Акватика (кај католичка) имаат моментално вакви риби, ако те носи патот наваму помини до продавницата и направи муабет со вработените околу чувањето на морски аквариум.

Гледам имаш многу измешано риби кои не одат заедно, а и риби кои не се чуваат во аквариум, пример ајкула во аквариум не оди, зошто за ајкула треба простор, треба да имаш многу голем простор, но ок, тоа не е до тебе, зошто незнаеш, обично продавачите лажат колку да продадат, па затоа би ти препорачал да прибереш информации претходно за некоја риба што сакаш да ја чуваш па потоа да ја купиш... ;)

--- надополнето ---

Полека, уште е почетник, со тек на време ќе се научи, секако ако се интересира...
Благодарам за информацијата околу рибата кловн јас мислев дека ќе може да се чува во слатка вода. А во врска со ајкулата како што напишав во предходниот пост ја имам веќе околу 2 години и досега не сум имал проблеми со неа ниту пак со другите риби, немало тепачки, жртви и слично, ајкулата баш добро се прилагоди со останатите риби и се слагаат, и плус не е мал аквариумот, има таман место за ајкулата. Може на сликата изгледа мал но мислам дека е заради тоа што аквариумот е во триаголна форма, значи ми стои во кош и задниот дел не се гледа воопшто на таа слика. Има доволно место во него и некое помало дете да собере :pos2:

PS: Не сум почетник бе, веќе 4 години ми е овој аквариумот а пред тоа имав осмоаголен што бил на татко ми уште од пред 20-30 години. Некаде пред 7-8 години почнав да чувам риби во аквариум.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Читај, во последниве 2-3 месеци немав време да се грижам за аквариумот како порано и затоа го запоставив. Сликан е од мобилен телефон но не изгледа толку лошо како што го опиша ти. Иако не е во најдобра состојба за среќа ниту една рипка не ми умрела. Сепак не е лесно да се грижиш за аквариум со 200+ литри.
ХАХА шала беше:smir:
Знам дека не е лесно,јас чував 3 год. али мал околу 50 л. и богами мака мачев.Голема обврска се рипчиња ама сепак исплатлив е трудот.Кој и да дојдеше кај мене,се црта пред аквариум и пола саат "го нема"
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Благодарам за информацијата околу рибата кловн јас мислев дека ќе може да се чува во слатка вода. А во врска со ајкулата како што напишав во предходниот пост ја имам веќе околу 2 години и досега не сум имал проблеми со неа ниту пак со другите риби, немало тепачки, жртви и слично, ајкулата баш добро се прилагоди со останатите риби и се слагаат, и плус не е мал аквариумот, има таман место за ајкулата. Може на сликата изгледа мал но мислам дека е заради тоа што аквариумот е во триаголна форма, значи ми стои во кош и задниот дел не се гледа воопшто на таа слика. Има доволно место во него и некое помало дете да собере :pos2:
PS: Не сум почетник бе, веќе 4 години ми е овој аквариумот а пред тоа имав осмоаголен што бил на татко ми уште од пред 20-30 години. Некаде пред 7-8 години почнав да чувам риби во аквариум.
Хехе не се разбираме, јас зборам за професионално чување риби (по пропис), правење на биотоп, пример: чување на риби само од едно место, на пример од Амазон и ги чуваме само тие риби не ги мешаме со некои од Азија или од Африка, или кога ги мешаме да гледаме да се согласуваат во аквариумот.
Околу ајкулата, ти немаш никаков проблем со неа, но како што кажав ајкулата не е риба за во аквариум, расте многу голема, во природа расте до 3 метри, но во аквариум ќе се мачи и едвај ќе порасне 20-30 cm, да ти појаснам, стави човек во затвор, во просторија 2 на 2 и ќе живее? Сигурно дека ќе живее, но он ќе си знае како. Така и кај рибите, 90% од продавачите ги продаваат и баш им е гајле дали ќе се мачат или не, гледаат да ги продадат (бизнис), истото го прават и со карасите што ги продаваат со кугли, тоа е исто многу погрешно...
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
ХАХА шала беше:smir:
Знам дека не е лесно,јас чував 3 год. али мал околу 50 л. и богами мака мачев.Голема обврска се рипчиња ама сепак исплатлив е трудот.Кој и да дојдеше кај мене,се црта пред аквариум и пола саат "го нема"

Ист беше случајот и кај мене кога имаше што да се види во аквариумот. :smir:

Хехе не се разбираме, јас зборам за професионално чување риби (по пропис), правење на биотоп, пример: чување на риби само од едно место, на пример од Амазон и ги чуваме само тие риби не ги мешаме со некои од Азија или од Африка, или кога ги мешаме да гледаме да се согласуваат во аквариумот.
Околу ајкулата, ти немаш никаков проблем со неа, но како што кажав ајкулата не е риба за во аквариум, расте многу голема, во природа расте до 3 метри, но во аквариум ќе се мачи и едвај ќе порасне 20-30 cm, да ти појаснам, стави човек во затвор, во просторија 2 на 2 и ќе живее? Сигурно дека ќе живее, но он ќе си знае како. Така и кај рибите, 90% од продавачите ги продаваат и баш им е гајле дали ќе се мачат или не, гледаат да ги продадат (бизнис), истото го прават и со карасите што ги продаваат со кугли, тоа е исто многу погрешно...
Тоа можеби е така не велам не, значи не сум некој голем експерт за риби во аквариумот туку ова ми е чисто како хоби, занимација. Инаку ми има објаснето и покажано и продавачот од каде што ја купив ајкулата дека има треба поголем простор за живеење ( односно аквариум ) и дека ги напаѓаат многу чудни болести. Имаше тој една негова само црна и беше некаде околу 45cm можеби и повеќе но беше сама во аквариумот бидејќи имала некоја болест. Целата беше покриена со некои си израстоци по телото кои ми личеа на некои прачки, дрвца или незнам како да ги наречам, гадна беше таа ама кога ги видов малите ептен ми се допаднаа и решив да си земам една да пробам и да видам како ќе се прилагоди.
 
CF.REAL MADRID

ЦЕВКА
Член од
9 септември 2009
Мислења
335
Поени од реакции
9
Ако и даваш на рибата? Тоа значи дека чуваш кугла? Ако е така, најубаво ќе биде еднаш во денот и тоа по малку.
Пример: ставаш малку храна и чекаш да ја изеде за 1 минута, тоа што ќе остане е вишок на храна и само ќе ти ја загадува водата, претпазливо како храните, не претерувајте...

Во кугла е да...На секои 3-4 дена и ја мењавам водата.........И давам од фазла да си има ја па мислев јадат и и давам повеке просек од џигерот 5-6 зрнца и од тоа другата зрнеста храна исто толку......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom