Аквариумски риби (општи дискусии)

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Смее во кугла со бета борец да се стави мраз кога е ептен топло?:)
И многу пена се прави на површината...тоа од топлото или...?
 
D3N

Член од
25 јуни 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Јас не би ти препорачал да купаваш неонки, дека мислам брзо ќе бидат нападнати иако карасите се мирни рипки, а и со скаларите 50% е да не се закачаат, незнам што ти би препорачал да чуваш:(

--- надополнето ---

еве на пр ја иам аквариум иам у него два караса и два чистачи и покрај тоа шо иам таков апарат за кислород као ми рекоа у продавницата коа го купуев дека тој истовремено и чистел. Арно ама по една недела водата т.е аквариумот е лом. нз шо да праам..
Изгледа ставаш премногу храна или не ти чисти убаво апаратот
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Смее во кугла со бета борец да се стави мраз кога е ептен топло?:)
И многу пена се прави на површината...тоа од топлото или...?
Не е од топлотото, тоа сигурно ти се скокнати нитратите/нитритите односно намали малку со храната. Исто и циркулацијата ти е најверојатна слаба, тоа е дека ти е во кугла, а таму немаш воопшто циркулација.
За мразот, искрено незнам, мислам дека може, иако сум под недоумица дека сепак е кугла и мала е литражата на вода. Знам луѓе што имаат поголеми аквариуми со надворешен стаклен филтер па во филтерот ставаат шишиња со ладна вода, па претпоставувам тоа е некој сличен метод.
Поздравија бетата од мене.:)
 
Annath

Полуактивен член.
Член од
11 јуни 2010
Мислења
338
Поени од реакции
42
Имав јас рибишта до пред некоја недела. Па им го чистев аквариумот и им го пукнав. Муахахха.
Па дел изумреа, дел ги дадовме на комшиите.
За греови.
 
Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Бев на дмор едно 5 дена..цела фамилија.......и не му сменавме вода на рипчето....Од кога се вративме.....го најдовме свртено на опаку..и тоне...Ќе го крениме горе,Ќе попливат малку,пак тонит...Имат чаре или дојден му е денот?:):(
 
Член од
22 август 2010
Мислења
27
Поени од реакции
5
Му дадовте храна пред одење? 90% од случаите на помор на риби за време на одмор се случуваат поради премногу храна. Луѓето или не знаат, или не веруваат дека на рибата не и е никаков проблем да живее 5 дена без храна, и пред да заминат некаде ставаат повеќе (демек, да има подолго време). Храната се распаѓа и доаѓа до труење со амонијак.
За каква риба се работи? И во што ја чуваш? Кугла или аквариум?
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Не е воопшто тешко, доволно е еден саат неделно да одвоиш за да промениш вода 15-20%, да го исчистиш стаклото од алги, да ги средиш растенијата (што израснале во џунгла) и еднаш месечно филтерот да го чистиш... ;)
 
_Perdika_

Proud To Be Macedonian!!!
Член од
7 јануари 2009
Мислења
77
Поени од реакции
11
Веќе месец дена чувам рипки и тоа 7 ајкули и 20 зебри, и како почетник освен
одржување на аквариумот немам никакви други познавања. За овој месец дена немав никакви проблеми со рипките, се додека денес не ги нарани сестрами, па сега ајкулите ви стомаците личат како пинг-понг караси, па се прашував дали тоа значи дека во секое време треба да очекувам ајкулите да почнат да пливаат грбно :) а иначе не се малечки ајкули, сите се некаде околу 15 цм.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034

LOL хахаха.Штом уште се живи нема да им биде ништо.Само стави ги малце на диета сега.
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Ова не е воопшто смешно, незнам зошто чувате ајкули во аквариум, тие риби растат огромни, аквариумот е мало место за живеење на ајкула, бараат простор.
Еве еден македонски форум за акваристика, да се информирате малку www.akvaristika.com.mk
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Убаво напишано ама кој ќе чита и послуша, повеќето што почнуваат со аквариуми имаат скроз несериозен пристап, ниту нешто прочитано, без никакво знаење, гледаат само што пошарен да им биде аквариумот и што повеќе риби да има, дали е тесно, или си одговараат рибите никој не гледа. Камо ли пак за параметри на вода, осветленост, ЦО2 и што ти уште не...
Мислам дека најмногу се криви продавачите по шоповите, гледаат само на профит, ко оној од Ѓорче кога и да сум таму ако го праша некој Kарас со Неонка може, тој ќе му одговори може, може, нема никаков проблем, само ти купи го, а во кугла може, може може само куглата купи ја, и ти мораш да се караш со него дали е така или не, ама мене кој ќе ми верува, никој, тој ја чува продавницата, не јас, тој има повеќе искуство, не јас, да има едуцирани продавачи кои ќе ги насочуваат муштериите на прав пат, ретко би имало вакви глупости во акваристиката.

Е поздрав! :)
 
L

Lu

Гостин
Одлично пишал над мене aquafortune,многу често да не речам 100% се случува во Пет шоповите кога ќе видат продавачите дека муштеријата е неискусен акварист,веднаш му предложуваат некои чудни комбинации на риби со цел да заработат повеќе пари.
И искрено многу се нервирам што постојат такви несовесни продавачи.
Пред некој ден бев во петшоп да купам храна за моите рипчиња и во тој момент се погоди да влезе една постара женичка,и праша кои риби можат да се чуваат во кугла.И замислете продавачот и рече - цитирам „А госпоѓо па сите риби можат да живеат во кугла,еве повелете разгледајте имаме и повеќе големини на кугли„.
Е ова кога го чув ми дојде да му ја треснам од глава таа куглата што ја извади да и ја покаже на жената.

Инаку што е до мене јас би ги забранила тие кугли да се користат за рипчиња,јас имам кугла дома,но во неа имам ставено каменчиња и едно малечко вештачко бонсаи дрвце.И одлично изгледа куглата,немора во неа да се чуваат рипчиња,не за џабе постојат аквариумите.
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Проблемот е што луѓето се неинформирани околу акваристиката, во овој случај криви се продавачите што гледаат само да направат бизнис, наместо да поделат корисен совет, но секако има и тврдоглави луѓе што не сакаат да слушаат совети и ставаат во аквариум риби кои не се компитабилни...
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
:):):):)

--- надополнето ---

Убаво напишано ама кој ќе чита и послуша, повеќето што почнуваат со аквариуми имаат скроз несериозен пристап, ниту нешто прочитано, без никакво знаење, гледаат само што пошарен да им биде аквариумот и што повеќе риби да има, дали е тесно, или си одговараат рибите никој не гледа. Камо ли пак за параметри на вода, осветленост, ЦО2 и што ти уште не...
Мислам дека најмногу се криви продавачите по шоповите, гледаат само на профит, ко оној од Ѓорче кога и да сум таму ако го праша некој Kарас со Неонка може, тој ќе му одговори може, може, нема никаков проблем, само ти купи го, а во кугла може, може може само куглата купи ја, и ти мораш да се караш со него дали е така или не, ама мене кој ќе ми верува, никој, тој ја чува продавницата, не јас, тој има повеќе искуство, не јас, да има едуцирани продавачи кои ќе ги насочуваат муштериите на прав пат, ретко би имало вакви глупости во акваристиката.

Е поздрав! :)

тие си гледаат да заработат на такви почетници, и да ги прашаш дали можат две бети во исти аквариум тие ке ти речат може а после ти чуди се што се случува хехе

--- надополнето ---
 
Kajgana Shop

На врв Bottom