Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
УКИМ- ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ - сите незадоволни студенти влегувајте во групата. Незнам кој ја креирал, ама имаат добри поенти.

*Не одам на факултет само четврток, за тогаш да имам само бесплатен превоз
*Плаќаме за да студираме, а ни воведуваат екстерни кои не ги покажуваат вистинските знаења и не` дефокусираат од испитите, само ако не е успешно да немаме дозвола да продолжиме со студирање.
*Плаќаме таксена марка 50ден. и провизија 50 денари (банките нè рекетираат).
*Ни викаат дека рата за партиципација е 6000, ама уплаќаме најмалку 9000.
* Нè казнуваат затоа што сме сиромашни и не сме платиле навреме (казната варира од 500, па нагоре).
*Нè тераат да платиме за ИКСА 750 денари, а не сме виделе ниту културни, ниту спортски активности.
*20% од ИКСА оди за Студентскиот парламент иако јас не сум негов член.“
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.113
Поени од реакции
17.980
10-ка не може, но до 2011 можеше да се положи без завршен, сега не знам како е. :D
Имам земено неколку оценки без да одам на завршен испит, но претходно имав поени од двата колоквиуми доволно за да ми стават оцена.
Се зависи од професорот, секој има различен начин на оценување. Некои пуштаат така некои бараат усно полагање (Аристотел и Љупчо Антовски) :LOL:
Теоретски и сега може да положиш без завршен но за тоа треба прилично големо знаење да поседуваш од предметот и би било нелогично да не сакаш да полагаш завршен испит и да се задоволиш со 6ка или 7мица, а очигледно имаш капацитет за 9 или 10.

На моите студии пред завршен испит може да собереш 70 бодови максимум, но во пракса невозможно е да собереш повеќе од 62-3 максимум до 65 и тоа само најдобрите студенти. Најголемиот дел се среќни доколку освојат 42 бодови што е услов да може да полагаш завршен испит.
 
G

Gricko_

Гостин
Не знам што се буните, ако ова е бунтот. Колку си дозволил, толку ќе добиеш.

Таква индиферентност кај студентите немам видено. Четврта година деканот на факултетот ни предава клучен предмет, вика наместо 10 вежби ќе одржиме 4 практични, другите теоретски. Зошто? Сам така одлучил. И ни вика имате ли некое прашање? Си викам не е можно, ако поскапеле материјали, ќе доплатиме плус колку треба, нели се за наука. Не бре брате, бубалиците од прва група, се што го прашаа беше дали ќе сме завршеле порано со вежби требало да шетаат на апсолвентска. Каков фејспалм човече. Имаше 100 луѓе во амфитеатар. На човекот едно време незгодно му падна, ама после некое време сигурно си помисли, на овие ли да им се правдам? И во право е.

Хипотетички, ако одлучевме сите 100 луѓе да му речеме не идеме на твоите предавања, освен ако не ни одржиш вежби како што биле до лани, што мислите ќе најдеше начин да ги одржи вежбите? Ама простите колеги со 9,7 просек, научени ќути сине наведната глава сабја не ја сече, нема да добијат десетка туку-така, а ако не добијат ќе им се расипе просекот, а просекот им е ко оргазам, море подобро.

Подоцна лично се расправав со професоров насамо, не беше тоа главниот муабет, ама му спомнав за ова дека нема да запрам додека сите ебани матуранти не дознаат како се одржуваат вежби, како асистентот што треба да го сликаат и да го стават до некој мајмун како доказ за еволуција, ебава студентки. Оваа година не ми успеа, пак се запишаа 50-60 студенти, затоа што многу малку луѓе читаат форум кајгана, сеа почнав на фб на матуранти што ги знам да им праќам пораки. Еден дечко од Охрид ми прати порака на форумов, сеа на сите негови пријатели им праќам. Друг начин нема да се осетам подобро за четирите години перење мозок од дотичниот, колку и да изгледа аматерски ова.

Наместо они да се плашат од студентите, ние им се тресеме. И се за ветена мочана работа од 400-500 евра во администрација. ПУ!

Гнасниот ми се смееше, е тоа е тоа што ќе го добиеш ако се обидеш да се буниш и да смениш нешто. Затоа што си сам, ако се побуниш јавно ќе станеш чудак за тие другите околу тебе, абе гзолижачите од колеги што ги имав, наместо на десетти ќе закажеа колоквиум на седми само за да се улизуваат, ако треба по 18 саата ќе учат. Ти сакаш да се побунеле?

Оттогаш 4-5 пати ме среќаваше низ ходник и онака цинично ми се смееше да не имате да ми кажете нешто. Едно време и ми се закануваше, испраната глава што предава на 6 факултети, дури и на УГД предава, ко да е единствен таков стручњак во Македонија. Абе книга немаат напишано, а предаваат по 30-40 години, ти сакаш настава.
Си кажува шеги на сред предавања, ги прашува љоптурките зашо не фаќале за дечко македонец и интересен им е. Така сака македончето, подмачкано кога го ебат барем нека не боли многу!

Сега даваат од влада за секој научен труд по 500 евра. Што мислите колку труда ќе напише со 12 внуци што им течи мозок од што се паметни, а студираат на неговиот институт?
Сам ли да испаднам на протест?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Теоретски и сега може да положиш без завршен но за тоа треба прилично големо знаење да поседуваш од предметот и би било нелогично да не сакаш да полагаш завршен испит и да се задоволиш со 6ка или 7мица, а очигледно имаш капацитет за 9 или 10.

На моите студии пред завршен испит може да собереш 70 бодови максимум, но во пракса невозможно е да собереш повеќе од 62-3 максимум до 65 и тоа само најдобрите студенти. