Авто новости

samunoske

unidentified specie
Член од
21 април 2007
Мислења
242
Поени од реакции
18
Колку ли е ослабнана каросеријата тоа е едно чудо
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
И оди после купи кола да те видам ајде..На ваквите мајката да им ја силуваш..Затоа купи си од салонче и мирна ти глава.
 
Член од
19 декември 2011
Мислења
101
Поени од реакции
34
лепо лепо али MTM одесекогаш биле подобри од ABT, и нивната верзија сигурно ќе биде подобра :)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Колку ли е ослабнана каросеријата тоа е едно чудо
А што мислиш во фабриките како ги прават шасиите?...Да не се од едно парче?!

Се зависи од мајсторот. Јас знам многу коли, што поминале низ овој процес (најчесто слупани од напред) и газдите биле налудничави и вложувале пари и ги поправиле подобри од нови и ден денешен ги служат. Ама мајсторот што ги правел бил добар.

А не знам колку сте забележале коли што не поминале низ овој процес,биле монтирани и исправани на „Каролина“ (car-o-liner) и сега се трклаат на улица како кучиња со задницата што оди на една страна предницата на друга.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
VW се откажа на 1.4GT моторот бидејќи беше премногу скап за изработка. Имаш 2 полнења од суперџарџер (надполнење) и турбо сето тоа електронско контролирано.

1.4 - 175 КС = 20000 евра
2.0 Турбо - 200 КС = 25000 евра.

Ако имам јас толку пари сигурно би кулил 2.0 со 200КС.

Тоа беше едната причина

Втората причина (и поважна) беше економската криза. VW направија пресметка и сфатија дека Golf V премногу ги кошта во производството и го направија Golf VI за да скратат на трошоци, да исфрлат се она што Golf V го правеше неекономичен (во случајов и овој мотор) и да го зголемат профитот за време на криза. Кога се видело VW на 5 години да извади нова генерација?!

Математиката е едноставна. Не дека 1.4 - 175кс моторот не чинел, едноставно многу поевтино им е да направат блок од 2 литра и да закачат Турбо, наместо 1.4 блок и комплексна електроника, суперчарџер + турбо чарџер, поиздржливи елементи - како конструкциски така и тип на материјали :)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.047
Поени од реакции
11.153
Епа не е исто во фабрика да се направи спојката со врвни везови и роботи споредено со "од око" заварено во "Ѓоре Комерц". Нема никакви теоретски шанси да се постигне минималниот фабрички стандард кој гарантира безбедно возење (различна подлога, високи брзини) за една осигурителна куќа да издаде полиса на осигурување.

Тоа мајсторот е добар...мајсторот треба во затвор да оди што се нафаќа вакви спојки слични крпења да прави на шасија од уништена кола.

Ваква кола не може да помине на технички преглед (ако техничкиот преглед беше како што треба кај нас). Нема теоретска шанса оваа кола да биде безбедна на пат.

Структурната оштетеност на едно возило кога станува збор за битните елементи може да биде визуелно мала но физички да биде прогласена за "тоталка" бидејќи никогаш нема да се поправи без сериозна интервенција која е премногу скапа и неисплатлива. Пример, незгоден удар во багажник може да ги извитка клучните дршки на шасијата и иако изгледа "малку удрена" по детален преглед се утврдува дека колата е тоталка и не може повеќе да се вози.

Е таквите, ефтини, домаќински коли, возени од чесна сестра само во недела, со 110-120 илјади километри (ако е помалку сомнително ќе биде) се носат по централни Африки и во Бугарија. Затоа кога ќе споредите иста кола со исти карактеристики во Бугарија е дупло или тродупло поефтина од Германија/Швајцарија... Изговорот на продавачот е ги купувале на големо и добивале попуст.... :facepalm:
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Ленче Софтовска - најбрзата Македонка








Девојка која брзините не ја плашат, туку напротив, ја привлекуваат, која во крвта има голема доза на адреналин и која ужива во брзинските авантури. Немирниот и динамичен дух постојано ја гони кон нови потфати, па наскоро очекуваме брзинскиот рекорд од 300 км/ч со мотoцикл на отворен пат, во скоро време да биде надминат од храбрата девојка.
Ленче Софтовска, младата и успешна деловна девојка со потекло од Струмица, која е на „привремана“ работа во странство, во Минхен, Германија, слободно можеме да кажеме, e најбрзата девојка на две тркала, со потекло од овие простори.

Имено, тоа е девојката што со својот мотоцикл, од Минхен до Струмица, пат долг над 1.500 километри, го минала за околу 13 часа, притоа на моменти возејќи со брзина од, верувале или не, 300 километри на час.

