G
Gricko_
Гостин
Ако дојдат помалку од тие кои што сега студираат, ќе дојдат повеќе од тие што сега се втора, трета средно или матуранти. Потребна е маса на народ, која ќе се слушне, небитно дали биле металци, сегашни студенти, бивши студенти, професори, асистенти, опозиционери.И патем сега баш ме интересира колку ќе излезат на следниот протест (доколку го има). Само така ќе се види дали стварно оние кои викаат дека се "засегнати од недемократскиот и противуставен потег, како и загрозувањето на автономијата на факултетите", дали протестирале за тоа, или за своето столче да си го спасат, па сеа коа не важи за нив, дали 300 души што моментално студираат ќе се соберат. Дојде моментот да се покаже вистинскиот карактер на Македонецот.
Мене не ми е јасно како може да бидеш неутрален? Во ред можда го разбираш материјалот дрн-дрн ти реков ми рече, зашто не одвои два саати да излезеш во пресрет на колегите и да правиш гужва, не морало да викаш на цел глас?Т
Тие барем излегоа и за своето столче и за столчето на колегите. Ти што напраи? Седеше на предавања?
Дали размисли дека ако 80% од тие што излегоа на протест го имаа твојот неутрален став, Грујо можеше да рече, екстерно во јуни, се гледа дека чим студентите не излегоа во голем број на протест, ок им е?
Ама секогаш е подобро некој друг да дејствува за тебе нели?