Аквариумски риби (општи дискусии)

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Моментално имам 3 караши, 2 скалари, 1 бетаборец и 1 чистач за земја.
Незнам некои ми викаат дека оваа комбинација не била препорачлива (скалари vs караши) но сега за сега се е во ред сеуште нема инциденти:duel:
Имав и смртни случаи, ми умреа 1 чистач за стакло (кога го купив беше колку зрно грав, па и не ни се надевав дека ќе издржи долго), 1 караш и еден скалат(за овие слушав дека се групирале во двојки, а јас земав 3 и едниот мораше да отпадне...
Но имам проблем со водата, премногу често ми се мати, па ја менувам 2-3 пати месечно:nesum:
Аквариумот е околу 45-50 литри, и не е баш лесно да се одржува.
Карасите живеат во ладни води, додека пак Скаларите во Амазон, значи во топли води, плус Скаларите се територијална риби па може да настане и тепачка или слично. Сепак си знаеш ти тоа веќе.:)
А колкави се скаларите? Од мали ги чуваш со карасите?
За водата, претпоставувам дека под 2-3 пати месечно се подразбира целосно чистење, то ест вадење на риби од аквариум, вадење на песок и се останато.
Немој да го практикуваш тоа бидејќи може да биде прилично стресно за рибите. Ќе си ја менуваш водата на една до две недели, значи вадиш 50-80 посто од водата, без да ги извадиш рибите, и дотураш нова отстоена вода со скоро иста температура како таа што е во аквариум.
Што филтрација имаш?
Можеби ти се прља бидејќи ставаш премногу храна, немој да правиш така, рибите се незаситни суштества, колку да им даваш тие ќе јадат, држи се до тоа да им даваш 1/2 пати на ден и ќе гледаш по малку да ставаш, односно ќе пазиш ништо да не падне на дното!

Ма извадиго карасот, животот ќе ти стане поубав.:pos:
:)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Недела дена чувам рипчиња во аквариум, има помалку од 20тина од кои само 5-6 се поголеми... Ама поима немам од кој вид се, еве некои слики ако може некој да ми каже? И која е идеална температура на водата за нив?








И ме интересира каде и по која цена можам да најдам Paracheirodon innesi (неонка). На ваква мислам.

 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Недела дена чувам рипчиња во аквариум, има помалку од 20тина од кои само 5-6 се поголеми... Ама поима немам од кој вид се, еве некои слики ако може некој да ми каже? И која е идеална температура на водата за нив?








И ме интересира каде и по која цена можам да најдам Paracheirodon innesi (неонка). На ваква мислам.

Во првата и втората слика имаш јапонски караши или популарно нареченеи „златни рипки“, за нив не е потребна никаква грижа, издржуваат секакви услови и имаат огромен имунитет. Температурата може да биде најниска која водата може да ја издржи без да замрзне, а доколку замрзне, пожелно е на површината да го искршиш за да може да дишат (ова доколку ги чуваш надвор во базен, што е малку веројатно). Јадат што им дадеш.
На третата слика имаш гупа (безбојната) и една црвена на која не им го знам латинското име, а популарно немаат. Нив им е потребна собна температура, а тоа е негде 20 степени, но издржуваат и помалку, ама при посериозни зими, обавезно е потребно да користиш грејач.
Неонката моеш да ја најдеш по цена од околу 50 денари во Куманово, а за Струмица не знам, прашај, прошетај по анимал шоповите, вистиска атракција се, бар во Куманово.. (=
Инаку би ти препорачал неколку интересни врсти:

Горе: Пангазиус, или популарно - ајкула. Околу 80 денари.

Долу: моите омилени - Трикогастер


Еве ти инфо за латински имиња и карактеристики на аквариумски риби: ТУКА.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.832
Еве ти инфо за латински имиња и карактеристики на аквариумски риби: ТУКА.
Пишуваш на линкот?
Дечки дали има некој што ги посетува акваристичките форуми во мк воопшто?
 

aleknamajkot

Gospodin
Член од
27 март 2010
Мислења
13
Поени од реакции
2
Toшо едното а другото Мали Џокица :baeh:
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Пишуваш на линкот?
Дечки дали има некој што ги посетува акваристичките форуми во мк воопшто?
Јас бев порано активен на сите форуми за акваристика во Македонија а ги имаше многу, околу 3, 4 шо е голема бројка за вљубеници во акваристиката во една мала држава како што е Македонија, поради тоа се одлучив да посетувам само еден или мкрееф кој воедно беше и најактивниот, покрај макакваристика кој набрзинка згасна поради рчки помеѓу членовите, сакав да кажам то дека мкрееф сеуште е најактивниот и навистина вреди да се посети од страна на сите шо чуваат рипки, има многу да се научи, членовите се секогаш желни за помош па понекогаш и да донираат нешто!
 

MPTOB

GSH
Член од
3 јули 2008
Мислења
46
Поени од реакции
14
Дур се мали фрли им повеќе храна,ќе почнат да пукаат.
 

ме ─╤╦︻ спука

╲╲╲╲╲╲CS,WE7,CR9 ╱╱╱╱╱╱
Член од
13 април 2010
Мислења
143
Поени од реакции
2
kolku pari e taa zlatnata ripka(ne onaa sto ispolnuva zelbi,onaa realnata)sakam da zemam edna
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Златните рипки или нашки карасите, се около 100 денари по нашиве шопови, само пред да ја земеш размисли, каде ќе ја чуваш, ќе можеш ли или за некој ден мерак па ај после цркни и такви работи!

Инаку, во периодов спремам едно проектче за некое време ќе бидете известени со детали, слики степ бај степ и останато!:)
 

nikaТa

Mr.Lover Lover
Член од
16 април 2010
Мислења
524
Поени од реакции
60
Јас чував рибички скаларот, јапонката и чистачот ми пораснаа огромни, ама филтерот ми се расипа и некако не ми се чуваше веке ги дадов на пријател. Сеа имам маче и неможе как да купам рибички а ного се убави :)
Извинете за офтопик ама кој може да ми каже од каде да ја слегнам програмата за позадина, што може да ги хранам рибите и да си се грижам воопшто за нив. Фала
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640


Моето најново милениче:pipi:
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
30
Поени од реакции
1
Slobodno napolnija kuglata skoro do gore i ripkata ke ti bide mnogu blagodarna i menuvaj voda po 50% na sekoj 2 dena i toa odstoena voda na sobna temperatura
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Slobodno napolnija kuglata skoro do gore i ripkata ke ti bide mnogu blagodarna i menuvaj voda po 50% na sekoj 2 dena i toa odstoena voda na sobna temperatura
Ова е само вода што имав стоена и малце е дека вчера ја добив
ке и сменам вечер

само не јаде ми рекоа ладна и била водата требало 25
ама тешко дека ке и ја одржам толку :)

а за храна само од тие ливчињата или има и друга?
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
30
Поени од реакции
1
ovie ripki trpat i taka poladna voda ama ne epten ladna , sobna temperatura im odgovara i za hrana mozes i taa lisnatata a i ima dosta hrani kako zrnca sto se i taa mozes da ja davas i mislam deka poveke ke ja saka taa kako zrnca i za toa ke otides do najbliskata prodavnica za ribi i ke si prasas sto hrana imaat
 

Kajgana Shop

На врв Bottom