Авио лудории

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ок не буквално лудории со авионите туку лудости од авионите и останати необични случки како оваа (најтазе):

“Дами и господа. Ве предупредуваме дека авионот можеби ќе се урне во море!”, отприлика гласела пораката која на среде лет со 275 патници, била пуштена по грешка.

Инцидентот се случил во авион на Бритиш Ервејс кој летал од Лондон кон Хонг Конг, кога пилотот наводно притиснал погрешно копче. Членовите на екипажот веднаш истрчале од кабината за да ги убедат испаничените патници дека станува збор за ненамерна грешка.

“Луѓето беа преплашени. Помисливме дека сите ќе умреме. Ни рекоа дека пилотот притиснал погрешно копче, бидејќи копчињата биле поставени многу блиску едно до друго”, раскажува еден од патниците.

Авиокомпанијата јавно се извини за гафот кој непотребно предизвикал паника. Додека повеќето медиуми пишуваат дека за тоа бил виновен пилотот, Ројтерс ја пренесува изјавата на портпаролот на Бритиш Ервејс, кој рекол дека е отворена истрага која ќе покаже дали тоа било човечка или компјутерска грешка.


Извор

Или па овој:

Можете ли да претпоставите што ќе се случи ако стјуардесата изгуби нерви додека летате со авион? Токму тоа му се случило на 38- годишниот стјуард на авиокомпанијата Џет Блу аирланјс од САД, Стивен Слејтер, а еве што направил:

На летот од Питсбург кон Њујорк, откако слетале на аеродромот Кенеди, Слејтер се спречкал со патничка која почнала да го вади багажникот додека слетувал авионот. Стјуардот побарал од неа да седне на своето седиште, но жената го игнорирала и продолжила да ја извлекува торбата со која ненамерно го удрила по глава. Слејтер побарал да му се извини, но оваа му рекла да „оде..“ и го нарекла „мамое...“.

Во тој момент стјуардот буквално „излегол од кожа“, го грабнал микрофонот од разгласот преку кој ги испцул сите во авионот, особено жената што го „почестила“ со погрдни зборови.

Потоа, го отворил излезот за итни случаи и го напуштил авионот преку безбедносниот душек.

По инцидентот заминал дома во Квинс, каде по кратко време дошла полицијата и го затекнала во сексуален однос.

Обвинет е за повеќе криминални дела, меѓу кои и за доведување во опасност на работно место. Ако судот го прогласи за виновен, Слејтер се соочува со казна затвор од седум години.

Џет Блу аирлајнс се огради од инцидентот и наведе дека патниците во ниту еден момент не биле доведени во опасност.

Слејтер сепак доби масовна поддршка од своите колеги кои навеле дека никој всушност не разбира каков стрес доживуваат луѓето што ја работат таа работа.


извор

Или па оваа:

Стјуардеса на германската компанија „Луфтханза“ почнала борба со перници на повеќе од шест илјади километри над земјата

На летот од Тел Авив до Франкфурт стјуардесата почнала да дели перници, а неколку весели патници почнале да си ги фрлаат еден на друг. Стјуардесата набрзо и самата ја прифатила шегата и преостанатите перници ги поделила гаѓајќи ги патниците, кои очигледно исто така се забавувале.

Веселата стјуардеса не добила прекор од своите надредени поради однесувањето, туку поддршка:

- Тоа е вистински пример дека и тие што се возат во економската класа може да уживаат во летот - се пошегувала портпаролката на компанијата.

Еден од патниците што бил во авионот, исто така, ја пофалил стјуардесата.

- Тоа дефинитивно ја намали тензијата. Сите имаа насмевки на лицето и сите бевме добро расположени. Луѓето секогаш изгледаат јадно кога летаат и ова беше совршен начин за почеток на летот. Тоа би требало редовно да се прави на сите летови - додал патникот.


извор

---------------------------------

Е она што ми фати око и заради што и ја отворив темава е следното:

Дами и господа. Ве предупредуваме дека авионот можеби ќе се урне во море!”, отприлика гласела пораката која на среде лет со 275 патници, била пуштена по грешка.

Инцидентот се случил во авион на Бритиш Ервејс кој летал од Лондон кон Хонг Конг, кога пилотот наводно притиснал погрешно копче.
зошто по ѓавола би имало копче за вакво известување и тоа истото да биде лесно достапно, т.е сместено до некое од останатите основни копчиња во кокпитот
 
С

сашенко

Гостин
Пилотот притиснал погрешно копче и на патниците им се пуштила порака дека авионот ке се урне? :pos2:.Абе авионите имаат многу копчиња ама тоа ПРИТИСНАЛ ПОГРЕШНО КОПЧЕ и друга порака се пуштила........:zid: Значи за различни пораки пилотот има различни копчиња во авионот? Сега ми е јасно зашто авионите имаат толку многу копчињааааа...
 
T

Tetro

Гостин
Пилотот притиснал погрешно копче и на патниците им се пуштила порака дека авионот ке се урне? :pos2:.Абе авионите имаат многу копчиња ама тоа ПРИТИСНАЛ ПОГРЕШНО КОПЧЕ и друга порака се пуштила........:zid: Значи за различни пораки пилотот има различни копчиња во авионот? Сега ми е јасно зашто авионите имаат толку многу копчињааааа...
тоа е како ди-џеите: имаат две рачки, една назад-една напред, друѓите се со комбинација од двете :kesa:
 
Член од
15 април 2010
Мислења
15
Поени од реакции
2
Епа не знам некои вакви ама можам да споделам со вас што мене ми се има случено ...

Насловот нека биде .... "Plane toilet"

Значи, беше мислам мојот прв или втор пат во авион, не ми текнува, имаше големи турбуленции и не смеевме многу, многу да се шеткараме низ авион. Е сеа ми се идеше у веце. Фино лепо си станав, отидов, и почекав малце надвор пошо беше зафатено. Младичов излезе, ја влагам и има шо да видам... на шојљата од внатре се цедат бели капки и мене тука ми идеше да повратам затоа што мислев дека типот пред мене свршил ебате -.-, али лажна узбуна такви биле авионските шојљи! Ај бидна тоа шо бидна, откако се вратив во нормала, си седнав на шојља и одеднаш се почна да се тресе, мене коа ме обли еден талас од пот, си викам готово, малерот у веце ќе умре, нема спас! И после едно 15ина секунди се стабилизира. Добро е, ми падна камен од срце. Ајде сеа друг проблем, кај да пуштам вода (летавме од Германија, а ја германски-трупец, никад не сум учела тоа и не можев да прочитам). Врти се-сучи се, барај, па коа случајно ме акна тоа штицата за бебиња. Како и да е, го најдов touch button-от за пуштање вода, измив раце, се избришав и 100 пати се покајав шо влегов.

пс: За се има прв пат.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Епа не знам некои вакви ама можам да споделам со вас што мене ми се има случено ...

Насловот нека биде .... "Plane toilet"

..................................ј да пуштам вода (летавме од Германија, а ја германски-трупец, никад не сум учела тоа и не можев да прочитам). Врти се-сучи се, барај, па коа случајно ме акна тоа штицата за бебиња. Како и да е, го најдов touch button-от за пуштање вода, измив раце, се избришав и 100 пати се покајав шо влегов.

пс: За се има прв пат.
хе...!!! ама овој твојов бил ептен стрессен:)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
при еден мој лет, мислам дека идев накај мичиген тогаш, до мене седеше еден фосил од 86 години, од унгарија... да му ебам тоа сељачкото се уби од прдење... кога ке прднеше пола авион се усмрдуваше, тоа штипе на очи, тоа пече на лице... и типот до него од другата страна, го стисна копчето за стјуардесата да дојде (стрина деса:pos2:), и ја замоли човекот до него да биде преместен на некое друго место, ама така гласно го кажа да едно 30 луѓе се убија од смеење, ама и аплауз доби човекот... а фосилов мува не го лази, си продолжи со прдење, демек тоа било посилно од него... па иди бре у вц, испопрди се на раат, иссери се ако треба и биди нормален.. остави ги другите да дишат ебате тоа моржот...

а да... еднаш ме фатија и со цигара во вц... на аеродром во индонезија ме приведоа на кратко, ми одража лекција од 5 минути, ме испозапишаа на 300 места, ми дадоа правилник со кодекс за однесување и ме пуштија без казна:pos2: им се правдав дека е заради стресот од летањето, дека во воздух сум скоро 40 саати и дека сум бил под голем стрес...
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
зошто по ѓавола би имало копче за вакво известување и тоа истото да биде лесно достапно, т.е сместено до некое од останатите основни копчиња во кокпитот
Што има „поосновно“ од тоа да бидеш веднаш известен дека можеби ти остануваат неколку кратки минути или секунди до крајот на животот? И зошто е копчето толку блиску до „поосновните“?
How about... да си кажеш молитва, да се покаеш, да се простиш од најмилите, да ти прелета филмот на животот... Not close enough? :smir:
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
278
Поени од реакции
177
Откако го открив видеото нема ден а да не го гледам...бар еднаш. :)

 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
A ova e REALNOSTA!!....posledniot let na edna eskadrila......:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Немаме посебна тема за пара-глајдинг, па ајде тука...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom