Извор??? Нема ниту еден случај документиран колку што знам за вакво нешто... а иначе свесен си ти дека analginot што го клукаме ние како народ со децении е забранет во повеќе од 30 земји ?
Извор јас.А ова другото официјално од производителот Advil.Вакво чудо се напив, се најде дома случајно, имаше донесено некој од Америка од оние нивнине 500 парчиња пакување.Ми падна за 10 мин. и температура и главоболка не сетив веќе, ама желудникот ми наплати цел ден.После подолго време пак, не му удрив на внимание првиот пат.А дека е ефикасно
Интересно, Аналгинот е забранет во Америка, Австралија, Франција, Шведска, Норвешка, Данска, Швајцарија, Канада, сите земји со јаки фармацевтски компании.Плус специјалци како Сирија, Саудиска Арабија, Индија, Венецуела, Мароко, Јемен и Зимбабве.
Од друга страна, дозволен е со рецепт во Италија, Израел, Чешка, Шпанија, Грција, Белгија и Германија.Во други земји е слободен.На крај, хемија си е хемија, дали било аспирин, аналгин или нешто трето.