АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА = ФАШИЗАМ

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Фашизмот тропа на мала врата Благица ИВАНОВА

Има или не негативен национализам во Македонија? Тоа е прашањето за кое дебатираат повеќе интелектуалци, по завчерашните коментари што пристигнаа на интернет-изданието на весникот „Шпиц“, по написите за масовно промовирање нацистички симболи и величење на античката историја низ земјава. Дел од читателите ни испратија коментари во кои пишуваат дека се залагаат за „чиста Македонија“, величејќи го таканаречениот креативен национализам.
Експертот за човекови права Жарко Трајаноски, колумнист во „Дневник“, смета дека во Македонија се создава плодна почва за „преродба“ на фашизмот и тоталитаризмот.
- Груевски го користи национализмот како средство за добивање неограничена власт. По освојувањето на државните институции, партијата настојува да воспостави контрола врз медиумите и врз граѓанското општество. Расте моќта на тајната полиција и се поттикнува милитаристички менталитет - објаснува Трајаноски.
Според него, се зголемија и ксенофобијата, расизмот и дискриминацијата кон повеќето маргинализирани групи, а за сметка на тоа се развива култ кон чистото етничко потекло.
- Расте омразата и нетрпеливоста кон индивидуалноста и поинаквото мислење. Луѓето почнуваат да се плашат јавно да зборуваат - предупредува тој.
Еуфоријата за античката историја е првиот елемент на дефиницијата на кој било национализам, па и на македонскиот, тврди аналитичарот Дане Талески, кој подготвува поширока анализа токму за растечкиот македонски национализам.
- Јасно е дека кај нас преовладува античката историја, а сите други историски етапи на Македонија се исклучени. Антиката е споена со православната религија, што пак може да се види преку етномобилизацијата што ја врши МПЦ, повикувајќи, на пример, на заштита на правата на Егејците - вели Талески.
Како најпрепознатлив симбол каде што се гледа дека е споена религијата со историјата тој го посочува сонцето од Вергина со православен крст во средината, што мошне често го користат македонските иселеници и фудбалските навивачи.
- Последниот и најсилен елемент на национализмот е токму митоманијата, каде што можат да се вбројат сите последни, демек научни откритија, како каменот од розета, античките потомци Хунзи, како и некоја литература каде што пишува дека некои американски претседатели имале македонски корени и дека Македонците биле писмени пред 15.000 години - објаснува аналитичарот Танески.
Според професорот по меѓународна дипломатија, Димитар Мирчев, негативниот национализам донекаде е поттикнат од актуелната власт.
- Интензивната потрага по антиката е рефлекс и барање на корењата на нацијата во услови кога македонскиот идентитет е загрозен. За коренот да биде поцврст, се бара во антиката. Тоа не е во ред, затоа што ги истиснува граѓанските и европските вредности - вели Мирчев.
Национализмот не донел стабилност во ниту една земја, коментираат нашите соговорници и затоа не зачудува фактот што неговиот пораст, без разлика дали е македонски, албански, српски или каков било, придонесува за појава на радикални феномени, каков што е неонацизмот.


„Креативен“ национализам


Еве како некои од читатели на „Шпиц“ го објаснуваа „позитивниот“ национализам:
„Се што е за добро на Македонија, се што е добро за татковината и за крвта македонска, го гоните, го понижувате. Го осакатувате најдоброто за Македонија, а тоа е националсоцијализмот, она што може да не донесе на нозе цврсто да стоиме пред неправдата на Грците кон нас, со иста моќ со ист национален режим да го возвратиме ударот. Браво за секој што во себе има храброст да продава, да носи, да поддржува идеологија за бела и чиста Македонија... Се чудам зошто не пишувате нешто против албанските организации, туку се овој Евреинов Козма против Македонциве зборува... Македончиња, разбудете се! Само ултранационализмот е излезот од оваа страшна ситуација. Белото е моќ“, пишува граѓанин што се претставува под псевдонимот „Националсоцијалист“.
Друг читател, кој се претставува како „Националист“, пишува вака:
„Национализмот не повикува на насилство, туку само ја подига свеста и љубовта кон својата нација. Нешто што фали во оваа држава. На младите им треба еден креативен национализам, со кој здраво би ја граделе иднината на оваа земја. Апсолутно не ме засега тоа што се продаваат маички со сонцето од Вергина. Но, ги засега тие што сакаат да ја избришат македонската нација“.


--------------------------

Продажбата на жпиц оди катастрофално лошо, Толку лошо што менџментот паднат во очај па се фатил за партизански методи на продавање....

Вчера на семафорите кај соборна околу 8.30, без да побарам низ прозор во лице ми беше втурнат примерок од Шпиц..ги раздаваа ко партиски флаери....

Откако ми помина шокот и сфатиф дека на мене е фрлен весник а не бомба, го искинав на две и го фрлив низ прозор....на поагање ѕирнав на ретровизорот....и другите го следеле мојот пример....место весници имаше губре по улицата..продолжи Геро, или без заби или без работа..без нешто ке останеш
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Очајни се шпицовците, со вакви колумни само го навлекуваат гневот на народот.
Геро е прочитан како селски буквар и никој повеќе не го есапи како сериозен новинар.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
Национализмот не е ништо друго освен духовна храна за обичниот народ кој треба да се дефокусура од сегашните(економски )проблеми,Национализмот како форма лично за мене е некорисен бидејки од националромантизам без здрава економија може само да се создаде омраза ,која исто има за задача за проблемите да се обвини друг,Груевски досега се покажа како велемајстор за замајување,но искрено и се дематира и е контрадикторен, бидејки прави преголеми отстапки кон албанците(Мајски договор). Лично мене голема Македонија и сите други истории не ми значат ништо во споредба со сегашните проблеми.пример// што ми значи дека сме имале писменост пред 15000 годими кога денес сме компјутерски неписмени ,,,, едни од најсиромашните во Европа .. демократијата оди на надолна линија и редици други проблеми .УбАВО е да ја знаеш историјата ,ама поубаво е да имаш сегашност и перспективна иднина, сепак иднината не се создава со митови и митологија а најмлаце со национализми/
СВЕТОТ ГО РАЗБИРАМ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРНО НАТПРЕВАРУВЊЕ ПОМЕГУ НАРОДИТЕ(ГОЦЕ)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
СВЕТОТ ГО РАЗБИРАМ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРНО НАТПРЕВАРУВЊЕ ПОМЕГУ НАРОДИТЕ(ГОЦЕ)
pritoa..samiot poddrzuvajki teroristicki napadi kako nacin na borba.. :helou:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.272
A бе и овде има деца кои викаат ХАЈЛ ХИТЛЕР, не знаејќи дека за нивниот народ Хитлер немал ништо освен презир и план за уништување и поробување.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Редовно земав Шпиц, но мојот македонски национализам не ми дозволува повторно да го допрам тоа антимакедонско ѓубре.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Аха, а да се каже дека Македонија и Македонците не постојат, да се негира Македонскиот јазик, кон Македонците да се зборува со потценување, да и` се наметнуваат економски и секакви други санкции на Македонија поради глупости и лаги... тоа не е фашизам?


Целта е Македонија и Македонците да бидат меѓународно признаени и да се развиваат слободно и независно, без никој да ги контролира и самите да ја кројат својата судбина. Сè друго е само средство.

Верувајте, Грција ќе нè избрише (како што тоа го прави со векови), зашто не сме и` од интерес да постоиме. И никој таму нема ниту да размислува како ни е нам, ако им е од интерес да нè нема - веднаш ќе гласа за да нè нема.

Наше е да се бориме за Македонија и за нашата Македонска нација, јазик, култура и историја. На сите фронтови, во секое време, на секој начин.

А ако некој тоа го смета за фашизам, тој не е Македонец по душа.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Hmmm, bela i chista Makedonija? Nacionalsocijalistov gi pomeshal brzinite, kolku shto se sekjavam Tretiot Rajh propadna vo 1945.
Redakcijata na Shpic po moe mislenje skoka so nekoi senzacionalistichki prikazni za da privleche vnimanie.

Zatoa cenata pokazhuva kolku vredi: 0 :pos2::pos2::pos2:
 

Делија

Борец за ПРАВДА
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.196
Поени од реакции
35
Време и Шпиц се најреални весници во Македонија и радо ги читам... За други весници несакам ни да знам... :toe:

Инаку:
ПАТРИОТ = човек кој ја сака својата нација и земја, а притоа не ги мрзи останатите...
НАЦИОНАЛИСТ = човек кој ја сака својата нација и мрзи и презира секоја друга...
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Време и Шпиц се најреални весници во Македонија и радо ги читам... За други весници несакам ни да знам... :toe:

Инаку:
ПАТРИОТ = човек кој ја сака својата нација и земја, а притоа не ги мрзи останатите...
НАЦИОНАЛИСТ = човек кој ја сака својата нација и мрзи и презира секоја друга...

Не би се согласил... НАЦИОНАЛИСТ = човек кој сè што прави, прави во интерес на нацијата.

Е сега, прашањето е *која* нација? Ако е тоа Македонската, тој е Македонски националист. А ако ја пцуе Македонската нација, тогаш тој е исто така националист, ама не му е важно која друга нација ќе ја поддржува, зашто својата сопствена не ја цени, па тој е националист за која и да е друга нација која ќе биде доминантна во моментот. Значи, ако тој работи и зборува против Македонската нација, тој поддржува некоја друга.

Значи, секој човек е националист. Само е прашањето која нација ја поддржува - дали својата сопствена или некоја туѓа.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Национализмот не е ништо друго освен духовна храна за обичниот народ кој треба да се дефокусура од сегашните(економски )проблеми,Национализмот како форма лично за мене е некорисен бидејки од националромантизам без здрава економија може само да се создаде омраза ,која исто има за задача за проблемите да се обвини друг,Груевски досега се покажа како велемајстор за замајување,но искрено и се дематира и е контрадикторен, бидејки прави преголеми отстапки кон албанците(Мајски договор). Лично мене голема Македонија и сите други истории не ми значат ништо во споредба со сегашните проблеми.пример// што ми значи дека сме имале писменост пред 15000 годими кога денес сме компјутерски неписмени ,,,, едни од најсиромашните во Европа .. демократијата оди на надолна линија и редици други проблеми .УбАВО е да ја знаеш историјата ,ама поубаво е да имаш сегашност и перспективна иднина, сепак иднината не се создава со митови и митологија а најмлаце со национализми/
СВЕТОТ ГО РАЗБИРАМ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРНО НАТПРЕВАРУВЊЕ ПОМЕГУ НАРОДИТЕ(ГОЦЕ)
Национализмот без здрава економија можеби е штетен, но ние до пред некоја година немавме ни здрава економија ни капка национална гордост.
Денес сеуште економијата ни е катастрофална, но барем се буди Македонецот во народот.
Тоа не е поради политиката на ВМРО, тоа се македонските борбени гени кои се будат кога ќе осетат загрозување и агресија.

И можеби е точно дека Македонија никогаш нема да се обедини и дека тоа ќе биде само ако влеземе во ЕУ, но факт е дека Грција и другите соседи не сакаат да се случи тоа, факт е дека Грција сака да не снема од културната, географска и историска мапа без разлика колку отстапки сме направиле и ќе направиме.
И како да се одбрани овој народ, освен со негување и потврдување на тоа што е негово, на тоа што го идентификувало низ вековите, на македонското.

Еве, како според тебе би требало да постапи Македонија и ние како Македонци, дали треба да се заборави минатото, да ги прифатиме сите лажливи пропагани како вистина и да продолжиме да "просперираме" во ЕУ како новокомпонирана држава и новокомпониран народ???
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Шпиц работи најмногу во корист на Македонскиот Патриотизам и Македонското Национално Самосознавање...

Како? Па со такви колумни го разгневува народот, при што истиот се навраќа токму на тоа што нивните колумни го мразат. Со други зборови: Ако сакаш да си патриот земи читај шпиц и прави го сосема спротивното од тоа што го пишува. Рецепт за да постанеш 100% тоа што треба да си, Патриот.:smir: Бон Апетит.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
ПАТРИОТ = човек кој ја сака својата нација и земја, а притоа не ги мрзи останатите...
Точно.

НАЦИОНАЛИСТ = човек кој ја сака својата нација и мрзи и презира секоја друга...
А дали ти не би ги презирал тие што те презираат или би го вртел и другиот образ на секој шамар што го добиваш????
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Лично мене голема Македонија и сите други истории не ми значат ништо во споредба со сегашните проблеми.пример// што ми значи дека сме имале писменост пред 15000 годими кога денес сме компјутерски неписмени ,,,, едни од најсиромашните во Европа .. демократијата оди на надолна линија и редици други проблеми .УбАВО е да ја знаеш историјата ,ама поубаво е да имаш сегашност и перспективна иднина, сепак иднината не се создава со митови и митологија а најмлаце со национализми/
не си ја научивте лекцијата, како и многу други пред вас...биле римјани турци балканци брнковци и љупчовци сеедно...или ке бидете прегазени или самите ке се задушите во сопствените гомна....

за твојот карактер интереси и мивка од душа, многу кажува твојот пост...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.272
Не би се согласил... НАЦИОНАЛИСТ = човек кој сè што прави, прави во интерес на нацијата.
Kaко на пример убивање на милиони луѓе во концентрациони логори, напаѓање на други земји, освојување и разурнување, пљачкосување на туѓи богатства и ресурси и поробување на народи а се во име на својат нација ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom