Еве еден многу добар туторијал како (handmade) да си направиш турбо полнач по дома во 1/18 размер
Потребни делови
Се бушат пластичните тркалца или може и мали копчиња од гардероба (вршат работа)
Потоа истите се надаваат на пластична или алуминиумска тенка цевка
Се сече мало делче од цевката за подоцна да служи за усис на лептирот на турбината
Еве како изгледа додадено
Од парче тенка пластика се прават две квадратчиња со дупка во средина (колку што е дебела цевката)
Се додава квадратчето како на сликата
Па другото тркалце или копче
Потоа, се зема друга пластична цевка и се сече на косо врвот во шпиц со тоа што да биде малку заоблен (види на сликата)
И потоа се лепи на предното тркалце. Истото се повторува и за задното тркалце (копче) само цевката треба да дојде од другата страна (ако на предното е од лева, на задното да биде од десна страна и обратно)
И веке сме готови, останува уште да се обои со сребрена боја (по мене првото тркалце и цевките во сребрен а заднот во мат црна боја)
Вака наизглед изгледа комплицирано ама кога ке пробате ке видите дека е многу лесно и изгледа ептен реално