B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
Ова е страшно:
КРИВИЧНИ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ РОДИТЕЛИ КОИ ГО ОСТАВИЈА БЕБЕТО НА БИТ ПАЗАР
ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРОНАЈДЕ РОДИТЕЛИТЕ НА НАПУШТЕНОТО БЕБЕ
24- годишната прилепчанка Васвија Саити е мајката на едномесечното бебе, кое беше пронајдено во околината на Бит Пазар. Во вторникот со воз го донела бебето во Скопје. Го однела на улицата Славеј Планина, го оставила и се вратила во Прилеп.
Но ова не било прв пат Васвија нечовечки да се однесува кон своето машко новороденче. На 30-ти минатиот месец, физички го малтретирала немоќното дете, кое тогаш имало неполни 3 недели.
Таа заедно со својот 24- годишен невенчан сопруг Сулејман ќе бидат изнесени пред истражен судија. Од прилепската полиција велат дека за овие злодела покрај кривични пријави, не е исклучена можноста несовесните родители да заработат и притвор.
Пред полициските инспектори Васвија се правдала дека сакала да го остави детето во Центарот за Социјални работи во Прилеп. Но од таму била одбиена бидејќи новороденчето немало единствен матичен број.
Напуштеното новороденче се уште се наоѓа на Клиниката за детски болести. Неговата здравствена состојба е стабилна,откако завчера беше премрзнато. Од клиниката велат дека ако не било најдено на време, можело да заврши и фатално, бидејќи температурата таа вечер се спушти неколку степени под нулата.
Сител открива дека Васвија Саити и е позната на полицијата. Минатата година нејзината ќерка Санџана Мустафовска беше убиена од очувот, со кој тогаш живеела Васвија.
Овој монструм од жена дефинитивно не заслужува да биде мајка. Оставила бебе од 1 месец на минусни температури. Претходно дозволила да и` убијат дете и тоа убиецот е маж кој таа го одбрала за партнер и го донела дома. Детето, за жал, веќе го нема, ама и тогашниот дечко го нема. Не го абортирала, му дала живот, ама и му го зела. И повторно сега истото со второто дете.
Ова се случаи кога јас велам дека подобро е да се абортира, отколку да се роди и фрли на улица, сега во вистинска смисла на зборот.