Не што не мора туку и не ме интересира зошто си дала реплика. И сама знаеш зошто ваква реакција и тоа не само од мене.Тоа што давам реплика и зошто давам реплика не мора да те интересира. Од каде знаеш зошто се одлучив да водам дискусија овде? Може некој мој близок роднина или пријателка поминала низ тоа . Од каде знаеш зошто сум против абортус? Според тебе, воопшто не треба да се изнесуваат мислења на темава и треба да се заклучи затоа што сите се мешаме и донесуваме одлука за останатите како да постапат. Не, јас никаде не изнесов што треба да направи девојката на Лукс или некоја од трети спрат од соседната зграда. Кажав од моја гледна точка затоа колку што знам ова е јавен форум во кој секој може да го изнесе своето мислење, а ти зошто си плачко тоа е друга тема за зборување. Научи се да прифатиш и останато мислење. Овде не се важни само твоите и останатите кои мислаат исто како тебе, туку сите.
Why I'm not surprised? Ова е Македонија и ако некој нема исто мислење е човек без едукација, човек кој се меша во друг живот. Ништо ново. Не сакам да ти го наметнувам мојот став и мислење, искрено не знам што би бил твој следен пост против мене.
Не е моја работа, и нема јас да имам главоболка а утре тие кои се во оваа ситуација се зачленуваат на форум и бараат помош па нормално е секој да се искаже.
И не мора да бидеш нападен, човек сум и разбирам.
Мене ова ми личи на директно мешање така да толку од твојата изјава за неутралност или немешање во одлуките на девојката на Лукс или девојката од третиот спрат од соседната зграда.НАПРАВИ НЕШТО. Спречи ја.
Оф лелеТи ма се читаш ли што пишуваш или ти е полесно да мудруваш пред да прочиташ поубаво што напишав?
Не ми глуми паметна овде и не скокај на мене како мајмун на банана во зоолошка затоа што повеќе од очигледно е дека не си го сфатила мојот пост па полесно е овде да глумиш безгрешница само затоа што мислиш дека си во право.
А да ти објаснам со боички може? За да ме сфатиш поубаво зошто гледам клиќерот во главата не ти работи.
А ова значи и за твоите пријателчиња што ме нападнаа а не се чукнаа во глава пред да пристапат на мојата реплика.
Знаеш ли ма ти што е бебе зачнато од силување и кои последици има по менталната состојба на девојката? Трауми, потсетување на тој грозоморен чин затоа што е бебе од насилство, бебе зачнато без љубов, бебе од некој од кого не можела да се брани. Си била ли ти ма изложена на силување за да знаеш како се чувствува девојката, а да не зборувам што би било доколку го роди бебето? Нема да го сака ма.
Бебе зачнато од активен сексуален живот на девојката со својот партнер, без притоа да посети стручно лице за да ја упати во сите предности и последици од срам и без заштита и свесно прават бељи внатре не одобрувам. Познавам девојка која два пати беше подложена на абортус, бремена од својот партнер. Кај е овде ма срамот? Meне да ми било срам а 13 14 годишни деца прашуваат за најдобрата секс поза а потоа кога нешто тргне наопаку пу пу не важи ќе се подложам на абортус, следниот пат повторно истото.
Е овде не е се работи мори за траума, туку за свесно изложување на сексуален чин со својот партнер без притоа да се заштитат од бременост. Срам мене да ме биде, срам да те биде тебе што упаѓаш на овој начин без притоа да укапираш на што јас целам. Тешко им било да купат кондом, се срамат да посетат гинеколог а немаат срам кога се сексаат читај СВЕСНО без контрацепција и утре зидот се запознава со твојата глава. Сите знаеме како се прават деца или живееш во бајка дека штркот носи? Несакана бременост било, кај била пред да стапи во сексуални односи со својот партнер без заштита, и свесна за полово преносливите болести? Најголема грешка е што не посетуваат гинеколози и што не се блиски со своите родители, а не им дошло на памет ќе се сексат па што биде биде. Кој е овде неедуциран и кого треба да биде срам?
