Можеш, неонките ти се јатни рипки, во големина слични како облачињата..Ама име..
Ако земаш, земи едно 5, само со скаларите, незнам како ќе иде работата, штрчат многу, да е до мене и скаларите би летале, само јатни ситни рипки би чувал.
Значи за камена или песочна подлога не сум слушнал за таква групација, значи песочната подлога е составена од камења, сега не од големи камења него ситни, 5 милиметри максимум. Значи за подлога ќе си исееш ако имаш можности поситен песок и ќе го наполниш аквариумот едно 5 сантиметри, позади стави повеќе за да прави илузија да изгледа како подлабоко.
Имам еден корен од винова лоза дома, ако си од Скопје ќе ти го дадам ако сакаш, баш би одговарал за толкав аквариум, а и убаво изгледа во аквариуми, плус како што сум слушнал ја омекнува водата што е добро за неонките, тие сакаат помека вода, како и скоро сите останати риби.
Случајно налетав на еден аквариум што ми лежи во дневната, 150 литри... сите глупости тропости ги имам, многу рипчиња (најмногу скалари)...
Премногу работа и одговорност (кога правам генералка тоа трае цел ден, буквално) и поради тоа ја изгубив љубовта кон аквариумот.
Сега личи како сад полн со вода, без цвеќе.
Види, баш затоа што немаш никаква биолошка рамнотежа во акваримот ти е станат бољер.
Неделно ти се потребни околу 20-30 минути, плус секој ден 5 минути за храна, за да имаш перфектен аквариум.
Прво грешка ти е тоа што имаш премногу измешано риби, потоа нема никаква потреба да му првиш потполна генералка, на една недела само ќе му вадиш до 30-40 посто од водата и ќе му дотураш нова, отстоена, многу лесно.
Со соодветна филтрација сето тоа ќе може да го одложиш и на две недели, а водата во аквариумот ќе ти биде чиста како солза!