Ај ќе ти одговорам во мое име, затоа што не можам да зборам во име на другите. Јас сум за автономна зона како чекор, но не требаше сега. Требаше да се остави некој период (што знам, 10-15 дена) да се види како ќе иде со таа работна група, но со претходно потпишување на спогодбата, која патем, уште не е потпишана, а тоа е основното барање на С.Пленум при спроведувањето на автономната зона.
Иначе, зошто студентите од Правен да ја водат битката? Нели сите заедно треба ја водат битката, сите се еднакви?
Уставот треба да го брани секој граѓанин на оваа држава, без разлика дали е правник, лекар, архитект, писател, глумец, музичар, Македонец, Албанец, христијанин, муслиман. Така да не ти е во ред тоа дека „правниците најмногу треба да го бранат Уставот“. Да, правниците можат да ја дадат правната основа, но секој може да го брани Уставот (нели, затоа и секој граѓанин има право да поднесе претставка до Уставен суд - ова не го викам дека секој треба, туку оттука е изведено и ова правило).
Патем кажано, моментално потполно нема настава на 4 факултети, на УКИМ има 23. На уште 2-3 факултети наставата се одвива со прекини. Направи ја математиката колку луѓе ќе требаат. Факт е дека повеќето луѓе кои се дел од автономните зони се со „подолг стаж“ во С.Пленум, ако можам така да се изразам. Барем ја така мислам, можда и грешам.