Ниту е прва ниту е последна што била бремена на тие години. На 16 години пелени менуваат без да размислат претходно. И не знам дали примети ама јас не посочив ништо лошо кон родителите туку кажав дека нормален е стравот од родителите ама тебе ти е полесно на овој начин фаќајки се за сламка, читајки еден пасус и свртуваш во твоја полза.
Многу на таа возраст родиле бебе и ден денес ништо не им фали. Успешни млади жени со завршени студии.
Паметната она,.
Денес жените имаат потреба и желба за многу повеќе од тоа да бидат само мајки и нечии сопруги.Што ти е поентата, денес е потешко да се изгледа дете?
Тоа е се во ред, но не значи дека треба да одат на абортус како да одат на кафе. Еднаш кога ќе се случи да остане бремена има избор, потребно е малку време за размислување со ладна глава. Ти овде, а и неколку други, пишувате како од прирачник: девојката има 19, therefore прерано и е, therefore абортус. Тоа е груба симплификација на работите. Јас познавам голем број на девојки кои се омажија и имаа деца на 19 (сега, не на времето од баба ти и баба ми). Имав колешка која затрудне на 19, го роди детето и заврши факс гледајќи го. Неверојатен капацитет.Оф леле
Денес жените имаат потреба и желба за многу повеќе од тоа да бидат само мајки и нечии сопруги.
На баба ми врв во животот и било завршено средно образование и мажачката.
Сега веќе треба да се карамеТоа е се во ред, но не значи дека треба да одат на абортус како да одат на кафе. Еднаш кога ќе се случи да остане бремена има избор, потребно е малку време за размислување со ладна глава. Ти овде, а и неколку други, пишувате како од прирачник: девојката има 19, therefore прерано и е, therefore абортус. Тоа е груба симплификација на работите. Јас познавам голем број на девојки кои се омажија и имаа деца на 19 (сега, не на времето од баба ти и баба ми). Имав колешка која затрудне на 19, го роди детето и заврши факс гледајќи го. Неверојатен капацитет.
Секоја планина своја тежина Пумо. Затоа јас не се осудувам да тврдам дека овој или оној избор во конкретниов случај е правилен, бидејќи не ги знам луѓето лично, не ми се блиски, не знам ништо за нив. Тие си знаат. Мое мислење е дека треба да се размисли, не е шала. Кога ве читам вас ми делува како шала.
Пак објасни ми како заклучи дека со леснотија ,,се согласувам,, за абортус?Шала = леснотијата со која се согласувате на абортус. На тоа мислев.
Не предложивме да ја предомисли. Тој самиот рече „тешко дека ќе ја предомислам“ што имплицира дека тој не е сосема во ред со абортусот. Подоцна добив поинаков впечаток. Сепак не се согласувам сосема со вас: да, телото е на девојката и да, ако таа реши да абортира тоа ќе биде тоа. Но не значи дека дечкото треба да биде безгласна буква во процесот, ако тој смета дека има друга алтернатива треба да се разговара за тоа. Треба да се оладат главите прво, што рече некој. Можеби и таа не е сосема во ред со абортусот, само е исплашена од ситуацијата.
Исто така се согласувам со тебе дека детето е обврска и дека ги менува работите, секако дека е полесно ако луѓето се слободни од обврски подолго време за да поуживаат. Затоа и се трудиме избегнеме бременост на девојката додека не сме подготвени. Но во моментот кога тоа ќе се случи непланирано, работата не е повеќе едноставна.
Толку од мене на темава. Со среќа на сите.
Сега веќе треба да се караме
Јас во моево последно излагање на темата се изјаснив дека абортусот никогаш не е лесна одлука или ,,одење на кафе,, - по твое. Освен во некои патолошки случаеви, но такви има во секоја сфера на животот и не можеме да се концентрираме на тој промил.
Дали звучи како од прирачник, или не, можам да зборувам за себе и за она што гледам околу себе - а тоа е дека НЕ, нема потреба од раѓање на деца на 19 години (имам скоро 24, и пресреќна сум што никаде во минативе 5 години не родив дете), освен ако парот сака да роди дете. Тоа е друг муабет и право на избор - мој најдобар другар се ожени на 20, на 21 реши дете да си направи - ако му е така нему арно, мене уште поарно.
Не знам што во моето излагање ти личеше на шала, мртва сериозна сум.
Дечкото прво кажа дека се договориле да абортира девојчето, тоа е НИВНА одлука, и беше даден совет врз основа на неговото прашање.
Ако си одлучат поинаку, повторно е тоа НИВНА одлука.
Ти, а и неколку други, предложивте тој да ја предомисли. Зошто да ја предомисли? Мислиш лесна и била одлуката, па фали уште некој - посебно тој што најмногу и е потребен сега - да и создава дополнителен притисок?[DOUBLEPOST=1418782910][/DOUBLEPOST]П.С. Од оние кои јас ги познавам, а испородија деца во средно и пред да наполнат 20 години општо, ниту една единствена од нив не направи ништо посебно со својот живот.
Сеуште чуваат деца... и чуваат деца.
Кога сите излегувавме сеуште, бевме и самите деца, учевме, се зезавме и едноставно уживавме во својата младост и преодот од тинејџер кон возрасна личност - тие менуваа пелени. И сеуште тоа го прават, едноставно прескокнаа еден преубав дел од животот.
Кога се гледам со нив (на собиранки по повод годишнина од матура, најчесто), едноставно не можат да се вклопат во друштвото. Ниту они проживеале она што најголемиот дел го проживеале, ниту ние имаме што да кажеме за нивните актуелни теми.
Реалноста е дека најголемиот дел од нас ќе стигнат и до пелени, и први чекорчиња, ама на нив ниту младоста ќе им се врати, ниту оној непроживеан дел од животот.
Не сакам да те навредам ама влечеш зборови од уста. Не знам како да ти објаснам и тебе и твоите пријателчиња за подобро да ме сфатите. Треба да го напишам тоа што сака да го слушне тој? Она што тој го сака? Или тоа што го сакате вие? Една работа е реалноста, друга е фантазијата. Нема воопшто да помогне ако го кажам тоа што тој го сака. И сам прочита дека Лукс сака да го задржат бебето, тогаш како некој искусен маж ти би требало да го советуваш правилно, да му дадеш подршка и да го изведеш на правилен пат. Со тоа што му велиш - нејзино тело нејзин избор му одмагаш. Ако моето не помага тогаш твоето ни до пола нема нешто што би го смирило младичов. И гледај малку и претходни мислења. Не го советувам само јас да се бори. Биди за момент во негова кожа и како би постапил ти. Лесно е да мудруваш од страна додека не почуствуваш на своја кожа.Не што не мора туку и не ме интересира зошто си дала реплика. И сама знаеш зошто ваква реакција и тоа не само од мене.
И да има и некои кои заебале работа па бараат совет по форуми како да е во прашање како да смени задна гума на југо. И ти како им поможи во случајот. Одма од прва ги просветли дека после ебање нема каење, па после ги постави на ѕидот на срамот за на крај им обрна внимание на фактот ( секако според тебе )дека ако направи абортус значи е убиец на деца. Ептен им поможи. Малце им се маките уште твојот совет и помош им фалеше.
Според мене ако немаше забележано тука се работи за конкретен случај . Не правиме тука ние муабет за некој општ став и мислење во врска со абортусот каде секој си има право на свое мислење. Тука твоите зборови и совети имаат сосем друга тежина.
Мене ова ми личи на директно мешање така да толку од твојата изјава за неутралност или немешање во одлуките на девојката на Лукс или девојката од третиот спрат од соседната зграда.
Учи ме учителко за правилен правопис затоа што јас не знам ништо.Оф леле
Ај што правопис не знаеш, не знаеш, те молам кратко и јасно објасни ми го ова, без непотребни празни муабети:
1. Што е крив фетусот настанат од силување? Како тоа дете погрешило? Зошто го казнуваме НЕГО?
2. Дали ако дечко ми намерно го дупне кондомот и ми ги смени анти-беби пилулите со Ц витамин, тоа се смета за силување?
3. Посочи ми една, една само жена што ти ја познаваш, која на 16 години родила дете, а денес е со успешна кариера и семејство?[DOUBLEPOST=1418777469][/DOUBLEPOST]
Денес жените имаат потреба и желба за многу повеќе од тоа да бидат само мајки и нечии сопруги.
На баба ми врв во животот и било завршено средно образование и мажачката.
1. Зошто си толку лицемерна? Една работа треба да сфатиш - фетусот, без оглед како е настанат, е фетус, и од негова перспектива сеедно е дали е создаден од доброволен секс или од силување. Тебе во суштина не ти е гајле за фетусот, туку дали таа имала доброволен секс. Ако така размислуваш, така кажи, не се вади на тоа дека е фетусот греота. Да го жалеше фетусот, немаше да бидеш за абортус во случај на силување. Нема потреба да ми пишуваш ПП, без оглед на сите фактори, жената што го носи плодот е одговорна за неговиот живот и не може друг да и биде крив дали ќе раѓа или нема.Учи ме учителко за правилен правопис затоа што јас не знам ништо.
1: Не, фетусот не е виновно овде ништо. Многу си во право. Само што девојката кога ќе го погледне детето ќе се потсетува на тој грозоморен чин, менталната ситуација повеќе ќе и биде влошена. Траума плус. Бебе створено од насилство, бебе створено без љубов, бебе од некого од кого не можела да се одбрани. И да го роди, нема да го сака. Ако сепак таа сака да го роди, овде улога може да игра и самиот родител на девојката што може да ја спречи да го донесе на свет. Имам ваков пример ама не сакам да го пишувам јавно. Ако си заинтересирана, ќе ти пишам во конверзација.
2: Кондомот и сам може да пукне. А ти си имала сексуални односи со партнерот, а не со некој кој не го познаваш, кој не го сакаш и не на насилен начин. Има разлика. Тоа што сака тој да забремениш и што го прави на подол начин е друга работа. Сепак партнер ти е, ти си го одбрала.
3: Овде те чекав. Бараш пример? Ќе ти образложам.
- Моја комшика, 16 години останува бремена од својот партнер. Кога го роди детето за кратко преќина со учењето. На 19 години се запиша на факултет и по некоја година повторно роди уште една ќерка. Го заврши факултетот со многу труд и желба.
Сега е учителка во училиште. И заврши пред сите нејзини другарки кои се уште не се во брак. не мора да веруваш, дојди увери се самата.
- Сашка, ти како ќе успееш да завршиш факултет со деца? Нејзе ја фати инает. Знаеше да се затвори во соба, да исклучи мобилен телефон и да учи со часови. Еве ја денес дотерана оди на работа.
Толку и од мене, се изморив.
Луси, сме зборувале веќе на темата.
Pumce, ne se soglasuvam bas mnogu vo ovoj del so tebe, zemime mene primer i jas rodiv dete na 21 godina, obvrska se golema arno ama koga imas pomos nisto ne e strasno, nisto ne mi bese odzemeno, setavme se druzevme i so single parovi i so mazeni, zeneti, rabotata pred se koj kolku saka posle toa da bide ziv i da e vo tek, a mozno e ziv primer sum si, a poznavam uste moi drugarki od sredno koi se single i da ti kazam pravo i oni neznaat seuste na koja stanica se vo zivotot, a veruj posle 30 godini sama moma pa i ne e bas interesna situacija nemoj da me svatis pogresno, samo taka gledam na raboti koi i sekojdnevno gi dozivuvam, ne se stavaat site vo ist kosh, nekoi sekogas ke ostanat mladi vo dusata i ke znaat kako da go uzivaat zivotot do maximum, nekoi i da im gi dades site pari i zadovolstva, pa ke tupkaat vo mesto, moze malku izlegov od tema, no nemozes da sudis deka nekoja ne e spremna da rodi na 19, site se, no koja od niv moze da go snosi pritisokot i odgovornostite tuka e prasanjeto, i samata znaes deka poddrzuvam abortus, bolje da abortira nego toa dete cel zivot da go krka stapot radi nekoj sto neznael sto mu se prioriteti vo zivotot.
p.s. jas sum najneodgovorna lichnost koa ke vidis u osnov na ragjanje site deca mi se zacnati od fraza e da be od ednas ke se fati, karma is a fk bitch.
Аман толку ли е тешко се чуваат деца, па немаат време за да се прошетаат и да одржуваат комуникација со друштвото?П.С. Од оние кои јас ги познавам, а испородија деца во средно и пред да наполнат 20 години општо, ниту една единствена од нив не направи ништо посебно со својот живот.
Сеуште чуваат деца... и чуваат деца.
Кога сите излегувавме сеуште, бевме и самите деца, учевме, се зезавме и едноставно уживавме во својата младост и преодот од тинејџер кон возрасна личност - тие менуваа пелени. И сеуште тоа го прават, едноставно прескокнаа еден преубав дел од животот.
Кога се гледам со нив (на собиранки по повод годишнина од матура, најчесто), едноставно не можат да се вклопат во друштвото. Ниту они проживеале она што најголемиот дел го проживеале, ниту ние имаме што да кажеме за нивните актуелни теми.
Реалноста е дека најголемиот дел од нас ќе стигнат и до пелени, и први чекорчиња, ама на нив ниту младоста ќе им се врати, ниту оној непроживеан дел од животот.
Не влечам јас ништо од никаде, само реагирам на твојот пост. Ако забележиш јас дури и никаков совет не му понудив ни директно ни индиректно пошто како што реков едно е кога зборуваме општо за абортус, но сосем друго е кога некоја личност конкретно прашува . Зборовите имаат друга тежина.Не сакам да те навредам ама влечеш зборови од уста. Не знам како да ти објаснам и тебе и твоите пријателчиња за подобро да ме сфатите. Треба да го напишам тоа што сака да го слушне тој? Она што тој го сака? Или тоа што го сакате вие? Една работа е реалноста, друга е фантазијата. Нема воопшто да помогне ако го кажам тоа што тој го сака. И сам прочита дека Лукс сака да го задржат бебето, тогаш како некој искусен маж ти би требало да го советуваш правилно, да му дадеш подршка и да го изведеш на правилен пат. Со тоа што му велиш - нејзино тело нејзин избор му одмагаш. Ако моето не помага тогаш твоето ни до пола нема нешто што би го смирило младичов. И гледај малку и претходни мислења. Не го советувам само јас да се бори. Биди за момент во негова кожа и како би постапил ти. Лесно е да мудруваш од страна додека не почуствуваш на своја кожа.
Одиме во без везе споредбиАман толку ли е тешко се чуваат деца, па немаат време за да се прошетаат и да одржуваат комуникација со друштвото?
Проблемот е до нив, а не децата поради што се одлучиле на таков затворен живот. Освен домашните обврски, работата и чувањето деца ништо не виделе во животот. Низ град се само кога земаат плата и пред нова година и божиќ.
Јас со две имам време за секаде да отидам, а исто и жена ми. Она кога треба да оди некаде со колешки, пријателки јас ги чувам и обратно.
Кога некој се осеќа млад и сака да се дружи и да шета не е важно дали има деца или не. За споредба пак има немажени женски со 25 години. Никогаш не излегле од Македонија и не одржуваат комуникација со друштвото ни пак доаѓаат на собиранки, вечери....
Маче, да ја изградиме нашата иднина заедно!Јас сум немажена женска со 24.
Нејќум.Маче, да ја изградиме нашата иднина заедно!