Па прво правило во акваристиката ти е да не брзаш!
Значи по ред прво колку литри ти е аквариумот, собата каде што ќе го чуваш дали ќе се грее ако се грее дали цело време или само одредено, имаш ли грејач, пумпа, филтер, осветлување?
Водата ќе ја оставиш во нешто да ти отстои некаде една недела што повеќе тоа подобро!
Аквариумот ќе го ставиш во каде, нежно ќе пазиш на ивиците, и ќе го измиеш со хиперманган има во аптеки мислам.
За песок обичен ти е доловен, некои ставаат ѓубрива, подлоги за цвеќиња и разни работи, но според мене мислам дека такво нешто не ти треба, едноставно изметот од рибите што ќе паѓа на шесокот ќе ти стане природно ѓубриво.
Можеш да го исееш песокот и да го редиш од најситно доле најкрупно горе, само гледај да не ти биде многу сите или пак многу крупен, дека ако е ситен доколку чуваш растенија нивните корења нема да можат да се развиваат добро низ подлогата а доколку е премногу крупен ќе неможат убаво да се прицврстат за подлогата.
Откако ќе го наполниш со вода остави го празен со пуштена пумпа да седи така околу една недела!
Немој да му ставаш сол внатре, само доколку чуваш гупи би било пожелно!
Кога ќе купуваш риби, никако немој да мешаш ако треба викниме мене и ќе те советувам што оди што не, доколку ги слушаш продавачине све ќе изнакупиш, а тоа ти е голема грешка!
Па еве ти нешто за почеток, доколку те интересира нешто, слободно прашувај!