Прво, те молам обраќај ми се во еднина.
Второ, во замислениот случај, јас би си го сносел својот дел од одговорноста, без разлика што подразбира тоа (минус абортус). Постои повеќе од едно решение на замислениот случај, кое може да се спроведе, кое не вклучува сметкаџиство, ниту абортус.
Ако се обидуваш да прејудицираш дека секое решение освен абортус е тешко изводливо, можеби треба да престанеш да прејудицираш. Што да ти кажам, тоа што си положила развојна психологија не значи дека 100 од 100 случаи ќе завршат онака како што ти си намислила само за да ти „учинат“ во докажувањето на поента.
Проблемот е со гледањето на абортусот преку “морални“ наочари.
За да може да се гледа на абортусот како неисправен чин, оној кој гледа на тој начин би требало да е морално супериорен во однос на жената која извршила абортус.
А колку е тоа можно живеејќи во денешниот систем е прашање. Со денешниот економски систем на рацете секој краен потрошувач, колку и да се смета за морален има доволно крв да се засрами просечен сериски убиец.
Пример, си јаде некој чоколадо и си праи муабет како осудува абортус. Но тоа чоколадо како дошло до неговата уста, не се прашува.
А доаѓа зачинето со многу крв, страдање, мака, уништени детства, трауми.
Зборуваме за деца (5-15 години) а не за ембриони и за возрасни кои служат како робови по плантажите на какао.
Нормално, сознанието за тоа нема да го намали вкусот на чоколадото или сладоледот.
Не се работи за релативизација, бидејќи сепак абортусот е последица на неодговорност, тука ништо не е спорно. Но не е спорен ниту чоколадниот сладоледот кој така убаво се топи во уста...
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
А тоа е само еден производ.
Red pill, blue pill or the day after pill !?
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)