Расположена да истражува

Тоа и е, вели, „во крвта“. Всушност, се што е поврзано со неа е исполнето со динамика, набој на енергија, авантура и брзина. Во согласност со нејзиниот карактер е и дејноста што ја одбрала, да работи на развој и реализација на инвестиоциони проекти, пред се во Југоисточна Европа. Поради природата на работата која бара многу патување, ја посетила цела Европа, од Финска до Турција, од Лихтенштајн до Португалија. Покрај тоа, и самата сака многу да патува и да истражува, а најпривлечни дестинации и се оние преку Големата бара во Соединетите Американски Држави, Њујорк, Лас Вегас, Чикаго, Беверли Хилс..., а последната дестинација што ја посетила е во арапскиот свет, Доха, Катар.

Младата деловна девојка ја исполнува авантуристички дух. Секогаш ја предизвикувале искушенијата, а кога истите се поврзани со брзината, тогаш, како што самата вели: „Ми се чини како целиот свет да е мој“!



Моторите и се најголемата страст

Да, нејзината страст и пасија се моќните машини на две тркала. Уште од најраното детство ја привлекувале моторите, а првиот, што како самата ни кажа, “го скротила“ на околу 10-годишна возраст, возејќи го низ улиците и сокаците на Струмица, бил тогашниот хит за младите „моторџии“ на овие простори, словенечкиот мотоцикл Тomos APN.

„На овој мотоцикл научив да возам. И од тој момент мирисот на октаните и струењето на ветерот во косата, како и сечењето на свиоците, ми влегоа под кожа. Набргу потоа возев Aprilia 50, a по неа Аprilia 125 сс. Едноставно, уживав во секој миг во возењето на овие мотори“, се навраќаше во не така далечното минато младата девојка.

Се ределе мотоцикли со голема моќност, а денес во својата гаража во Минхен има два моќни мотора: Yamaha R1 и Yamaha 600.

„Две суперсилни машини што со самата своја појава ви го креваат адреналинот во крвта, а возењето со нив е вистинско уживање за секој вљубеник во моторите. Понекогаш со нетрпение брзам да ги завршам работните задачи и обврски за да можам потоа да се релаксирам јавајќи на моите железни атови. Секој миг поминат со нив ми претставува вистинско уживање и релаксација“, со нескриен жар ни зборуваше Софтовска.

Често побрза од машките колеги

Иако досега не учетвувала на официјални шампионати на мотоциклисти, ниту во Германија ниту кај нас во Македонија, а ниту, пак, е член на некој спортски клуб на бајкери, сепак, атрактивната девојка има солидно натпреварувачко искуство. На неколку пати се натпреварувала со своите машки колеги на патеки низ сообраќајниците и во Германија и во Македонија, во Струмица, Неготино и во Пробиштип.

„На трката во Неготино дојдов на мојата Yamaha со цел да бидам само набљудувач на трката, односно да гледам како другите моторџии се натпреваруваат. Но, во зовриената атмосфера каде сите сакаат да ги покажат своите миленици на две тркала и се што можат со нив да изведат, ми пристапи едно момче по потекло од Охрид, кое од Америка дошло да го следи овој настан и да биде дел од него. Кога ме виде на моторот, ме праша дали би се тркала со него. Го одбив. Но, потоа друг моторџија, минувајќи крај мене ми дофрли: „Женска, се тркаме?!“ И јас го прифатив предизвикот. Тогаш стартерот гласно извика „женската иде“, и сите наоколу ги извлекоа мобилните телефони и фотоапаратите за да ме сликаат. Ми стана непријатно. Не можев да стартувам бидејќи пред мене имаше „жив ѕид“ на љубопитни. Морав да ги замолам да се тргнат за да можам да возам. Како и да е, го победив предизвикувачот. Сите аплаудираа. Атмосферата беше фантастична, бев многу среќна, но по малку ми беше и непријатно затоа што претходно го одбив предизвикот на Американецот со македонско потекло“, со возбуда во гласот прокоментира Ленче Софтовска.



Гаража полна со моќни машини

Инаку, нејзиниот возен парк, покрај мотоцикли има и моќни автомобили. Така, во нејзната гаража биле паркирани и еден Nissan 350Z, потоа Porsche GT, Volkswagen Phaeton и Volkswagen Touareg.

„Да навистина ги сакам моќните и брзи автомобили. Уживам во возењето на Porsche GT и на Phaeton V 10 TDI. Сепак, повеќе од тоа сакам да возам мотор. Ништо не може да го замени чувството што го имате кога го налегнувате моторот во моментите кога ги минувате свиоците, притоа доаѓајќи само на неколку милиметри од асфалтот. Или, пак, кога го слушате рецентниот ѕвонлив звук од ауспухот и кога студениот ветер ви ги милува образите“, со блескав пламен во очите и со голем ентузијазам, коментираше Софтовска .

Љубовта кон возењето наследена од мајка и

Љубовта кон возењето ја наследила од мајка и, иако, како што самата вели, во нејзините потфати има голема поддршка од татко и, кој е горд што ќерката е одличен возач и на две и на четири тркала, а самиот не вози.

„Јас сум повеќе на мајка ми. Таа има талент за возење и сега во семејството само ние две возиме. Татко ми и сестра ми, кога се работи за возењето, се некако посмирени и не сакаат многу возбудувања. Сепак, најмногу забелешки имам токму од мајка ми, која вели дека пред се сум девојка и мора да бидам елегантна, дотерана, на штикли и во фустани“, со насмевка на лицето коментира Ленис, како што во Германија ја викаат Ленче.



Со 300 на час на мотоцикл

За рекордот од 1.516 километри од Минхен до Струмица поминати за само 13 часа и 30 минути (во што се вклучени и застоите на патарините и граничните премини и повремените паузи) е врзана интересна приказна. За да го постигне тоа време, Ленче Софтовска, на моменти, на автопатиштата низ Германија, Словенија и Србија, возела и со брина од 300 км/ч, па дури и со поголема од таа.

„На мојот покажувач на брзина, во еден миг забележав дека возам со 299 км/ч. Но, на местата на кои застанував да се одморам, до мене доаѓаа возачи на спортски автомобили, Porsche, Ferrari, Lamborghini…, прашувајќи ме дали јас го возам моторот. На мојот потврден одговор, во чудење и со восхит ми велеа дека тие возеле со брзина поголема од 300 км/ч, но дека не можеле да ме следат“, додаде Софтовска.

Авантури за помнење

При оваа авантура имала интересни, и пријатни но и непријатни доживувања. Од пријатните ги издвојува тие кога сите ја поздравувале и и се восхитувале. Така, дури и попат изгубената регистарска табличка не ја запрела во авантурата.

„На граница, на влез во Србија, забележав дека некаде по пат низ Србија ми испаднала табличката. Полицаецот на преминот со недоверба ме гледаше. Едноставно, не можеше да верува дека вака „ситна“, девојка, вози толкав мотор. Згора на тоа, вози со штикли. Кога му кажав дека така возам цел пат од Германија, ме гледаше со чудење. Ма замоли да му покажам како тоа успевам да возам со високи потпетици. Јас веднаш се качив на моторот, ги зедов документите, дадов гас и ја поминав границата, весела дека полицаецот не ме запре“, низ смеа коментираше девојката.



Од негативните моменти го издвојува тој што и се случил на самиот почеток на патувањето. “Некаде на 60-ина километри од Минхен, почна да врне силен и студен дожд“. А јас, освен кацигата немав друга специјална опрема да ме заштити од студот и од дождот. Возев во фармерки и на високи потпетици. Студените капки дожд како игли ме бодеа по нозете и по телото. За среќа, невремето помина за час“, додаде таа.

Признанијата поттик за нови рекорди

По постигнатиот успех и стасаните признанија меѓу кое и од министерот за сообраќај на Германија, се забораваат сите непријатности и сите тешки моменти, заклучува Ленче Софтовска. Возбудливата авантура како и бројните трки и донеле многу пријатели и обожаватели. Како што вели, кога повторно би била мало девојче, повторно својата страст и љубов би им ги подарила на огнените атови на две тркала.

Самата, пак, ако има ќерка, вели дека не би и забранила, туку, спротивно на тоа, би ја поддржувала во пасијата кон моторите.

Во иднина Софтовска планира да постигне уште вакви рекорди, или да го подобри сегашниот. Идејата и е да собере и неколку спонзори, а средствата собрани од нив би ги наменила за хуманитарни цели, на пример за болници или за деца без родители.



Лична карта

Ленче Софтовска е родена пред 29 години, на 12 мај, во Струмица. Како мала со родителите заминува во Минхен, Германија, каде, како што вели, е нејзиниот втор дом.

Откако знае за себе е вљубена во моќни октански машини, пред се во моторите. Рекордот од 1.516 километри минати за 13,30 часа, е постигнат на деветти јули 2008 година. За постигнатиот рекорд, министерот за сообраќај на Баварија и врачил признание и пехар. Ужива во чадот на гумите и октанските испарувања на брзинските натпреварувања. Покрај тоа, многу сака да патува и да запознава нови средини, култури и луѓе. Последното патување и е во Катар, каде уживала во непрегледните плажи и подводниот свет богат со тропски риби. Весела е и сака да се дружи со младите од целиот свет.

Глисерите втора љубов

На неодамнешното патување низ арапскиот свет, во Доха, Катар, Ленче ја „сретнала“ својата втора голема љубов. Имено, младата девојка уживала во возењето со прекрасни моќни глисери и брзи јахти. Големото непрегледно синило и нескротливата сила на морето и океанот, од тој момент неодоливо ја привлекуваат. Чувството на управување со брзи и моќни глисери и наликува на јавањето на моќните мотори.

„Струењето на ветерот околу ушите и возењето под ведро и сончево небо, е вистинско доживување кога во рацете имате контрола над илјадници расни грла. Безграничната слобода и огромната моќ што ја контролирате, дава неповторливо чувство. Возбудата е неспоредлива. Се надевем дека некогаш ќе успеам да купам вистински глисер”, ни се довери Софтовска.

hrabra devojka sekoja cesta za nea (y), a bogami dobra e :drk::drk::drk: :pipi:
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Убава,убава е! Само ова е оддамна напишано, малце касниш. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom