Не сум правник нит имам некоја основа околу тоа, ама мое размислување е следново: Автономијата поврзана со универзитетите што е во Устав, како тело автонономно во однос на централната власт според мене се побива со фактот дека се нуди тело - одбор за акредитација која би го спровела испитот кој е надвор од контрола на централната власт и на тој начин директно не се нарушува автононмоста на универзитетот. Можеби сум грешка или не, но по моја логика така оди. А фактот дека неформално и индиректно ќе има влијание е друг муабет и околу тоа не сакам да дискутирам зошто јавна тајна е тоа.
Затоа сметам дека секоја реплика кон власта во моментов со аргументи дека законот е противуставен нема да имаат тежина, но доколу постои искрена желба кај пленумот за решавање на проблемов треба да најдат други поконструктивни предлози и решенија околу ова прашање. Само за инфо, при контакт со дел од мои другари и колеги кои стојат зад пленумот го делат мислењето дека не чини нешто во универзитетите и дека државниот испит не е решението за тоа, но дека треба да се спроведат некои мери околу тоа за да се среди настаната ситуација. Затоа треба да се понуди решение како би се подобрило, ако не чини начинот преку државен испит нека се понуди друг подобар предлог кој би бил и јавно образложен, а не да се крие зад ставот да се повлече законот и да се остане како што било само поради фактот што бил противуставен. Јас сакам да се размислува прогресивно, а не да се стопира и да се тера како што било.
А за професорскиот и тој контра пленум јавна тајна е дека секој се инволвира во нив за сопствено поентирање во политички план.
Последново си во право, иако има искрени кај Професорскиот пленум, морам да го потенцирам тоа. Дали има искрени кај контра-пленумот не знам.
Е сега, во однос на автономијата. Иди погоре, или на претходната страна, ставив некои слики, разгледај ги. Како во Законот е пропишана автономијата, болдирани се работите кои се кршат односно дека сега нема факултетите сами да си ги бираат програмите, начините на оценување и триста други работи туку тоа ќе биде направено од тела кои ќе бидат формирани од МОН.
Иначе, на страна телото што ќе го спроведува испитот...самото тоа што на универзитетот не му дозволуваш да издаде диплома без положен државен испит, (испит кој не го спроведува универзитетот) е кршење на автономија.
Ние не викаме дека не треба промени. Требаат промени, но не вакви, не брзоплети, не промени без претходна целосна анализа на високото образование. Ние бараме да се повлече предлог-законот, да се седне на маса и да се дискутираат проблемите во високото образование, поткрепени со целосна анализа на сите проблеми: студентски домови, програми, учебници, финансирање итн итн. И после заеднички да се дојде до решенија кое ќе биде добро за сите!
А додека се најде тоа решение, кое треба да биде целосно нов Закон, треба адекватно да се употребат механизмите кои се на располагање во законот. На краток период, можат да бидат ефикасни, ако ефикасно, правично и неселективно се користат. На долг рок, ова што претходно го кажав.