Авто новости

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не е битно,битно е да ставиш слика на фејсбук и да кењаш како ти е жал а до вчера не си ни чула за MotoGP и за момчево..(ме сваќаш што сакам да ти кажам..)

R.I.P
Добро де, што ако не го знаеле некои и сега ставаат слики? Селективно мора да се изразува почит? Се хејтери околу нас...
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Ги гледам сликиве и не ми се верува, страшно. Кога го видов видеото од несреќата не ми се веруваше дека е можно на тој начин да го заврши својот живот. Загина на местото(патеката) кое што веројатно најмногу го сакал и од моторот на својот веројатно најдобар другар од сите возачи во мотоЏП.
Како и да е, спортската јавност ќе го памети овој ден, а тоа најдобро ќе го паметат неговите најблиски. После авионската несреќа во која загина целиот хокеарски тим на Локомотив ова е една од работите кои ме шокираа највеќе ... Почивај во МИР!!!

Инаку знае некој да ми каже што значи ова "SUPER SIC" некој надимак??
Колку шт разбрав тоа SIC е од Симончели , СИЧ така го викаат на Скај Италија .
Може грешам нека ме поправи некој ама мислам тоа е
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Надимакот му е тоа, Sic, SuperSic.
 
А

Анноун

Гостин
пред една недела исто загина возач во Индикар , бивш шампион , страшен судир на 15тина автомобили.

сега ова .. не знам што да кажам , во овие спортови секој миг може да се случи ужас . кога го видов клипот се згрозив .се намести со цело тело под двата мотора. невозможно беше да го избегнат.

ми беше меморирано дека беше шампион до 250 класата. нека почива во мир .
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Видете на видеово како падна, во 99% од ваквите ситуации они лизгаат на страна, и завршуваат покрај патеката а он остана закачен за моторот и се движеше во спротивна насока ( веројатноста за ова беше убер убер мала ) која го сечеше движењето на Едвардс и Роси, и беше удрен и од двајцата со тоа што Роси удри директно во главата, удар кој се покажа како фатален.


Вака било кој од овие на патекава да се обиде да остане на мотор нема да му успее, од 100 обида, али ете, мораше баш сега тоа да бидне, и мораше баш неговиот најдобар другар '' да го убие ''.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
^^Точно реткост се ваквите ситуации но сепак од судбината не се бега.Добро се забележува дека на моторот се држи се до ударот што исто така е реткост,а уште по неверојатно е тоа што избега на десно а не на лево како што е случај во 99,9% од ваквите падови.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Да не се покажеше и вториот дел од снимката и човек да не знае за што станува збор, под дифолт ќе се удреше на тоа дека возачот паднал на страна, ја прво кога го гледав видеово ( дека прв пат и оваа репетиција ја начекав ) помислив дека за некоја друга трка станува збор и дека возачот паднал али испадна дека уствари ова е еден друг кадар од цела оваа фрка од камерата поставена на моторот на оној кој беше позади него.

Го слушнавте и коментаторот што кажа, истото што и ја погоре, прееска не обрнав внимание на она што тој го говори, во 9 од 10 вакви случаи моторот продолжува на страна што ќе значеше еден типичен инцидент за мото трките, неизбежни се истите, но ете, наместо тоа да се случи се издеси голема трагедија.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Незнам што да кажам од едноставна причина што движењево неможе да го објасни ни физиката.Кога се би било нормално Марко заедно со моторот би се излизгале на левата страна од патеката како што е во скоро сите вакви падови.Како некој да сакаше вакво движење да се случи во моментот кога позади него од неговата десна страна имаше 2 мотори од кој едниот на неговиот најдобар пријател кој што беше приморан да помине преку неговата глава.Тоа е животот најголемата курва што постои ...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Да, ќе отидеше во таа насока за која зборувате меѓутоа погледнете моторот како е поставен кога почнува да се движи накај Роси и Колин, ја менува траекторијата на движење, видете убаво. Можеби во падот Симончели го повлече моторот накај себе и почна да се движи накај нив, не накај левата страна од патеката. Жално :(
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Да, ќе отидеше во таа насока за која зборувате меѓутоа погледнете моторот како е поставен кога почнува да се движи накај Роси и Колин, ја менува траекторијата на движење, видете убаво. Можеби во падот Симончели го повлече моторот накај себе и почна да се движи накај нив, не накај левата страна од патеката. Жално :(
Незнам колку е ова возможно.Моторот по дифолт треба да се лизга на лево па замисли која сила му е потребна на Симончели да го повлече накај себе плус моторот е во движење така да ова излегува дека е апла невозможно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Незнам колку е ова возможно.Моторот по дифолт треба да се лизга на лево па замисли која сила му е потребна на Симончели да го повлече накај себе плус моторот е во движење така да ова излегува дека е апла невозможно.
Радијалната брзина/забрзување си го зеде својот замав тука :), менување по насока. Ретки случаи ама малку фали и за жал се случи.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
^^Точно реткост се ваквите ситуации но сепак од судбината не се бега.Добро се забележува дека на моторот се држи се до ударот што исто така е реткост,а уште по неверојатно е тоа што избега на десно а не на лево како што е случај во 99,9% од ваквите падови.
Се држи на моторот оти сака да го крене,а во исто време целата тежина од моторот е врз него и ја намалува брзината.Да била поголема брзината и не толку легнат моторот можел да се извлече.Моторот лево тој десно

Лесна му земја
 

Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89
Да го пуштеше моторот наместо да проба да се врати на патеката немаше да загине, ќе лизнеше во тревата и толку, ама ниеден тркач не би го пуштил моторот. Нека почива во мир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom