Така е, но дали може прво да ги информира владата земјоделците за сите конкретни глупости то ест за цените на она што во коруптивниов систем го нарекуваме “фаќање риби на суво”? Фиктивен проект: буџет, оданочување, инвестирање, плати и расходи: зарем не е тоа денес добар “риболов”? 70 милиони евра за земјоделството оваа година: Се потрошија во што!!!??? Табелираj и дај ни да видиме!: Во конкретно кој проект, и дали со реална цена? И дали со оправдан и воопшто приоритет во рамките на постојните состојби на системот? Не е многу различно тоа дали ние ќе дадеме поддршка на барањата при протестите или не. Луѓето трпат тежок јарем, а не се тоа тие кои можат да кажат што бараат а што не треба да бараат во структурата на буџетот. Независно од тоа дали пари има и дали е оправдано да се дадат, или ако нема дали е оправдано негде да се кратат итн., измачените луѓе во својот гнев кон општествените неправди се подложни на манипулација, но знаат и дека незадоволствата секогаш не можат само тивко да се проголтаат. Навистина, имаше заштитна линија македонскиот буџет за земјоделството во првите година-две на оваа влада, но сега, се што гледаме е: 1(-малтретирање со пропратна дискриминација) поддавање средства на мали земјоделци за да прокрпат живот и работоспособност; 2(-финансирање на привилегираните) давање големи средства и олеснувања на големи “земјопоседници” и релативни обработувачи на земја – за да се искнижат фиктивни активности и за да се стекне некој со нелегална (неумно дозволена, коруптивно овозможена) корист во кеш или во набавно покривање по основ слаб доказ и договор за изнајмување земја; и 3(-паразитизам, нераководство, безидејност и отсуство на дисциплина) за огромно расипничко трошење и давање кај јавната администрација и државните служби. Дали со најавените 140 милиони за 2010 ќе даваме само дупло за вакви ствари? Дали ќе одделиме уште 5 милиони за она што навистина треба да се прави, а 65 милиони ќе изедат оние кои не го заработуваат лебот со тоа а трошат премногу туѓ труд? Чесен збор, мислам дека има доста успешни мали македонски земјоделски стопанства кои дејствуваат како фирми со 3 до 10 вработени, ликвидни и цврсти производители и со загарантирана можност чесно да продадат, на кои земјоделски стопанства им делува позитивно субвенциската распределба, бидејќи со понудената помош или заштита и со своето постоечко технолошко ниво во брзорастечката и конкурентна средина добиваат загарантирани приходи директно од сметката на државата кои пари го поттикнуваат растот на бизнисот т.е. зголемувањето на активноста - но сега доаѓа време кога и добрите ќе бидат на големо загрозувани а сето она што сеуште чека да биде почеток на широк реален и несопирлив развој е игнорирано, неопфатено, непознато и во не услови да се отпочне и менаџира. Во тој смисол одвратно е лицемерие да некој се фали со поддршка за земјоделството а во меѓувреме да е очигледно дека многу повеќе се зема отколку што се дава од стопанството во стопанството. И навистина, не е добро да се бара и добива преку леб погача. Но некои добиваат преку лебот и вино и месо и се повеќе бараат и земаат преку истиот леб. Некој пак заради тоа се труди со сета своја сила да го зачува тој леб кој сам го заработил.
Трговците и продавачите не би можеле едноставно да имаат верба во некакви ценовни информации за европски цени до кои постојано варираат од динамични пазарни фактори финансиските трошоци за набавка на една земјоделска стока (понуда-побарувачка), каде варира квалитетот на купеното и квалитетот на организациско-партнерската релација, каде снабдувањето има свое течение производител-краен потрошувач кое тие не го разбираат од објективен агол. Позади завесите секогаш може да делуваат секакви крупни интервенционисти, шпекулатори, дезинформатори, себични профитери, а факт е дека трговецот најчесто лаже според најосновен инстинкт: сакам да кажам секој сака пред јавноста да ја сокрие стапката на неговата чиста добивка. А додека добивката за лозарите на пример, или за млекарите, градинарите итн. е апсолутно нула во некои години, платата за нивниот сопствен физички и управувачки труд постојано се намалува, и доаѓа на ниво на ропска тенденција спрема тоа што мора се повеќе со сопствен труд да се произведува а се потешко да се пласира. Повеќето земјоделци ретко и неуко водат сметководство, евиденција и смислено инвестирање во својот сопствен бизнис. А голема неукост покажаа и оние “едуцирани” кои јадат од нив, кои од нив произлегуваат, кои живеат на нивни грб и од нивната храна, и кои треба да спроведуваат оштроумни и оправдани стратегии за постигнување поволна клима за бизнис. Оние кои треба во секое време да знаат и да можат да се информираат како стојат работите и врз основа на тоа да го информираат и помагаат народот, тие немаат апсолутно никаков валиден, авторитетен и конзистентен извор на податоци за европските цени. Бидејќи не постои берза каде тие учествуваат рамноправно, а ценовните варирања во трговијата со земјоделските производи се движат слично на берзанскиот пазарен и шпекулативен принцип, кај нас засега немаме овластен прибирач и објавувач на информации, и истите подоцна треба да се потврдуваат, демантираат, или да се толкуваат вака или така. Ако нашата администрација воопшто е способна да поддржи создавање наша домашна берза, т.е. наш сопствен голем пазар на земјоделски производи по сите најсовремени тертипи, и уште да покаже инвентивност, тогаш нека биде тоа што поскоро, и гарантирам – државата ќе има голема корист. На земјоделството во Македонија не му требаат овие досегашни никакви “вложувања”. Подобро да се насочат парите во правење голем транспарентен македонски пазар, од каде ќе можеме директно да купуваме и да продаваме големи количини на овошје , зеленчук, жито итн. Време е веќе еднаш нешто да сработиме од голем калибар за економијата на државава. На Македонија и треба силна централна власт да даде строга и жестока лекција!~ Да уништиме криминал и корупција, да ги тераме оние кои ги плаќа државата да работат активно за доброто на граѓаните, да ги обучиме со грижа земјоделците да водат бизнис. Земјоделството во Македонија има голем потенцијал. Можни се многу поголеми девизни приливи од извоз од сегашните, девизи кои навистина и требаат на нашата економија.