Автомобили во размер

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Ме интересира дали на форумов има колекционер на автомобили во размер 1:18, 1:24, 1:32, 1:43.... Значи станува збор за детални die-cast моделиoд произведувачи како Autoart, Kyosho, Maisto, Minichamps, Burago, Welly, а не играчки .
Мојата скромна колекција ја започнав пред некој месец откако случајно најдов две одлични макети во книжара во градот. Одамна планирав сериозно собирање на макети, но немав шанса да започнам поради различни причини.

Планирам да собирам претежно теренци, и секој модел на Јеер кој ќе влета :) Хондата не ја бројам затоа што понудата едноставно не се одбиваше.

Aко некој има некој модел слободно претставете го тука, jaс ќе почнам :)

1:18 Honda S2000 Japanese version (со десен волан) од Maisto









1:18 Mercedes ML55 од Maisto









Желбата за собирање макети започна со следниов модел. Сакав да го имам во сталажа по секоја цена, и го набавив преку германскиот ибеј, па пријател ми го донесе од Германија.

1:18 Wrangler TJ Rubicon од Maisto





Ова го набавив од Рамстор, 1:24 Wrangler JK од Welly. Деталите се одлични и сум изненаден од вкупниот впечаток. Единствена мана е што не се прави во 1:18 размер.











Mоделите кои ги правев сам во размер 1:16 ќе ги претставам накнадно, имам завршени 1944 Willys MB и 1953 Willys CJ3B. Моментално работам на Wrangler YJ (1989-1995 модел).

Бујрум, претставете ја вашата мини гаража.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Порано имав околу 15-ина бураго макети не се сеќавам добро но паметам дека имав:Фиат чиквоченто,2-3 ферари,мерцедес,2 бмв,1 Јееp,хонда,рено,фиат пунто и на другите не се сеќавам.Колку што знам сега тие макети се во катастрофална состојба (без врата,без ретровизор)но ќе се обидам да ги најдам (не верувам дека ќе најдам повеќе од 2-3).Aх ми разбуди стара љубов.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
144
Поени од реакции
7
Јас немам мини гаража но баш би сакал да имам капри мк1 и фиат 1100
Каде би можело да се најде и по која цена?
пс колку ти испадна Wranglerot од германија
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
876
Поени од реакции
462
ја имав бурага ама од оние готовине шо не се составуваат (не е интересно така работата е сам да ги составиш) и подоцна се префрлив на макети од авиони
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Јас немам мини гаража но баш би сакал да имам капри мк1 и фиат 1100
Каде би можело да се најде и по која цена?
пс колку ти испадна Wranglerot од германија
Капри Мк1 го прави Minichamps во размер 1:18 со супер детали, ама и по солидна цена - http://cgi.ebay.de/Ford-Capri-1700-GT-1969-beige-Minichamps-1-18-OVP-/260602749943?cmd=ViewItem&pt=Spielzeugautos&hash=item3cad2263f7 Ова е 1700ГТ, а се прави и RS моделот.

Вранглерот излезе €34 сосе поштарина, ако доаѓаше до Македонија ќе чинеше дупло.
 
?

..........

Гостин
Имам ферари, големо колку една педа, ако сакаш ќе ти го дадам, само да го најдам каде е има една скршена врата,(може да се намести ја чувам) и му фалат две тркала, кој за жал се изгубени.
Играчката ја добив како подарок од италјанец, кога бев мал, некаде 92,93...

--- надополнето ---

Еве слично е со ова, можеби истото е..

 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Јас имам околу 30-тина Бурага но по значајни ми се макетите што сам ги правев (од лим, картон ...)

Еве еден пример од оние кои јас ги правев



 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Еве нешто друго.

1963 Corvette StingRay од Superior (размер 1:32), малку познат произведувач но модел со фини детали. Ја добив како подарок за роденден од Америка и затоа ми е посебно драга.









 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
дали во скопје некаде може да се најдат макети на автобуси?
јас барав и не најдов :(
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Искрено не знам, тешка работа. Камиони, автобуси и градежни машини ретко кој собира. Имаме ограничен избор на автомобили, што останало за други возила... И да, не спомнав дека цените кај нас се изгор.
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
па и во странство не се баш ефтини. на пример макета на автобус во германија е да речеме над 20 евра
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Ех, ми разбуди спомени од порано. Едно време интензивно собирав од Бураго макети, околу 30 ги собрав од сите големини. Уште ги чувам и се уште ко нови, немаат ни најмали оштетувања. Знам дека имав Porshe 356 B, Chevrolet Corvette, Lamborghini Diablo и Countach, Mercedes 500 sel, Range Rover, Land Rover Freelander, Ferrari F40, Ford Escort RS Cosworth, Fiat 500, Bugatti 110... Моментално ми се прибрани низ дома некаде по плакари, а сакам да направам полици специјално за нив и да ги извадам од кутии, па и да збогатам колекција со некој примерок. :)

@JeepMkd
Кажи од кај ги зеде моделите и по која цена ги има низ Скопје. Преферирам Бураго да се, ама и Маисто не одбивам.

@Sanos_a
Јас имам од Маисто макета на Неоплан, 1:36 или 1:48, незнам што размер е точно, ама мала е, најмногу колку една дланка да е во големина и арно ме потсети да разбуричкам низ дома каде е зафрлена.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Имам дома две дузини BBurago колички од времето ко сум бил мал. За чудо сите (освен првите две) се здрави без никакви оштетувања или гребаници,

Прво памтам ми купија некаков сив Saab, него цел го демонтирав, дури и вратите му ги извадив :), потоа ми купија убав црвен Jaguar XK150 Roadster, преубаво изгледаше ама и тој не траеше долго - дури и пократко од првиот (многу беше нежен).

Поучен од ова како ќе купеа количка ја пикав право во регал и си играв со пиштоли :)

Еве две

Mercedes-Benz 300 SL 1/18



Ferrari 348 tb (1989) 1/18

 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Одлично, мислев дека сум сам на форумот и не ве интересираат модели.
Razor, од макетите само црвениот Вранглер е од Скопје земан, поточно од Рамстор. Цените кај нас се движат од 200-300 денари за 1:43 па од 1500 до 2500 за 1:18. Поскапо од што се продаваат надвор од Македонија. Конкретно Вранглерот кој е во размер 1:24 од Welly го земав 650 денари. Инаку, Бураго не произведуваше макети откако ја изгуби лиценцата за Ферари, но сега е купен од Маисто и е рестартиран, квалитетот и цените се тука некаде. Патем, Ферари сега го произведува HotWheels и цените се од $50 па нагоре. Секако тука се и Kyosho и AutoArt, ама тие се посериозни произведувачи.

Eddie rebel, "Gullwing"-от до скоро го правеше само Бураго/Маисто, но сега конечно го прави Minichamps (не сум сигурен баш) па и цената ќе биде изгор, ама го прави овој од Бураго играчка. Сепак, закон модел кој и јас планирам да го набавам, Маисто секако.

Чекам фотки :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom