Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Го глеав сеа на 24Вести, Адеми, не знам од кога е, дали од денеска, демек, он лично е за екстерно тестирање бидејќи на виделина ќе излегле слабите студенти и студентите кои сакаат само диплома да имаат, а не знаење..и со тоа ќе се подобрело образованието. Ало човече, дали се слушаш ти бре?!

Иначе и Иванов конечно да каже нешто - у главном, треба да се слушне и гласот на студентите. Ама нормално, официјално не завзема страна. :)
 
E

Epsilon

Гостин
Заебани ќе бидеме и тоа длабоко, исфорсираа тактика со факултетот каде секој може да се запише на факултет, а со тоа да се намали % на невработеност и што повеќе пари за факултетите. Со еден удар решија два "проблеми". :)

Верувам дека не секој може да си дозволи факултет, но тоа му е единствена надеж (?!) дека еден ден ќе стане подобар од тоа што е и ќе работи за нешто повисока плата, за да постигне нешто во животот. Зарем немаат толку жал и хуманост, да размислат малце дека просечното семејство одвај им влегува по 15-20 илјади месечно во помалите градови, а факултетите не се баш евтини и уште да паѓаме на екстерните (доколку ги има) со оправдание дека не ме бива. Тогаш кои пичке материна го укинаа тоа со приемниот испит? - Да се навратам на првиот пасус и не е потреба да должам. :rolleyes:

По некоја логика и во некоја нормална држава за ова би требало да одговараат професорите и асистентите ама не по цена да пишуваат што е можно пониски оцени се со цел да не биде голема разликата. Ама заеби џабе е ова, не е само образованието смешки, цела држава е смешки.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667

Дебата на Радио МОФ околу екстерното за студентите. Гости се проф. Небојша Вилиќ, новинарот Ѕвездан Георгиевски и двајца активисти од Студентски пленум.
 
А

Атомската мравка

Гостин
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/179462-Gruevski-Celta-e-da-imame-novi-generacii-so-posilno-znaenje

- Не е точно, како што се појавија некои шпекулации, дека нема да се предвиди можност за повеќекратно полагање на државниот испит во втора година, рече Груевски, појаснувајќи дека ќе има можност секој да полага онолку пати се додека не положи. Според него, доколку се донесе законот тој ќе важи за студентите кои ќе се запишат допрва на факултет.

Малце омекнаа од владава иако и вака студентите не треба да се согласат за законов, и треба да протестираат ако се донесе истиот. За тие што препишуваат и без знаење минат (реално ги има доста такви со бубици, ливчиња, врски) треба малце факултетите да се ангажираат за тој проблем. А за приватните факултети како ќе најдат решение незнам, плаќаат и си добиваат така оценки..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Се усраа студентите, и ја би се усрал кога би знаел дека така ме пуштат како дрво или растеније да си поминам 4 години одмор на факултетот и на крај после одморот и диплома како награда да ти датат. Па кај има поубаво. Сепак и покрај тоа не сум сигурен дека екстерното е решение. Треба да се седне и да се разгледат и други можности за зголемување на квалитетот на образованието.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Се усраа студентите, и ја би се усрал кога би знаел дека така ме пуштат како дрво или растеније да си поминам 4 години одмор на факултетот и на крај после одморот и диплома како награда да ти датат. Па кај има поубаво. Сепак и покрај тоа не сум сигурен дека екстерното е решение. Треба да се седне и да се разгледат и други можности за зголемување на квалитетот на образованието.
На кој факултет така пуштаат и на крај даваат диплома де кажи ми, или само онака колку да се каже нешто
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Па шо ако му дадат на некого така диплома, не дека ќе може да ја искористи пошо појма ќе немат шо учел.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Значи маршот не беше против било какви реформи во образованието, баш напротив на пленумите стално се збори како би можело да се подобри образованието и тоа се бара од министерство. Зарем студентите кои редовно учат не сакаат да научат што повеќе и да учат од што е возможно подобра литература, за после кога ќе излезат бидат наоружани со знаење? Зарем подобро е од кога ќе завршиш факултет уште година сам да се дообразуваш за да бидеш компетентен? Екстерно нема ништо да помогне во тоа, книгите ќе останат исти, евентуално професорите ќе станат подефанзивни и ќе бараат да се учи што повеќе конкретно од книга како што пишува и на некој факултети ќе се ускрати можноста за покреативно изразување. Лично мислам дека екстерното нема да помогне никако, како што не помогна ни во средно, каде има школи кај што професорот е во просторијата кај се полага и ги одговара прашањата.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Пола од овие млади на вемеро дипломите си ги зедоја без одење на факултет и сега работат во државни институции и се членови на 300 совети и комисии.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Не можев да издржам, а да не се самоцитирам по ова последново што излезе од Груевски.

Народот нема да има некоја голема улога у ова. Според мене ќе се деси следново, кое е најлогично, без разлика на протести или не, пошто во ваква форма едноставно не е изводливо од повеќе точки.

Законов ќе се прифати и ќе се спроведе официјално за неколку години (ова со оглед на тоа што екстерните 4-5 години се влечеа, камоли ова на масивно и многу посериозно скалило). Кога ќе биде спроведено све тоа, нема да важи за тие што веќе се запишани. Ќе важи од следната година (а дури и да не важи така, пак ќе биде ист резултатот, ќе стигнам до тоа). Така кога ќе си бираш факултет, наместо како многу што си викаат "ај, ќе положам некако", ќе сфатат дека мора убаво да размислат дали поседуваат доволно капацитет у мозокот да го запишат факултетот, чие знаење стекнато на истиот ќе треба да го бранат на овие испити. Значи пред да добиеш overload на ФИНКИ, пошто на повеќето од дома им викаат "иди таму сине/ќерко, таму е просперитетно", и студентите и оние кои ги финансираат помладите ќе размислат малце дали е се тоа исплатливо, дали ти МОЖЕШ да го изучиш, положиш и активно да го користиш знаењето кое си го стекнал, без да ти се брише од меморијата одма чим ја добиеш оценката у индекс. Во меѓувреме, програмата на факултетите ќе биде адаптирана со новиот закон. Построго ќе се регулираат полагањата, нема да има "абе ја сум 4та година али иам уште 6 испити од прва". Со ова ќе се избалансираат малце работите и се надевам ќе се намалат муабетите "дипломата ти е за гз бришење, кој стигна дипломира, нема нигде работа". Вака би било сосема океј според мене. АМА! (секогаш има ама)

Сите се свесни дека механички не може овие работи да се регулираат. Тестовите пак нема да бидат којзнае колку тешки, ептен основното од најосновното од предметот ќе треба да го научиш за да положиш, а ништо чудно и да си ги има прашањата на интернет неколку дена пред испитот. Повеќе ќе влијае на психата на луѓето и ќе ги натера да размислат малце што значи да си студент, академски граѓанин и зошто уствари ти се образуваш, отколку самото тоа механички да смени нешто in the long run. Работите никад не се така едноставни како што ние ги перципираме, гледајќи од еден аспект. Нема да придонесе и смени којзнае колку законов, али доколку се спроведе, ова ќе биде единствениот логичен начин. За "реформиве" да имаат вистински ефект, треба да се сфатат посериозно и основните и средните училишта. Еден од најголемите хендикепи на државава е што у основно 19 од 20 деца се со сите 5ки, а во средно исто толку завршуваат одлични па кој кај стигне се запишува, и затоа имаме и хендикепирани академци кои не ја ни сфаќаат целта на образованието, па утре тресат глупости у јавност на секое научно поле.
Фала и кај вас. Ја задржувам неутралноста.

И патем сега баш ме интересира колку ќе излезат на следниот протест (доколку го има). Само така ќе се види дали стварно оние кои викаат дека се "засегнати од недемократскиот и противуставен потег, како и загрозувањето на автономијата на факултетите", дали протестирале за тоа, или за своето столче да си го спасат, па сеа коа не важи за нив, дали 300 души што моментално студираат ќе се соберат. Дојде моментот да се покаже вистинскиот карактер на Македонецот.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
На кој факултет така пуштаат и на крај даваат диплома де кажи ми, или само онака колку да се каже нешто
Познато е какви ни се приватните факултети, уште попознати се врските за поминување на државните факултети а актуелно е и паѓањето на квалитетот со воведувањето на дисперзираните студии. Затоа мора да се воведат некој критериуми со кој ќе се вреднуваат добрите факултети и професори и соодветно ќе се казнуват врскаџиите и неквалитетните професори. Кога се воведоа дисперзираните студии и се остворија безброј нови факултети беше јазно дека мора да има некој радикални промени во високото образование. Сепак како што реков погоре, не сум сигурен дека екстерното тестирање особено ако се спреоведе на онака смешен начин како во средното и основното училиште е решение за новонастанатите предизвици
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Мoјa прoценкa е декa тие шo oстaнaa дo мoн утре пaк ќе излезaт нa прoтест, бaшкa среднoшкoлци, aмa тoa не е уoпште битнo зoштo веќе држaвниoв испит уште пред дa се вoведе стaнa смешкa, a еве зoштo:
Целтa е изгубенa истo кaкo и зa среднoтo и oснoвнoтo oбрaзoвaние. Акo дo сегa целтa им беше квaлитетни студии преку исклучувaње нa неквaлитетните сегa секoј ќе пoлaгa дури не пoлoжи. Тoтaлнa глупoст, дури пoгoлемa и oд oвa дo сегa кaкo идејa штo се спoмнувaше...
И пo кoјa лoгикa се вoдaт oвие oд мoн, декa лoшo е oбрaзoвaниевo aмa ние ќе гo пoдoбриме сo тoa штo нa студентoт ќе му дaдеме уште еден испит плус местo дa прaвиме рефoрми зa oд кoрен дa се смени се.
Бaшкa штo зaбелешките дo сеa уште си стoјaт и уште вaквиoв прoект е прoтив устaвен...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom