Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
G

Gricko_

Гостин
И патем сега баш ме интересира колку ќе излезат на следниот протест (доколку го има). Само така ќе се види дали стварно оние кои викаат дека се "засегнати од недемократскиот и противуставен потег, како и загрозувањето на автономијата на факултетите", дали протестирале за тоа, или за своето столче да си го спасат, па сеа коа не важи за нив, дали 300 души што моментално студираат ќе се соберат. Дојде моментот да се покаже вистинскиот карактер на Македонецот.
Ако дојдат помалку од тие кои што сега студираат, ќе дојдат повеќе од тие што сега се втора, трета средно или матуранти. Потребна е маса на народ, која ќе се слушне, небитно дали биле металци, сегашни студенти, бивши студенти, професори, асистенти, опозиционери.

Мене не ми е јасно како може да бидеш неутрален? Во ред можда го разбираш материјалот дрн-дрн ти реков ми рече, зашто не одвои два саати да излезеш во пресрет на колегите и да правиш гужва, не морало да викаш на цел глас?Т
Тие барем излегоа и за своето столче и за столчето на колегите. Ти што напраи? Седеше на предавања?
Дали размисли дека ако 80% од тие што излегоа на протест го имаа твојот неутрален став, Грујо можеше да рече, екстерно во јуни, се гледа дека чим студентите не излегоа во голем број на протест, ок им е?
Ама секогаш е подобро некој друг да дејствува за тебе нели?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Балкански менталитет, наместо повеќе ПРАКСА да им воведат на студентите овие уште повеќе теории и дополнителни тестови сакаат да им бапнат..:facepalm:
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ако дојдат помалку од тие кои што сега студираат, ќе дојдат повеќе од тие што сега се втора, трета средно или матуранти. Потребна е маса на народ, која ќе се слушне, небитно дали биле металци, сегашни студенти, бивши студенти, професори, асистенти, опозиционери.

Мене не ми е јасно како може да бидеш неутрален? Во ред можда го разбираш материјалот дрн-дрн ти реков ми рече, зашто не одвои два саати да излезеш во пресрет на колегите и да правиш гужва, не морало да викаш на цел глас?Т
Тие барем излегоа и за своето столче и за столчето на колегите. Ти што напраи? Седеше на предавања?
Дали размисли дека ако 80% од тие што излегоа на протест го имаа твојот неутрален став, Грујо можеше да рече, екстерно во јуни, се гледа дека чим студентите не излегоа во голем број на протест, ок им е?
Ама секогаш е подобро некој друг да дејствува за тебе нели?
Кажав уназад, али ај, бајаги се испиша и може си испуштил, па пак ќе пишам. Неутрален сум бидејќи сметам дека екстерното не ги загрозува моите интереси, односно не е никаква пречка за мене. Сметам дека доколку у моментов некој ми даде екстерно за све што сум изучил овие две години, дека ќе го решам без проблем. Сеа, сигурно нема да го положам со истите оценки по секој предмет, али ќе го положам. Ако учам унапред, сигурен сум дека резултатите ќе бидат мање-више исти. Затоа и не сакам да протестирам за нешто што сметам дека не ме загрозува лично.

За мене никој не дејствува, кога јас се осеќам загрозено за било каква работа, лично и персонално се борам за моите права. Тоа го сметам за сопствена одлика, без разлика колку и да сум надвикан, критикуван, или пак противникот да е поброен. Сигурен сум дека многу луѓе би го потврдиле тоа за мене. Али ова не е една од моите борби. А рака на срце не ни имав некој близок кој ми рече "дојди Рики, протестирај за мене пошто ова мене ме загрозува".

И сега јас те прашувам тебе. Зошто пак јас да се борам за правата на некој колега на кој ниту тој мене ми значи, ниту јас му значам нешто на него во животот? Зарем тоа не е дејствување за некој друг, како што ти ми викаш на мене? Затоа полека малце со давањето на пресуда за мојот карактер, базиран врз едно прашање, наспроти милион други кои излегуваат во пресрет во животот.
 
Tи сам пиша, сега т.е на наредниот протест ќе се види карактерот на Македонецот, дали си гледа само за себе или стварно се собраа спонтано пошо не им се свиѓа одлукава, а не е само ја да не изгорам. А уствари со неизлегувањето ти го покажуваш карактерот, ја ќе си научам, овие другиве нека губат време нека протестираат ја ќе си идам на предавања. Нели е тоа себично? Со твои зборови карактерот на Македонецот?

Значи од една страна ги критикуваш тие што нема да излезат на нареден протест заради тоа што премиерот кажа дека нема да ги засегне тие што сега студираат, а од друга страна викаш зошто да си се борел за колега кој не учел?
Излегуваш и за тебе. Тоа се вика солидарност.

Тоа твоето размислување, без никаква навреда кон тебе е потчинување кон власта, кон секоја власт и сегашна и идна и мината. Секоја власт сака такви студенти, кои наместо да излезат на улица, ќе учат. Нема што да се замеруваш на протести, може некој пендрек или солзавец да добиеш нели?
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Знаејќи го менталитетот на Груевски јас мислам дека ќе се воведат екстерни тестирања,можеби ќе има некои мали измени само,, но тој ако е решен тоа да го направи ќе го направи, тој секогаш води политики со инает, а инаку незнам јас сум голем скептик дека студентите ќе успеат , Груевски не е демократ,туку хипократ, тој по секоја цена,ако треба и со сила ќе ги воведе испитите. До сега сите протести што ги имаше во МКД без разлика дали беа политички или не политички ниту еден протест не успеа, тоа се виде и со протестите на докторите кога им воведоа ткн скандалозен проект мој термин, дури и главниот доктор што ги организираше протестите беше уапсен. Па исто така на сличен начин беа потиснати и синдикалците од СОНК, исто и новинарите итн, така да јас пак ќе повторам,дај Боже да се излажам но сепак мислам дека протестите на студентите нема да успеат, ево не гледате владата почна да ги делегитимира студентските протести со зборот политичка пропаганда како што рече и министерот за образование,дека позади студентите стои некоја политичка партија,односно дека протестите има политичка позадина.. Протестите можат да успеат само доколку се радикализираат, например како во соседна Грција, да се оди до крај па макар и против полицијата ако треба.. Ниту еден протест во светот досега не беше успешен со мека сила туку со тупаница..
За жал во право си, ево денеска Груевски даде сигнали дека нема да попушти, а со малите измени ќе се манипулираат студентите само...
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Tи сам пиша, сега т.е на наредниот протест ќе се види карактерот на Македонецот, дали си гледа само за себе или стварно се собраа спонтано пошо не им се свиѓа одлукава, а не е само ја да не изгорам. А уствари со неизлегувањето ти го покажуваш карактерот, ја ќе си научам, овие другиве нека губат време нека протестираат ја ќе си идам на предавања. Нели е тоа себично? Со твои зборови карактерот на Македонецот?

Значи од една страна ги критикуваш тие што нема да излезат на нареден протест заради тоа што премиерот кажа дека нема да ги засегне тие што сега студираат, а од друга страна викаш зошто да си се борел за колега кој не учел?
Излегуваш и за тебе. Тоа се вика солидарност.

Тоа твоето размислување, без никаква навреда кон тебе е потчинување кон власта, кон секоја власт и сегашна и идна и мината. Секоја власт сака такви студенти, кои наместо да излезат на улица, ќе учат. Нема што да се замеруваш на протести, може некој пендрек или солзавец да добиеш нели?
Реков дека многу луѓе кои излегоа на протест, главен "изговор" не им беше дека протестираат за да нема екстерно за нив, туку протестираат пошто екстерното било противуставно и ја загрозувала автономијата на факултетот (ретко кој уствари знае што збори и ретко кој знае на пример дека доколку си во просториите на факултетот, полиција по закон нема право да влезе внатре и да те уапси ако си извршил криминал, без дозвола од надлежниот за факултетот). Е сега доаѓаме до моментот кај што Груевски вика: Нема екстерно за студентите кои студираат во моментов. Тој што ќе падне на екстерното нема да биде отпишан од факултетот. Јасно и гласно. Ова, воедно, кажува дека ќе има екстерно, ама у исто време главната цел што беше на протестот, спречувањето на испаѓањето од факултет ако паднеш еднаш, се постигна. И сега дали ти стварно мислиш дека истите студенти ќе излезат на протест? Па од тие 3000 дали 10% ќе излезат по ваквиве промени. Мислиш на некој ќе му е гајле што три генерации после него, некој студент ќе има еден испит плус? А не заборавај, и покрај промениве, овој предлог продолжува да ја загрозува автономијата на факултетот. И сега демек студентите пак ќе излезат да протестираат, залагајќи се за "благородна" работа, за да ги "одбранат" факултетите? I think not.

Се надевам сфаќаш што сакам да кажам. На крај на краиштата, секој си гледа за себе (ај може не секој пошто секад има исклучоци, али комотно можам да речам речиси сите). Тоа е во природата на човекот и ништо нема да ја смени, камоли тука, во нашата држава. После ова, 90% од тие што протестираа се раат и нема веќе да се замараат со ова. Ќе се замараат оние кои во иднина ќе студираат, и хајпот полека-полека ќе си изумре.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.354
Поени од реакции
84.577
Кажав уназад, али ај, бајаги се испиша и може си испуштил, па пак ќе пишам. Неутрален сум бидејќи сметам дека екстерното не ги загрозува моите интереси, односно не е никаква пречка за мене. Сметам дека доколку у моментов некој ми даде екстерно за све што сум изучил овие две години, дека ќе го решам без проблем. Сеа, сигурно нема да го положам со истите оценки по секој предмет, али ќе го положам. Ако учам унапред, сигурен сум дека резултатите ќе бидат мање-више исти. Затоа и не сакам да протестирам за нешто што сметам дека не ме загрозува лично.

За мене никој не дејствува, кога јас се осеќам загрозено за било каква работа, лично и персонално се борам за моите права. Тоа го сметам за сопствена одлика, без разлика колку и да сум надвикан, критикуван, или пак противникот да е поброен. Сигурен сум дека многу луѓе би го потврдиле тоа за мене. Али ова не е една од моите борби. А рака на срце не ни имав некој близок кој ми рече "дојди Рики, протестирај за мене пошто ова мене ме загрозува".

И сега јас те прашувам тебе. Зошто пак јас да се борам за правата на некој колега на кој ниту тој мене ми значи, ниту јас му значам нешто на него во животот? Зарем тоа не е дејствување за некој друг, како што ти ми викаш на мене? Затоа полека малце со давањето на пресуда за мојот карактер, базиран врз едно прашање, наспроти милион други кои излегуваат во пресрет во животот.
Ако те сретнам на улица како лежиш истепан, или те видам како те тепаат неколкумина, или да видам како некој сака да ти го земе новчаникот од џеб... Објасни ми од твоја перспектива, зошто да ти помогнам?

- Твојата состојба не е никаква пречка за мене.
- Ситуацијата во која си се нашол не е една од моите борби.
- Тоа што си во невоља ти, не ме загрозува лично.

итн.

Стално ова се дешава и е најдобар одраз на духовниот пад на овој народ. Оваа логика на "ако мене лично, ништо не ми направиле нема потреба да се бунам", излегува на површина, кога, од време на време, ќе ме праша понекој - Зашто ти се буниш толку за ова што Албанците го прават, гарант тебе лично нешто ти направиле.
- Да, баш таква е логиката на нашиот народ, чии консеквенци најдобро ги има опишано Martin Niemöller.
 
Точно, 100% си во право за ова. Само тука доаѓа до израз една друга работа која не ја спомнав. А тоа е моето мислење дека ако јас можам да го имам научено матерјалот толку добро, што сметам дека не ме загрозува екстерното, зошто и моите колеги да не можат да го направат истото? Што, јас сум толку попаметен до нив, они се толку понеспособни од мене? Зашто нив ги загрозува, а мене не, а го изучуваме истиот матерјал? Ако мене ме загрозува помалку, а нив повеќе, тогаш зошто кога ќе дипломираме нашата диплома ќе вреди подеднакво?

И кога више почна да ми го боиш постот, обој ми ја и реченицата што следи одма после тоа што го обои со зелено.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.354
Поени од реакции
84.577
И кога више почна да ми го боиш постот, обој ми ја и реченицата што следи одма после тоа што го обои со зелено.
" А рака на срце не ни имав некој близок кој ми рече "дојди Рики, протестирај за мене пошто ова мене ме загрозува"."

- Оваа реченица?
Таа реченица апсолутно е поклопена од страна поентата на мојот пост.
Работата е што можеби не сфаќаш дека таа реченица, не кажува нешто поинаку за тебе, од остатокот од твојот пост.

Но, во врска со ставот - "Не сметам дека екстерното е лошо и затоа не пртестирам", морам да кажам дека е валиден став. (ако всушност ти е тој ставот)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Познато е какви ни се приватните факултети, уште попознати се врските за поминување на државните факултети а актуелно е и паѓањето на квалитетот со воведувањето на дисперзираните студии. Затоа мора да се воведат некој критериуми со кој ќе се вреднуваат добрите факултети и професори и соодветно ќе се казнуват врскаџиите и неквалитетните професори. Кога се воведоа дисперзираните студии и се остворија безброј нови факултети беше јазно дека мора да има некој радикални промени во високото образование. Сепак како што реков погоре, не сум сигурен дека екстерното тестирање особено ако се спреоведе на онака смешен начин како во средното и основното училиште е решение за новонастанатите предизвици
И за што од овие работа се виновни студентите да бидат така казнувани? Никој не негира дека има проблеми во високото образование. Постојат методи на евалуација и на факултетите и на професорите. Не чинат? Може да се разговара за нивно изменување. Студентите да не ги отворија дисперзираните студии? Па и универзитетите да не го сторија истото? Кој даваше акредитација на секој можен приватен факултет? Со тоа падна критериумот, бидејќи таму се поминуваше со помалку учење за 6ка (карикирам со оценката), а на УКИМ треба да се окозиш од учење за 6ка. Освен ако немаш врски кај професорот? И 0,1% да речеме дека имаат врски, што се криви другите 99,9?! Има корупција?! Казни ја неа, т.е. сторителите, не некој што не е виновен!

@RickyLFC9 јас ќе искочам, бидејќи ова е една ГОЛЕМА НЕБУЛОЗА! Од старт, врска нема. Мислиш ја нема да го положам екстерното? Ќе си седнам ќе повторам малце и така на заокружување би биле веројатно...и ај среќен сум си, ќе си продолжам со студирањето. Не можеш на некој да му забраниш да студира, јасно ти е тоа? Поготово што се финансира од негов џеб (годишно одат минимум 350 евра и тоа ако си државна квота и тоа ако не купуваш оригинал учебници, а ако си приватна квота и купуваш оригинал учебници, 600 евра ко ништо; помножи ова по 3/4 години, минимум).
Тогаш ќе искочат и матуранти пред се', сега немаше многу или воопшто, но ако се упати еден убав јавен повик до нив и тие можеби ќе искочат. Плус, знаеш зошто пак ќе има многу луѓе? Затоа што борбата против екстерното е само почеток! Тука е борбата за подобри студентски домови, подобри програми, учебници фалат на некои факултети и тоа на најдобриот универзитет во државава итн итн, има доста борба. Секако, тука е и нелигитимниот СПУКМ, а сегашното раководство го нема ни легалитетот (мандатот на Кирил му истече пред повеќе од еден месец, избори распишување јок, а и да има, знаеме какви ќе бидат, освен ако не се спречи тоа).
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
" А рака на срце не ни имав некој близок кој ми рече "дојди Рики, протестирај за мене пошто ова мене ме загрозува"."

- Оваа реченица?
Таа реченица апсолутно е поклопена од страна поентата на мојот пост.
Работата е што можеби не сфаќаш дека таа реченица, не кажува нешто поинаку за тебе, од остатокот од твојот пост.

Но, во врска со ставот - "Не сметам дека екстерното е лошо и затоа не пртестирам", морам да кажам дека е валиден став. (ако всушност ти е тој ставот)
Не сметам дека е лошо. Не сметам дека е ни добро. За жал како општество не сме стигнати до фазата каде што разликуваме сива боја, па гледаме само црно и бело. Ако некој не е со нас, против нас е. Останатите држави оваа фаза ја надминаа уште во средновековието.

Јас не оспорувам ничие право некој да протестира.
Студентите протестираат за некој да на го оспорува нивното право на студирање.
А сега, тие што протестираат го оспоруваат моето право да не протестирам.

Па сеа од ова ти логички изведи кој е тука загрозениот.

И кога веќе се осмели да ми го проценуваш карактерот, да ти кажам и ова. Ако видам како некој како ти го краде новчаникот одма ќе ти кажам, исто како што помагам во Анима Мунди кога ќе видам некој случај кај што можам да помогнам, иако ако не го направам тоа не ме загрозува, не е моја борба и не ми претставува пречка. Исто како што сум помагал на пријатели колку што можам повеќе, и истите тие знаат дека секогаш излегувам во пресрет, дека сум потпирлива личност. Го правам пошто сум човек, кога можам да помогнам, помагам максимално. Се додека тоа не се вкрстува со моите ставови за животот и моите залагања од сите области, ќе ти помогнам.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Како што си солидарен и покажуваш човечност према тие кутри животинчиња, зошто не покажеш солидарност и према твоите колеги, кои ете, можеби некои од нив не учат како што ти учиш, па за нив проблем е ваквиот вид на екстерно? Не зборувам за колеги-историчари, сигурно имаш и другари од други факултети. А и замисли ситуација тебе ти се деси нешто (пу пу пу), не можеш да полагаш ни јуни ни септември и губиш цела година? Хипотетички случај. Не се очекува од секој активно да се придружи на Студентскиот пленум, но ете, 2 ипол часа траеше Студентскиот марш, мислам дека реално не би ти биле проблем да ги одвоиш. Плус, Уставот произлегува и од тебе како граѓанин на РМ, а некој го гази истиот. Зарем со тоа не гази и врз тебе?
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
@RickyLFC9 јас ќе искочам, бидејќи ова е една ГОЛЕМА НЕБУЛОЗА! Од старт, врска нема. Мислиш ја нема да го положам екстерното? Ќе си седнам ќе повторам малце и така на заокружување би биле веројатно...и ај среќен сум си, ќе си продолжам со студирањето. Не можеш на некој да му забраниш да студира, јасно ти е тоа? Поготово што се финансира од негов џеб (годишно одат минимум 350 евра и тоа ако си државна квота и тоа ако не купуваш оригинал учебници, а ако си приватна квота и купуваш оригинал учебници, 600 евра ко ништо; помножи ова по 3/4 години, минимум).
Тогаш ќе искочат и матуранти пред се', сега немаше многу или воопшто, но ако се упати еден убав јавен повик до нив и тие можеби ќе искочат. Плус, знаеш зошто пак ќе има многу луѓе? Затоа што борбата против екстерното е само почеток! Тука е борбата за подобри студентски домови, подобри програми, учебници фалат на некои факултети и тоа на најдобриот универзитет во државава итн итн, има доста борба. Секако, тука е и нелигитимниот СПУКМ, а сегашното раководство го нема ни легалитетот (мандатот на Кирил му истече пред повеќе од еден месец, избори распишување јок, а и да има, знаеме какви ќе бидат, освен ако не се спречи тоа).
Мило ми е што го напиша ова, пошто само ќе се надоврзам со тоа што го пишав. Али првин ова. Никој не ти го брани студирањето. Еве гледаш дека сеа вика Груевски како ќе може повеќе пати да се полага. Ваљда алудира на тоа дека додека не ги положиш екстерните, нема диплома за тебе. Тоа не е забрана за студирање во никој случај, евентуално ќе си ги положиш и ќе си ја добиеш дипломата. Али нема везе, другиот дел е побитен.

Ги спомна студентските. Јас еве не сум во студентски, нити сум бил во еден. Дали ќе се смени нешто или не, мене од тој аспект не ми мења. АМА! Сметам дека у таква свињарија не смее да живее никој, и катастрофално е за државава што толку малце внимание се посветува на тоа. Доколку има протест, рачунај дека ќе бидам одма до тебе и заедно ќе протестираме, рамо до рамо. Не пошто мене лично промените ќе ми угодат, туку пошто е дел од она за што се залагам, како човек. Екстерното не е моја борба, не е мое залагање, неутрален сум, сеедно ми е. Али ова би било моја борба, пошто спаѓа во сферата на моите интереси, кај што треба да се променат работите.

Се надевам дека по ова оние кои ме гледаат на криво, ќе го увидат малце сивилото помеѓу црното и белото.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Да, но тие што се втора, нема да можат да запишат трета. Замисли ситуација чистиш втора година во август/септември, и оп има термин за полагање екстерно. Го паѓаш екстерното поради икс прилини. Следниот термин е во јануари. Ти не можеш да запишеш трета година. И ај ќе го положш али веќе ти отишла цела година, кој ќе ти го надокнади тоа?

Забораив уште битна ствар која сигурно и тебе те тангира, а тоа е студентски превоз и студентски попусти. Во секоја нормална држава студентите имаат попусти (колку, не би навлегувал, но има, да не разглобуваме). За студентскиот превоз јасна ни е ситуацијата. Еден ден четврток, за кој СПУКМ се пофалија мислиш целосно ни е бесплатно. Ете, не мора ни да се седум дена во неделата, нека бидат пон-сабота. Али тоа повлекува после и други нешта, што веќе не е во надлежност на МОН, туку на ЈСП .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom