Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Место да кажете :
„Види ги пратенициве колку напорно работат за да ни го подобрат образованието, дури се согласиле и да си кратат од сонот само за народот и за студентите“

вие викате еј абе овие бараби се, вакви се, такви се... :icon_lol::icon_lol:
Така, е сТрамота, се предавници и петоколонаши се собрале тука на форумот, само знаете гомна да јадите дур народните избраници се мачат да ви го подобрат животот, од фамилијата се делат за вас.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Така, е сТрамота, се предавници и петоколонаши се собрале тука на форумот, само знаете гомна да јадите дур народните избраници се мачат да ви го подобрат животот, од фамилијата се делат за вас.
Е aјде де...
Абеееее сaмo зa стaп се сите, зa стaп сaмo ! :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.065
Поени од реакции
74.719
Да ги разгледаме новите закони за идните наставници во основните и средни училишта и професори на факултетите, како и новите услови за запишување на насоките кои произведуваат идни наставници и професори.

http://www.mon.gov.mk/images/documents/zakoni/Zakon_za_visokoobrazovnite_ustanovi_za_obrazovanie_na_nastaven_kadar_vo_preducilisno_etc.pdf
Ќе тргнеме од новите предлози за кој може да се запише на овие насоки:
- имаат завршено средно образование во траење од четири години односно
стекнати квалификации од IV ниво согласно Националната рамка на квалификации и
положено државна матура;
- имаат минимум просечен успех од 4.00 во средното образование,
- поседуваат меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски
тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1 (B1) нивото на
ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5 - 4,5 поени, ПЕТ, БЕК П, БУЛАТС, или Аптис, или
ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ
најмалку 45 бода, не постари од пет години,
- имаат позитивна процена од психолошкиот тест (во натамошниот текст: тест на
личноста) и
- положиле приемен испит.
(2) Кандидатите кои го положиле приемниот испит документите од став (1) алинеи
3 и 4 ги доставуваат во рок од 25 дена од денот кога се известени дека го положиле
приемниот испит.
(3) Трошоците за полагање на тестот на личноста и добивањето на сертификатот
за активно познавање на англискиот јазик се на товар на кандидатот кој полага
приемен испит.
(4) Приемниот испит за студиските програми за образование на наставници во
предучилишно образование и одделенска настава во основното образование се
состои од следните предмети и активности:
- математика,
- мајчин јазик, говорни и писмени вештини,
- англиски јазик,
- природни науки,7
- информатички вештини,
- физичко-кондицииона подготвеност,
- музика и
- разговор со кандидатот.
(5) Приемниот испит за студиските програми за образование и стекнување
квалификации за вршење на професијата наставник во основното и средното
образование за определени предмети се состои од следните предмети и активности:
- математика,
- мајчин јазик, говорни и писмени вештини,
- англиски јазик,
- два предмета кои се однесуваат на предметот за кој се стекнува со
квалификации за наставник,
- информатички вештини и
- разговор со кандидатот.
Во спојлерот извадив само дел од законот.
Значи оние кои ќе учат на наставните насоки на најразни факултети како студиите за професор по физичко, математика, хемија, биологија, јазиците, физика, музичко итн, како и студиите на педагошки факултет, најпрвин мора да имаат положено матура.
После матурата МОРА да полагаат приемен испит. Значи двојно полагање во период од 3 месеци.
Граница за да смееш да се запишеш е да имаш просек од 4.00, но мислам дека оваа граница после разни приговори ја симнаа на 3.00.
Секој кандидат мора да има диплома за барем еден завршен курс по англиски јазик од горенаведените испити. Најбитното е дека:
Трошоците за полагање на тестот на личноста и добивањето на сертификатот
за активно познавање на англискиот јазик се на товар на кандидатот кој полага
приемен испит.


Значи за да се ЗАПИШЕШ на ваква насока, треба да платиш дополнителни НАД 1000 ЕВРА (може јас грешам, ама мислам дека ти се цените за добивање на овие сертификати) за да дојдеш до сертификати за познавање на англиски јазик, сертификат без кој воопшто не можеш да студираш.

Што е проблемот тука?
Македонија овие сертификати ги признава само во времетраење од 5 години, а тоа значи дека на секои 5 години треба да даваш дополнителни 1000 евра за да го полагаш одново соодветниот испит, доколку во иднина се решиш да си професор. А чим си се запишал за професор, тогаш сигурно нема да фрлиш толку пари, за потоа да работиш нешто сосема трето.

Приемниот испит ќе се снимал и ќе се емитувал во живо.

http://www.mon.gov.mk/images/documents/zakoni/Predlog_na_Zakon_za_Akademija_za_nastavnici.pdf
http://www.mon.gov.mk/images/documents/zakoni/Predlog_Zakon_na_nastavnici_vo_osnovni_i_sredni_V2.pdf

Овие два закони се поврзани. Еве ги условите за да бидеш наставник во основно или средно училиште:
Наставник во основно и средно училиште може да биде лице кое:
- има завршено најмалку четири години соодветно високо образование и се има
стекнато со најмалку 240 ЕКТС. Квалификациите со кои се стекнуваат наставниците за
професијата наставник во основно и средно училиште припаѓаат на VI А ниво од
Националната рамка на високообразовни квалификации и соодветствуваат на ниво VI од
Европската рамка на високообразовни квалификации.
- има лиценца за наставник издадена од Академијата за наставници и е запишан во
Регистарот на наставници со лиценца;
- е државјанин на Република Македонија;
- го познава македонскиот стандарден јазик и јазикот на кој ќе ја изведува
наставата.
(2) По исклучок, наставник во основно, односно средно училиште може да биде и
лице кое нема лиценца за работа и не е запишано во Регистарот на наставници со
лиценца, најмногу до една година и под менторство на наставник-ментор определен од
училиштето.
(3) Исклучок во смисла на став (2) на овој член се смета дека е ако:
-на повторен конкурс не се јавило лице со лиценца за наставник или
-на Академијата за наставници нема кандидат за наставник за определен наставен
предмет.

Значи за да бидеш професор во основно или средно, треба да имаш наставничка лиценца која се здобива со завршување на академијата.
За упис на академијата покрај тоа што одново треба да имаш сертификат за познавање на англиски јазик (што значи пак треба да полагаш и одново да дадеш 1000 евра, бидејќи поминале 5 години од последното полагање), си има и одредени оправдани граници за просекот од завршениот факултет.
Оние кои не завршиле наставни насоки ќе учат 12 месеци на академијата од кои 4 се во предавања, а 8 во практична настава. Оние кои завршиле наставни насоки ќе учат 8 месеци од кои 3 се предавања, а 5 практична настава.
На академијата ќе предаваат професори кои задоволуваат одредени стандарди. За оние на кои Англискиот јазик им е мајчин јазик, не се бараат сертификати како за останатите, затоа може да се очекува дека предавањата на академијава ќе ги држат професори од странство.

Доколку немаш лиценца за наставник во основно и средно, тогаш можеш да работиш како наставник само година дена и тоа под одреден надзор. Ова не важи доколку на конкурсот не се пријавил никој што има наставничка лиценца која се добива со завршување на наставничката академија. Доколку училиштето вработи некој без лиценца, а на кокурсот се пријавиле кандидати со лиценца, тогаш училиштето добива казна од 3000 евра, а директорот казна од 1500 евра.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Ne se tolku skapi ispitite, mislam okolu 150 evra se ispitite za jazik plus testot na licnosta ne znam kolku e. Ama pak se dosta pari u prasanje plus sto ke treba da polagas posle pet godini pak.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.645
Ne se tolku skapi ispitite, mislam okolu 150 evra se ispitite za jazik plus testot na licnosta ne znam kolku e. Ama pak se dosta pari u prasanje plus sto ke treba da polagas posle pet godini pak.
А од каде ги вадат овие бројки: 150 евра, 1000 евра и слично ?

Од каде дошле до заклучок дека студентите ќе бидат способни да плаќаат толкави суми ?

И најважно од се:

Ако оваа влада продавањето на државно земјиште на странски инвеститори по цена од 1 евро за метар квадратен го оправдува со нејзините цели за привлекување на што е можно повеќе странски инвеститори, зошто тогаш воведува толку високи цени за приемни испити, за казни и за бројни други глупости ?

Не сакаат Македонија да има што е можно повеќе високообразовани личности и што е можно повеќе професионален образовен кадар, или има тука нешто што пропуштаат да и го откријат на јавноста, или намерно не сакаат да и го откријат на јавноста ?
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
А од каде ги вадат овие бројки: 150 евра, 1000 евра и слично ?

Од каде дошле до заклучок дека студентите ќе бидат способни да плаќаат толкави суми ?

И најважно од се:

Ако оваа влада продавањето на државно земјиште на странски инвеститори по цена од 1 евро за метар квадратен го оправдува со нејзините цели за привлекување на што е можно повеќе странски инвеститори, зошто тогаш воведува толку високи цени за приемни испити, за казни и за бројни други глупости ?

Не сакаат Македонија да има што е можно повеќе високообразовани личности и што е можно повеќе професионален образовен кадар, или има тука нешто што пропуштаат да и го откријат на јавноста, или намерно не сакаат да и го откријат на јавноста ?
"Странски инвеститори" од Сејшелите...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
175 долари е TOEFL.
Па да, знаев дека е толку негде. Не се 1000 евра ко што кажа Коњаникот, али пак се многу пари со оглед каков ни е стандардот.

Тоа на страна, пазете ова.

“Издавање на диплома без положен државен испит
Член 168-б
Одговорното лице на високобразовната установа, кое ќе постапи
спротивно на овој закон, односно ќе му дозволи на студентот полагање на повеќе од една половина на испити од трета студиска година или запишување во четврта студиска година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година односно му издаде диплома за
завршено високо образование на студент кој не положил државен испит, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години (член 69-а).“

Nullum crimen, nulla poena sine lege. Овој принцип сигурно е шпанско село за надлежните во Владата, но и во Законодавно-правната комисија на Собранието. Санкцијата е предвидена, али кривичното дело го нема нигде во Кривичен законик.

Глоба во износ од 10.000 до 30.000 евра во денарска противвредност и
мерка забрана за вршење на високообразовна дејност ќе и се изрече на
високообразовната установа која ќе му дозволи на студентот полагање на повеќе
од една половина на испити од трета студиска година или запишување во четврта
студиска година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага
по завршувањето на втората студиска година односно му издаде диплома за
завршено високо образование на студент кој не положил државен испит (член 69-
а). “
У превод, доколку ова се случи кај еден студент, ќе се затвори целата високо-образовна институција. Гуд лоџик. Рано е да се збори, но доколку се протурка ова до крај, и дојде момент на реализација, баш ме интересира дали, ако сите факултети од УКИМ + сите што беа против, не го почитуваат овој закон, дали ќе затворат Универзитет на кој студираат 40 илјади студенти? (секако, бројот е поголем ако се приклучат кон истото и други универзитети).

На крајот, кој ќе сака да биде декан? Некој од типот на Каракамишева.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Место да кажете :
„Види ги пратенициве колку напорно работат за да ни го подобрат образованието, дури се согласиле и да си кратат од сонот само за народот и за студентите“

вие викате еј абе овие бараби се, вакви се, такви се... :icon_lol::icon_lol:
Pa vidovme deka nekoi si dremnaa. :D Plus 4 saati pauza imaa.
На ова јас ќе додадам, за да видите колкава е нивната „ жртва “ дека пратениците не плаќаат зонско, ама ете ноќе работеле за да не им ги зафаќаат паркинзите на зонашите и да им го намалат нивното „ стопанисување и поштено заработување „
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Па да, знаев дека е толку негде. Не се 1000 евра ко што кажа Коњаникот, али пак се многу пари со оглед каков ни е стандардот.

Тоа на страна, пазете ова.

“Издавање на диплома без положен државен испит
Член 168-б
Одговорното лице на високобразовната установа, кое ќе постапи
спротивно на овој закон, односно ќе му дозволи на студентот полагање на повеќе од една половина на испити од трета студиска година или запишување во четврта студиска година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година односно му издаде диплома за
завршено високо образование на студент кој не положил државен испит, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години (член 69-а).“
Nullum crimen, nulla poena sine lege. Овој принцип сигурно е шпанско село
за надлежните во Владата, но и во Законодавно-правната комисија на Собранието. Санкцијата е предвидена, али кривичното дело го нема нигде во Кривичен законик.

Глоба во износ од 10.000 до 30.000 евра во денарска противвредност и
мерка забрана за вршење на високообразовна дејност ќе и се изрече на
високообразовната установа која ќе му дозволи на студентот полагање на повеќе
од една половина на испити од трета студиска година или запишување во четврта
студиска година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага
по завршувањето на втората студиска година односно му издаде диплома за
завршено високо образование на студент кој не положил државен испит (член 69-
а). “
У превод, доколку ова се случи кај еден студент, ќе се затвори целата високо-образовна институција. Гуд лоџик. Рано е да се збори, но доколку се протурка ова до крај, и дојде момент на реализација, баш ме интересира дали, ако сите факултети од УКИМ + сите што беа против, не го почитуваат овој закон, дали ќе затворат Универзитет на кој студираат 40 илјади студенти? (секако, бројот е поголем ако се приклучат кон истото и други универзитети).

На крајот, кој ќе сака да биде декан? Некој од типот на Каракамишева.
Мислам дека го кажаа и под кое кривично дело ќе се подведува оваа санкција.... Ако го најдеш стенограмот од јавната седница на Владата, на која така помпезно и демократски се фино лепо го спакуваа предновогодишно за во Собрание, можеш да видиш..

Ако не се лажам, они го подведоа како „Злоупотреба на службената положба“ чл. 353 од КЗ на РМ...

Шо по мене, како правник е уште повеќе тотално апсурдно...

Ај, шо велиш, дека „Nullum crimen, nulla poena sine lege. Овој принцип сигурно е шпанско село“, али не е само тоа.. .додуше, мислам и дека ова начело е најмал проблем..

Најголем проблем е што Битието на делото.. од ст.1 во чл.353 од КЗ, е за нив шпанско село... он појма немаат што тоа воопшто значи... Само кога би знаел колку измени на закони се направени во кои како санкција по дифолт и од ѓутуре упатуваат кон ова дело, коса ќе ти се крене... Баш ова дело, они си го толкуваат како сакаат... и уште не ми е јасно зошто.. немам некое рационално објаснување зошто тоа го прават.. Едноставно не паѓам на тоа коа ќе кажат „за пари“, „за контрола“, „да воспостават ред“.. не не не.. нема логика...

А и праксата потврдила.. сети се само колку луѓе така бомбастично беа однесени пред суд, со марици и специјалци, а во име на ова КРивично дело... Медиумиве ко попалени почнаа да љафтаат за се тоа...

А нормално, Обвинителството, тука, (ако веќе ме прашаш и за тоа), нема никаква улога.. оти МВР веќе ќе заврши работа пиц пец,,, а Обвинителство по службена должност мора да гони... Наравно, затоа што некој таму неписмен, го шлупнал и го подвел тоа као он си го сфаќа...

Така да, мене живо ме занима, кој побогу ги советува на вакви ствари?!?!

Комедии сме жими се еј.. комедии... У циркуз да отидеш ќе пукнеш од депресија... овие се боље од циркуз..
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.728
Поени од реакции
22.878
Остваруваат 24/7. Буквално. Во 3 часот по полноќ се гласаат предлог-закони. Heil Grujo!
Ова пратениче очигледно е почетник, не е навикнато на турбо работно време. Заспа сиротиот! :love:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.645
Ова би требало да биде нацрт текст за Манифестот на Студентскиот Пленум, чисто за да се разберат со медиумите и со јавноста околу тоа кој е кој во протестите против екстерното тестирање/државниот испит и за што навистина се залага Студентскиот Пленум.

http://www.fakulteti.mk/mobile/news/15-01-08/raskaz_za_realnata_situacija_vo_makedonija

Расказ за реалната ситуација во Македонија



Актуелните настани во државава која радо би ја продале кога би имало кој да ја купи, од мене ги влечат острите реченици што свирепо ја разголуваат нашата стварност. Студентите креаваат револуција. Сител вели дека се тоа двајца без тројца, Телма заклучува дека станува збор за најмасовното студентско движење во историјата, а јас велам дека е ова крик, крик на интелектуалци ранети од апсурдните промени кои некој некаде ги виде, ама не ги одгледа до крај, а сега се обидува да ги имплементира во системот, експериментирајќи притоа со сопствената иднина. Зошто? Тоа е главното прашање кое деновиве се наметнува. Зошто го нарекувате државен испит, а не екстерно тестирање? И зошто таканаречениот државен испит ни го наметнувате како синџир околу вратот, откако ги укинавте приемните испити убедувајќи ги сите дека можат да студираат што сакаат? Тоа ќе го подобрело квалитетот на образованието. Не, нема! Дали екстерното тестирање во средните училишта го подобри квалитетот на образованието?

Оценките веќе не се вадат од ракав, се сипуваат од ракав. Зошто? Затоа што одлучивте прашањата да ни бидат однапред познати, што е најголемиот апсурд во приказнава. Во затворени училници, пред компјутери кои делумно работат, со професори кои екстерното ги удираше директно по џеб, ние како созреани индивидуи од четврта година имавме задача да ги препознаеме одговорите на прашањата кои претходно детално ги прочитавме. За да ни ја олеснат работата и нормално за да си ја спасат платата, најголем дел од наставниците ги згазија своите принципи и ни дозволија да препишуваме. Да, успеавте со ситни монети да направите марионети од оние кои четири години нè учеа да станеме вистински луѓе, а сега со затворени усти ги прекршија личните убедувања за да ни обезбедат малку правда во морето од неправда. И пак не беше фер. Зошто? Затоа што влегувањето во тие училници беше како лотарија, кај Даниела нема да препишеш, кај некој друг можеби ќе може, а можеби нема, зависи од неговата идеологија. Ни поделија исти карти, а играта ја игравме во различни услови. И сепак добивме добри оценки, на овој или на оној начин. И секоја наредна генерација ќе покажува солидни резултати на смешните тестови кои ги состави некој кој очи не ни видел, а сепак се осмели да ја негира оценката на професорот кој четири години, четири часа неделно беше со нас, професорот на чии часови доцневме, одговаравме, читавме есеи и пишувавме писмени. Министерот не знае колку елементи има периодниот систем, ама се дрзна да чепка по дневникот на професорката по хемија, на која и стави на располагање три зрнца натриум хлорид, а и даде задача да ни покаже титрација, и хидролиза, и пиролиза и што уште не. И што прават сега оние кои во училниците зад затворена врата стопроцентно нè подржуваа, а кога доаѓаше време за кревање на гласот ни ги заклучуваа сите влезови и излези, глумејќи кротки јагниња пред камерите на диктаторот? На сите им пишуваат поголеми оценки. Зошто?

Затоа што знаат дека ќе се снајдеме. Свесни се дека ако сака, и ако не му падне системот и неписмен може да ги научи прашањата кои оваа година се речиси идентични како претходната и да добие висока оценка, што ќе удри по нивната и онака ниска плата. И ние не ги обвинуваме нив. Не ги обвинуваме оние кои не дојдоа со нас, кога најмногу ни требаа, не ги обвинуваме што ни ги заклучија вратите во моментите кога посилните од нас ни ја кроеја судбината. Ние ја обвинуваме политиката, ги обвинуваме оние кои се негираа себе си, го ставија прстот под црниот маркер и излегоа да избираат притоа гласно викајќи: „Сите се исти.“ И не, јас не сум опозиција, ни позиција, немој да ме заокружувате. Ова не е писмо од анонимен студент, јас имам име и презиме. Ова е расказ за реалната ситуација во Македонија, видена низ призмата на еден човек кој живее тука и сега. Ова е писмо до вас кои правите од човечките срца ѕид за политички пароли и други глупости. Писмо до хипокризијата на оние кои сè уште молчат и зад заклучени врати ги убедуваат своите средношколци сами да протестираат против она што поденднакво ги засега и едните и другите. Ова е писмо до идеалите на мојата генерација која се слика на партиски предновогодишни забави и пикници, па сè уште сте млади за да верувате во политика, барем обидете се поинаку. Ова е писмо до нашата слобода и нејзините бели крилја, писмо до синџирите кои мора да ги скинеме, до нашите предрасуди, до сфатените и несфатените, до сите кои не знаат како, а сепак зборуваат, и најважно до оние кои знаат како, а молчат.

Не ни треба државен испит. Не сакаме државен испит. Не затоа што не сме способни да одговориме на тие пет прашања, туку затоа што сме свесни дека пак нема да биде фер, знаеме дека не е добро смислено, знаеме дека сè додека се продаваат дипломи ќе има некој кој ќе ги купува. И иако понекогаш сме во конфликт со нашите професори, сепак нема да му дозволиме некому што не знае да реши прост интеграл да дојде и да напише нешто друго врз оценката од професорката по математика. Како може со пет прашања на заокружување да се провери оценката која ја добивме така што испишавме цели тетратки, цртавме цртежи и изведувавме формули? И не, ние не сме политичари. Не се врти овој свет околу СДСМ и ВМРО, има повиоки идеали во животот од политички партии. Па всушност што се политичките партии освен замислени имиња и скапи споменици на чии камења мрзне интелектот на нашата младина. Ние не сме власт, не сме опозиција, ни позиција. Ние сме живи луѓе. Ние сме вашите идни лекари, инженери и уметници, научете да нè цените. Зошто државен испит? Зошто екстерно тестирање? Студентите купувале дипломи? Па во тапацираните фотелји секако најдовте место и за оние кои си ја купиле дипломата. А ние кои не можеме или од некоја причина не сакаме да купуваме дипломи? Е ние ќе станеме лекари кои ќе работат по зафрлени села, ќе земаат исти плати како келнерите и ќе ги трошат на курсеви по германски јазик, чекајќи ги своите пет минути. Ние ќе станеме вашите инженери кои ќе мечтаат за првата вистинска шанса засекогаш да заминат од овде и на сите да им раскажуваат за убавините на Македонија, кои се многу повеличествени кога ги гледаш оддалеку.

Наталија Тасевска

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864

Kajgana Shop

На врв Bottom