Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.203
Пак се воспали што ти е проблемот чичко???...Факт е дека децата чинат пари и време па и нерви. Но, сепак има и големи задоволства. Во животот се е трговија нешто добиваш нешто губиш. Од тој аспект деца се „добар бизнис“. Немам ништо против деца само кажувам што е реално и факт. Колку имам/ќе деца? Тоа си е моја работа.
Или имаш искривени перцепции или колку да напишеш нешто цитирајќи ме...али ок, имаш ваљда потреба да испишеш неколку фрази...
Ако е нешто твоја работа ок, зашто се мешаш во некој муабет кој не е твоја работа? Ај размисли малце...Не сакам да продолжувам да одговарам на бесполезни провокации. .
А ако веќе збориш у темава и зафаќаш страна, ти автоматски осудуваш без разлика на твоите декларативни изјави дека си неутрален.
Не ми одговори дали ако некому му е потребна помош нема да му помогнеш оти тоа чини пари и време...дали ти живееш само за пари, се гледаш низ призма на парите? Создавање на дете гледаш низ призма на пари и време?
Така да размислувале нашите претци немало ни да не има. Затоа сега ќе плачете за половина Македонија.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Или имаш искривени перцепции или колку да напишеш нешто цитирајќи ме...али те сфаќам, имаш ваљда потреба да испишеш неколку фрази...
Ако е нешто твоја работа ок, зашто се мешаш во некој муабет кој не е товја работа? Ниту беше твоја работа дискусијата (каква и да беше) меѓу мене и Прпл Пума, ниту во темата за хомосексуалците...Ако велиш дека е само твоја работа, значи не е на друг...зашто тогаш туѓа работа или мислење те тангира? Ај размисли малце...

А ако веќе збориш у темава и зафаќаш страна, ти автоматски осудуваш без разлика на твоите декларативни изјави дека си неутрален.
Не ми одговори дали ако некому му е потребна помош нема да му помогнеш оти тоа чини пари и време...дали ти живееш само за пари, се гледаш низ призма на парите? Создавање на дете гледаш низ призма на пари и време?
Така да размислувале нашите претци немало ни да не има. Затоа сега ќе плачете за половина Македонија.
Што да ти кажам. Имаш стил на изразување на класичен интернет трол. Не гледам дека имаш твои ставови на кој можам нешто конкретно да кажам. Јас не сум тема на муабет абортус е. Единствено ми останува да се повторам малку. Мојот став е дека ако на некој му се преголем терет деца може да користи абортус како крајна мерка на контрацепција. И да деца се терет тоа е факт. Како што е факт и дека се задоволство. Но, ако теретот е преголем и во лош момент може да се абортира ако веќе до таму е стигната работата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.203
Ако твојот живот е само твој, дека абортусот е лична работа, ако немаше што да кажеш, што се мешаш во (каков и да беше) муабетот меѓу мене и Прпл Пума? Такви ставови раскажувај му ги на друг тие прикаски дека си неутрален.

А да прекинеш вон тема да го црцкаш?
Сега модерно е да се рачуна...све е време, пари...интерес, па и децата. Ако интересот ти е водилка за добивање или абортирање дете, јбг... Прочитај го ова, можда ќе ти дојде идеја за уновчување на децата, подигање на џидипи.

Ова е последен офтопик од мене...ако не, пиши ти колку сакаш за мене...ама нели не судеше, не се мешаше никому ..
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ако твојот живот е само твој, дека абортусот е лична работа, ако немаше што да кажеш, што се мешаш во (каков и да беше) муабетот меѓу мене и Прпл Пума? Такви ставови раскажувај му ги на друг тие прикаски дека си неутрален.
А да прекинеш вон тема да го црцкаш? И јас коа те читам со хомосексуалцине и со џидипито гледам дека без везе нафрлаш ама не ти реплицирам...Ја бар сум ги израснал и школувал децата, а ти? Фичрси и дивиденди. Твоите претци раѓале деца, наместо да рачунаат фичрси...Македонија стигнала како така до негде. Сега модерно е да се рачуна...све е време, пари...интерес, па и децата. Ако интересот ти е водилка за добивање или абортирање дете, јбг... Прочитај го ова, можда ќе ти дојде идеја за уновчување на децата, подигање на џидипи.

Ова е последен офтопик од мене...ако не, пиши ти колку сакаш за мене...ама нели не судеше, не се мешаше никому ..???
Јас само си кажувам мои ставови не дробам за тебе дали се се заебал или не што си имал деца. Ич не ме интересира тоа. Ти не си тема на муабет. Стварно си тотално офтопик зборуваме за абортус а не дали е убаво или не да се има деца. Има контрацепција дали и таа е лоша и дали толку се возбудуваш за нејзиното користење? Постои планирање на семејството и луѓето сами одлучуваат кога и колку деца да имаат. Ваљда си чул за тоа....И научи се да дискутираш инаку во спротивно не ти одговарам.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Дефинитивно ЗА абортус!

Никој нема право да го ограничи изборот и апсолутно никој нема право да ти наметне дете во чие воспитување и развој нема ни да учествува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.203
Јас само си кажувам мои ставови не дробам за тебе дали се се заебал или не што си имал деца. Ич не ме интересира тоа. Ти не си тема на муабет. Стварно си тотално офтопик зборуваме за абортус а не дали е убаво или не да се има деца.
Не е офтопик, секое неабортирање резултира (ваљда) со дете.
Има контрацепција дали и таа е лоша и дали толку се возбудуваш за нејзиното користење?
Не знам зашто јас би се возбудувал заради користење на контрацепција. Може да те возбуди само цената на пакетче (ако земеш предвид дека другите вообичаени методи апче, спирала, дијафрагма...не се за секого или носат одредени ризици).

Дали исклучиво интересот е начин на избор дали еден пар ќе има деца, дали треба родителите да се водат само од материјалниот интерес (парите и времето) или приходите кога се работи за абортус. Во тој случај барем 2/3 од семејствата во Македонија не би требало да имаат деца затоа што со работата ниту имаат време ниту доволно пари за здрав нормален (според европски критериуми) детски развој.
Психолошкиот момент на одлука на мајката дали ќе продолжи или не со бременоста барем за мене е многу побитен од интересот и сите пари на светот. Вака е лесно да се напише да или не и готово...ама потешко е одлуката за или против прекин да се спроведе у пракса.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Јас како машко сум ЗА абортус, али ипак шансите за понатаму да имаш дете мислам дека се 50-50% не е сигурно дали ќе имаш или ќе немаш. Сепак треба да се биде внимателен пред се не оп троп ајде дете.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.608
Поени од реакции
8.660
Или имаш искривени перцепции или колку да напишеш нешто цитирајќи ме...али ок, имаш ваљда потреба да испишеш неколку фрази...
Ако е нешто твоја работа ок, зашто се мешаш во некој муабет кој не е твоја работа? Ај размисли малце...Не сакам да продолжувам да одговарам на бесполезни провокации. .
А ако веќе збориш у темава и зафаќаш страна, ти автоматски осудуваш без разлика на твоите декларативни изјави дека си неутрален.
Не ми одговори дали ако некому му е потребна помош нема да му помогнеш оти тоа чини пари и време...дали ти живееш само за пари, се гледаш низ призма на парите? Создавање на дете гледаш низ призма на пари и време?
Така да размислувале нашите претци немало ни да не има. Затоа сега ќе плачете за половина Македонија.
Jас Луртз, гледам луѓе и таму кај што вие кутрите, не ги гледате. Нема сиромашни, боси и голи, само по улиците. Но тие луѓе мене НЕ МИ СЕ ДОЖИВОТНА ОБВРСКА.
Утре, ако повеќе не чувствувам потреба да отидам, да ги видам и да им помогнам, нема некој што ќе ме натера - се е оставено на добрата волја.
Ти може си способен детето да си го ставиш во категорија ,,рандом кутри луѓе,, јас не сум. За мене имањето дете е многу повеќе раѓање. Очекувам да му дадам уште подобри услови, од оние кои на мене ми ги дале.
А хипотетички ситуации ,,што ако немаш,, е сосема друг муабет. Меѓутоа, превентивно, ќе родам кога ќе имам.
А тие што раѓаат, кога живеат на камен под, или на улица, не ги осудувам, но не ги оправдувам, уште помалку мислам ,,браво за нив!!!,,. Јас да живеам мизерно, нема да имам деца. Никој не заслужува таков живот.
А абортусот не е ствар само на имање или немање пари. Ствар е и на способноста некој, дали сега, или општо, да биде родител, неговата желба, желбата на партнерот, итн, итн, итн.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Дали исклучиво интересот е начин на избор дали еден пар ќе има деца, дали треба родителите да се водат само од материјалниот интерес (парите и времето) или приходите кога се работи за абортус. Во тој случај барем 2/3 од семејствата во Македонија не би требало да имаат деца затоа што со работата ниту имаат време ниту доволно пари за здрав нормален (според европски критериуми) детски развој.
Психолошкиот момент на одлука на мајката дали ќе продолжи или не со бременоста барем за мене е многу побитен од интересот и сите пари на светот. Вака е лесно да се напише да или не и готово...ама потешко е одлуката за или против прекин да се спроведе у пракса.

Не знам колку е разумно да родиш дете и да основаш фамилија ако финансиите не ти се средени. Колку и да звучи грубо финансискиот фактор е еден од клучните при решавањето да се основа семејство. Убава е таа теорија - ќе се снаоѓаме, важно е ние да се сакаме, али кој пробал да живее од љубов - на крај умрел од глад
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.608
Поени од реакции
8.660
Ако твојот живот е само твој, дека абортусот е лична работа, ако немаше што да кажеш, што се мешаш во (каков и да беше) муабетот меѓу мене и Прпл Пума? Такви ставови раскажувај му ги на друг тие прикаски дека си неутрален.
А да прекинеш вон тема да го црцкаш?
Сега модерно е да се рачуна...све е време, пари...интерес, па и децата. Ако интересот ти е водилка за добивање или абортирање дете, јбг... Прочитај го ова, можда ќе ти дојде идеја за уновчување на децата, подигање на џидипи.

Ова е последен офтопик од мене...ако не, пиши ти колку сакаш за мене...ама нели не судеше, не се мешаше никому ..
Темата е абортус, а ти прашуваш цена на чинење на дете, од прееска.
Не е само таа цена, кај ти е кирија, кај се пари за сам себе да се издржаваш?
И јас не сфатив, зошто си ти против абортусот.
Сигурна сум дека ти сфати зошто сум јас ЗА абортус.
--- надополнето: 19 март 2012 во 21:17 ---
Не е офтопик, секое неабортирање резултира (ваљда) со дете.
Не знам зашто јас би се возбудувал заради користење на контрацепција. Може да те возбуди само цената на пакетче (ако земеш предвид дека другите вообичаени методи апче, спирала, дијафрагма...не се за секого или носат одредени ризици).

Дали исклучиво интересот е начин на избор дали еден пар ќе има деца, дали треба родителите да се водат само од материјалниот интерес (парите и времето) или приходите кога се работи за абортус. Во тој случај барем 2/3 од семејствата во Македонија не би требало да имаат деца затоа што со работата ниту имаат време ниту доволно пари за здрав нормален (според европски критериуми) детски развој.
Психолошкиот момент на одлука на мајката дали ќе продолжи или не со бременоста барем за мене е многу побитен од интересот и сите пари на светот. Вака е лесно да се напише да или не и готово...ама потешко е одлуката за или против прекин да се спроведе у пракса.
Па една од најзначајните работи, на кои мисли бремената жена која не знае дали да го задржи плодот, е токму финансискиот аспект на имањето дете. Или ти како маж, добро знаеш на што мисли, добро знаеш што е тоа што ја мачи и предомислува?!
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Па една од најзначајните работи, на кои мисли бремената жена која не знае дали да го задржи плодот, е токму финансискиот аспект на имањето дете. Или ти како маж, добро знаеш на што мисли, добро знаеш што е тоа што ја мачи и предомислува?!

На 80 % од мажите (секоја чест на исклучоците) им е остварување на најголемиот кошмар ако цура дојде и им каже дека е трудна. И сега некој таков ќе дојде и ќе суди кој за што размислува, дали воопшто размислува и КАКО треба да размислува? Сигурно!
Можда е радикално, али да се прашувам јас, у повеќето случаи би важело - ако немаш јајници, немаш ни право на глас на темава
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не е офтопик, секое неабортирање резултира (ваљда) со дете.
Не знам зашто јас би се возбудувал заради користење на контрацепција. Може да те возбуди само цената на пакетче (ако земеш предвид дека другите вообичаени методи апче, спирала, дијафрагма...не се за секого или носат одредени ризици).

Дали исклучиво интересот е начин на избор дали еден пар ќе има деца, дали треба родителите да се водат само од материјалниот интерес (парите и времето) или приходите кога се работи за абортус. Во тој случај барем 2/3 од семејствата во Македонија не би требало да имаат деца затоа што со работата ниту имаат време ниту доволно пари за здрав нормален (според европски критериуми) детски развој.
Психолошкиот момент на одлука на мајката дали ќе продолжи или не со бременоста барем за мене е многу побитен од интересот и сите пари на светот. Вака е лесно да се напише да или не и готово...ама потешко е одлуката за или против прекин да се спроведе у пракса.
Никаде не реков дека единствен мотив за абортус е финансискиот. Има многу причини кој влијаат на одлуката, возраст, брачен статус, лични сваќања за мајчинството, здравствена состојба, партнерот итн. Секоја жена си знае самата за себе дали ќе се одлучи за тоа. А ако несакаш да имаш деца не ти треба абортус има многу други начини да се обезбедиш. Инаку најверојанто има обратнопропоционала врска меѓу финансискиот статус и бројот на деца бидејќи има други кофактори тука што се посилни. Ретко кој се решава во денешно време барем од луѓето кој ги знам да има повеќе од две деца во денешно време има повисоки стандарди за живот и за родителите и за детето. Мајката работи и неможе да седи дома и да чува катаљон деца пројде времето на домаќини. Баба ми била домаќинка ама и таа имала само 3 деца во Скопје во стан нема шанси да имаш повеќе. Може само на село. Каде имаш простор и храна од сопствено производство. Денес некој во Скопје да има повеќе од 3 деца за мене е малку одлепен.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.203
Не е само таа цена, кај ти е кирија, кај се пари за сам себе да се издржаваш?
И јас не сфатив, зошто си ти против абортусот.
Сигурна сум дека ти сфати зошто сум јас ЗА абортус.
--- надополнето: 19 март 2012 во 21:17 ---

!
Строго против?... Јас пишав дали сум или не сум строго против. Во некои случаи да, во некои не. Лесно е да се напише овде било што, можам да се пофалам дека сум ептен либерален за абортус или ептен стопан, строго против...ама во реалноста кога човек ќе се сретне со тој проблем не е лесно...а кое зависи од многу фактори.
Па една од најзначајните работи, на кои мисли бремената жена која не знае дали да го задржи плодот, е токму финансискиот аспект на имањето дете.
Не би рекол. Повеќе заради други околности посебно врозраста и нефункционирањето на заштитата од страна на државата, ако веќе се збори за жени во брак, а не за млади девојки. Ако беше само финансиски, во Македонија ќе абортираа голем број мајки. Со млади девојки (пред брак) сум го немал тој проблем за среќа за да можам да зборам поподробно. Мислам дека на друга тема спомнав за случај кога вработена во јавна институција добива отказ оти треба да роди дете. Немаме механизми за заштита, дури и да сме подобро ситуирани. Посебно жената колку и каде е вработена, за кои приходи и како ја третираат кај нас, податоците се поразувачки.
Или ти како маж, добро знаеш на што мисли, добро знаеш што е тоа што ја мачи и предомислува?
Да, со време многу мисли ви се заеднички, истовремени,...функционирате тукуречи како еден човек. Додуша зависи од брак до брак, повеќе помалце.
Стрес, конфузија...се дел од психичките проблеми кои ги доживува. Не реков нигде што ја мачи или предомислува. Само знам дека некои долго време (откако мора да абортира) се како од ваљак прегазени...не заради физичкиот чин, тоа поминува. Најмногу зависи од самата жена, помалку и од околината, посебно сопругот. А и нормално е да делува на психата на жената, на некои повеќе на некои помалку...не мора да ми веруваш, ниту да се согласуваш. Тоа го знаат оние кои го поминале ова.Дури ни нивните деца поим немаат низ што се проаѓа жена при одредени одлуки,..само таа и во хармонични нормални бракови, сопружникот.
Темата е абортус, а ти прашуваш цена на чинење на дете, од прееска.
финансиите како примарна причина јас прв не ги споменав, но веќе не е ни битно. Се прашувам дали е тоа вистинската причина или одлука да се абортира или воопшто да не се зачнува или е нешто друго затоа што и семејства со прилично добри приходи за наши поими, не одат на повеќе од едно дете. Семејства и во најбогатите европски држави или немаат или имаат само по едно дете. Можеби кариера, слобода, живот со помалку обврски...не им ги знам целите во животот.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.608
Поени од реакции
8.660
Строго против?... Јас пишав дали сум или не сум строго против. Во некои случаи да, во некои не. Лесно е да се напише овде било што, можам да се пофалам дека сум ептен либерален за абортус или ептен стопан, строго против...ама во реалноста кога човек ќе се сретне со тој проблем не е лесно...а кое зависи од многу фактори.
Не би рекол. Повеќе заради други околности посебно врозраста и нефункционирањето на заштитата од страна на државата, ако веќе се збори за жени во брак, а не за млади девојки. Ако беше само финансиски, во Македонија ќе абортираа голем број мајки. Со млади девојки (пред брак) сум го немал тој проблем за среќа за да можам да зборам поподробно. Мислам дека на друга тема спомнав за случај кога вработена во јавна институција добива отказ оти треба да роди дете. Немаме механизми за заштита, дури и да сме подобро ситуирани. Посебно жената колку и каде е вработена, за кои приходи и како ја третираат кај нас, податоците се поразувачки.
Да, со време многу мисли ви се заеднички, истовремени,...функционирате тукуречи како еден човек. Додуша зависи од брак до брак, повеќе помалце.
Стрес, конфузија...се дел од психичките проблеми кои ги доживува. Не реков нигде што ја мачи или предомислува. Само знам дека некои долго време (откако мора да абортира) се како од ваљак прегазени...не заради физичкиот чин, тоа поминува. Најмногу зависи од самата жена, помалку и од околината, посебно сопругот. А и нормално е да делува на психата на жената, на некои повеќе на некои помалку...не мора да ми веруваш, ниту да се согласуваш. Тоа го знаат оние кои го поминале ова.Дури ни нивните деца поим немаат низ што се проаѓа жена при одредени одлуки,..само таа и во хармонични нормални бракови, сопружникот.
финансиите како примарна причина јас прв не ги споменав, но веќе не е ни битно. Се прашувам дали е тоа вистинската причина или одлука да се абортира или воопшто да не се зачнува или е нешто друго затоа што и семејства со прилично добри приходи за наши поими, не одат на повеќе од едно дете. Семејства и во најбогатите европски држави или немаат или имаат само по едно дете. Можеби кариера, слобода, живот со помалку обврски...не им ги знам целите во животот.
Луртз, по твојов муабет, претпоставувам (можеби грешам) дека едно од твоите деца можеби фалело малку да биде абортирано. И верувам дека од денешна перспектива, ти се повраќа од самите мисли.
Но немој да заборавиш што тогаш те тиштело и те терало на истото.
Јас, за разлика од тебе, што некогаш оправдуваш, некогаш не, воопшто не навлагам во дискусија и размислување зошто некоја сака да абортира. Затоа што знам дека никоја (и ако има некоја, е исклучок кој го потврдува правилото) не абортира од што така и е убаво. Абортира зошто во моментот не гледа друг излез, или едноставно, не сака сега/некогаш да биде мајка. Немаме ние право да судиме на другите.
Мене ми е одвратно што има родители кои ги тераат децата да просат, ми е одвратно што државата не им одземе секакво родителско право, но истите тие луѓе, ги има и тука, и во Италија, и во Романија. Не постои идеална држава, и идеален апарат, и заштита за секого. Нема такво нешто.

И за секоја жена, како и за секој човек воопшто, може да има различни причини кои на психички план ќе го тревожат. Не можеме да донесеме ние заклучок што е тоа што го тишти, само зошто познаваме некоја што сакала/направила абортус.

Може не ми веруваш,но зборував за крвно блиска личност која се одлучи на тој чекор. Предходно веќе зборував за неа. Повеќето душебрижници би ја осудиле заради причината, но таа веќе имаше едно дете, кое го роди доста млада, и кое не беше ,,случајно,, , намерно беше направено, но сега беше на почеток на кариерата и не, никој не и се закануваше со отказ, едноставно не сакаше сега да застане, да оди на трудничко, зошто имаше огромни шанси за напредок. И така излезе, сега, после 6 години, таа има раководна функција и малечко детенце. Не и беше лесно, затоа што сакаше да има уште деца, но нејзиното прво дете ќе живееше во полоши услови него сега што живее.

И не си го земам тоа право да судам на луѓето, аха ти вака, имаш право да абортираш, не - ти немаш, ти грешка си. Која сум јас да знам на кого што му е важно во животот, и уште да му кажувам како е исправно да живее?
--- надополнето: 20 март 2012 во 02:04 ---
На 80 % од мажите (секоја чест на исклучоците) им е остварување на најголемиот кошмар ако цура дојде и им каже дека е трудна. И сега некој таков ќе дојде и ќе суди кој за што размислува, дали воопшто размислува и КАКО треба да размислува? Сигурно!
Можда е радикално, али да се прашувам јас, у повеќето случаи би важело - ако немаш јајници, немаш ни право на глас на темава
Сепак, мора да има право на глас. Ако не сака да биде татко, жената не смее да го присилува, без оглед дали ќе бара или не нешто од него. Не смее (според мене) со сила да роди дете, чијшто друг родител не го сака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom