Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.356
Поени од реакции
5.485
Убаво правнички си ја вртиш сега ситуацијата ама би требало Правен да го подржи протестов.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.876
Поени од реакции
12.408
Пренеси им да идат да ги слушнат излагаењата на професорите и студентите и да прашаат што ги интересира .
Не знам како да им пренесам кога и јас сум на тоа мислење. Пошто сум генерација со оние чии деца се студенти, можам да ти кажам дека во ситуацијава со работа и плати, не е сеедно да издржуваш некого дали ќе заврши порано или подоцна. Не знам дали забележа дека и на социјалните мрежи веќе некои се дистанцираат од овој начин на протест што за мене е нормален тек на настаните.
зошто тие дозволиле со молчење да дојде до ова
ако целиш на нашите генерации, тоа е историја. Башка системот и правилата според кои ние студиравме беа неколку галаксии оддалечени од овој сега.
Убаво правнички си ја вртиш сега ситуацијата ама би требало Правен да го подржи протестов.
со што се карактеризира овој протест сега и кои се целите, дали професорите сега протестираат заедно со вас како што протестираа кога блокиравте улици и институции? Мене искрено не ми се веќе јасни целите, инструментите ниту начинот на протест.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Интерен пленум на Правен (во кој моментално не сум јас) ја подржува автономната зона со тоа што организира алтернативни предавања, плус колку што имам инфо, добар дел од пленумците од Правен се на филозофски/филолошки (некогаш и на техничкиве). Верувам ако дечките одлучат дека треба да се направи автономна зона, ќе се направи и на Правен.

@Lurtz оние кои подржуваа претходно, најголемиот дел подржуваат и сега. Дури и некои професори, бар за Небојша Вилиќ знам, првата вечер од автономната зона ја помина таму (за понатаму не знам).
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

Ова е многу нефер и нееднакво. Од друг факултет значи доаѓаат да бранат настава, а они на нивниот си имаат. Дај тогаш јас од 9 до 12 ќе седам на економски да бојкотирам, а од 12 до 3 ќе си идам на предавање кај мене на филозофски.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Да, ама ти си тој кој утре треба да застане во судница и да ги брани правата на некој. Не јас. Вие сте тие што утре треба да ја работите оваа работа. Нели овој закон директно се коси со она што вие го учите? Јас од тебе сега дознав дека нема бојкот на Правен, и искрено да ти кажам срам да ви е. Ако е битката заедничка и сите сме еднакви зошо не бојкотирате и вие? Кај мене нема настава веќе 4ти ден, али медицина, фармација, правен,педагошки,земјоделски,шумарски си тераат. Зошо не се размислило дали ќе има доволно студенти да ги покријат сите факултети пред окупацијата?
А чекај зошто тогаш гласаше за окупацијата на твојот факултет, ако одамна се знаеше дека пример на Правен и на Економски нема окупација ?

Иначе @true blue полека малце со тоа твоето „ако дечките одлучат да има автономна зона и на Правен, ќе има“. Не се само дечките студенти на Правен и верувам дека на Правен ќе има поголем отпор ;)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.021
Поени од реакции
12.692
А чекај зошто тогаш гласаше за окупацијата на твојот факултет, ако одамна се знаеше дека пример на Правен и на Економски нема окупација ?

Иначе @true blue полека малце со тоа твоето „ако дечките одлучат да има автономна зона и на Правен, ќе има“. Не се само дечките студенти на Правен и верувам дека на Правен ќе има поголем отпор ;)
Јас сега дознав дека Правен нема окупација.
 
комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.356
Поени од реакции
5.485
Не знам како да им пренесам кога и јас сум на тоа мислење. Пошто сум генерација со оние чии деца се студенти, можам да ти кажам дека во ситуацијава со работа и плати, не е сеедно да издржуваш некого дали ќе заврши порано или подоцна. Не знам дали забележа дека и на социјалните мрежи веќе некои се дистанцираат од овој начин на протест што за мене е нормален тек на настаните.
ако целиш на нашите генерации, тоа е историја. Башка системот и правилата според кои ние студиравме беа неколку галаксии оддалечени од овој сега.
со што се карактеризира овој протест сега и кои се целите, дали професорите сега протестираат заедно со вас како што протестираа кога блокиравте улици и институции? Мене искрено не ми се веќе јасни целите, инструментите ниту начинот на протест.
Епа затоа викам ако имаш време иди на еден Пленум на Техничкиов на пример и прашај објасни убаво што и зашто те интересира ќе ти објаснат сигурен сум затоа што присуствував и дечките што се таму се супер. Ја колку знам 90 % професори го подржавуваат ама тие по закон немаат право на пример како наставниците што имаат синдикат и да организираат штрајк едноставно со закон мора да се појават на работното место и ако нема студенти да не одржат предавање. Сите што беа тогаш рекоа дека секој совесен професор ќе најде време со договор со студенти за до надокнади на некој начин ова ама тој начин не може сега да се знае кој ќе биде затоа што не се знае до кога ќе трае сето ова и дали владата ќе не игнорира уште.
Претпоставувам план им е да потрае ова да почнат несогласици меѓу себе што ќе ги потикнат поединци и да се распадне ова.
Секако до тоа не би дошло да секој кој е искрено заинтересиран да оди и да се информира а не да вели дека на тие што протестираат не им се учи, од тоа што видов таму кои студенти се у Пленумот баш спротивно е .
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355

Ќе се распадне? Ама знаеш зошто?
Зошто сите се свесни дека со таа нивна хоризонтална хиерархија никаде не се стигнува.
Нели гледаат дека во повеќето факултети присила се вадат студенти од настава? Самите студенти не сакаат да бојкотираат. И тоа кажува нешто.
Не, не е оправдание секој еден да дојде и да каже нешто. Секој еден да дојде и да каже, ќе настане општ хаос, исто како што не можи секој нешто да води и да се истакни.
МОРА ОВА ДВИЖЕЊЕ ДА ИМА ЛИДЕР/И, МОРА!
Друга работа, ако се одлучи и еден факултет да не окупира, да не се окупира никаде. Сите плаќаме семестар, јас да губам предмети,а некој да си тера факултет не е во ред.
Тој кај нас едниот шериф комотно можам да го наречам, што дојде и што мене не ме остави да одржам предавање пред тоа си бил кај него на пмф на вежби. Кој е тој на мој факултет да ми кажува јас дали да учам дали не?
Плус има многу од другите градови, Тетово, Велес, Куманово кои секој ден патуваат и кои со причина не седат Скопје. Секој ден да доаѓаш на факултет и да се мислиш дали шерифот ќе дојде и ќе те турка низ амфитеатар и ќе ти се придерава,а се борат за некаква демократија во општество, кога самите тие ни д од демократија не прокламираат.
Ако не се држи предавања, да не се лишуваат одредени факултети, да не се лишуваат одредени студенти зошто баш во тој термин им се погодило да им влезе шерифот, а другите да држат.
За крај, од секој факултет нека се соберат потписи дали да има, дали да нема, после нека се соберат претставници на локалните пленуми и нека одлучат заеднички според расположението на студентите.

Некој тука пишал, да не биле овие од пленумов ние ќе сме учеле за државен испит.
Не, срце. Да не бевме ние студентите да го поддржиме пленумов кога почна со најчиста мисла и без никаква позадина, ќе се учеше за државен испит. Тоа што некои се истакнаа се истакнаа, 10 % се пленумци, другите се сите нивна поддршка.
Сега не ја добиваат и треба да си ја чукнат главата кој кому штетат.
Незадоволство и негодување се ствара меѓу студентите, не само да се гледаат тие боженствени деца на цвеќето кои седат само во автономната зона, нека видат дали сакаат студентите повеќе некаков марш или да губат секој ден од настава и тоа САМО ОДРЕДЕНИ ФАКУЛТЕТИ.

И јас на почетокот ги поддржував, ги бранев нивните ставови,ама сега ми станаа дури одбивни со ваквите нивни делувања и самоволие.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не е точно...

Инаку за сите оние кои сметаат дека СП не прифаќаат предлози и тераат по некоја агенда, слободно посетете некој од пленумите, верувам дека ќе се уверите во спротивното.
Сега дури ништо неразбрав
Дали на Електро одамна нема парно или сега им го исклучиле?
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Уште една работа е интересна со бојкотов, а што никој не или нејќе да ја сфати.

Окупацијата нема смисла моментално, а еве и зошто.
Не можеш ти да идеш кај Премиерот и да се договорите заедно да го одложите применувањето на испитот, па после тоа и во изјава за телевизија да кажеш „задоволен сум од средбава, беше конструктивна“, и после 2 дена да речеш „еј абе овие сакаат да не заебат, ќе земеме да окупираме. Бај д веј ние се согласивме на одложување, ама зошто нема да можеме да го оправдаме окупирањето со тоа, ќе се вратиме на старата реторика дека бараме само укинување на државниот испит и ништо друго освен тоа нема да не натера да престанеме“. После излагаш со соопштение дека МОН се криви, МОН се зло, МОН ова, МОН она и кога очекуваш дека ќе кажат „ради тоа ќе го окупираме МОН“ или „ради ова ќе го окупираме Собранието“ они викаат „ради тоа ќе го окупираме УКИМ“. Не смее да се окупира министерство па ајде сеа „ако не можеме по магарето ќе удриме по самарот“ е работава. Не можеш ти да кажеш „се беше супер коа зборевме со Груевски“ и да не кажеш дека не ти е загарантиран статусот како преговарач за нов закон, за после да кажеш дека некој друг ти е крив што си се нашол у таква позиција.

Имам и едно прашање за тие повеќе што ја следеле окупацијата на Филозофскиот во Белград. Окупацијата таму беше заради постапка на нивното МОН или заради тоа што самиот факултет им наметнал повисоки давачки на студентите ?
Ако е ова второво, тогаш манипулација е обидот да се стави „=“ меѓу тоа што се правеше во Србија и тоа што се прави тука кај нас.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Не сум сигурен дали беа повисоки давачки или нешто беше со укинување на сесија. Како и да е, беше директно против факултетот. Затоа сега деканот на Филозофскиот у Белград планираше да поднесе пријави, а можда и веќе поднел. Но, таму попречуваа слобода на движење, кршеле инвентар и слично.
И никој не ги изедначува овие два настани.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не сум сигурен дали беа повисоки давачки или нешто беше со укинување на сесија. Како и да е, беше директно против факултетот. Затоа сега деканот на Филозофскиот у Белград планираше да поднесе пријави, а можда и веќе поднел. Но, таму попречуваа слобода на движење, кршеле инвентар и слично.
И никој не ги изедначува овие два настани.
У секој случај се окупирало заради постапка на самиот факултет, а не заради постапка на министерство. Затоа е и неоправдано заради постапка на министерство кај нас да се окупира универзитет. Министерства колку сакаш, Собрание исто иаме, па ко воли нек изволи.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.337
Поени од реакции
4.658
Некој тука пишал, да не биле овие од пленумов ние ќе сме учеле за државен испит.
Не, срце. Да не бевме ние студентите да го поддржиме пленумов кога почна со најчиста мисла и без никаква позадина, ќе се учеше за државен испит.
Taка де. Ама некој мора да покрене иницијатива и да се појавува по телевизии и да троши време, а твое и мое беше само да се појавиме на марш. Да не беа тие 10% што ги кажуваш, многу е веројатно дека ќе се учеше. Сите ќе станат лидери утре, ако се смени власта?

Ова иде ко муабетов за партиските потрчковци, не треба да им викаат фала на партиите кои со програми, уцени и којзнае што обезбедил гласови за мандат, за вработувањеto во администрација, туку да се заблагодарат на граѓаните што ги изгласале на избори. :D

За ова другово си во право, ако нема на сите факултети прекинување на настава, подобро на никој да нема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom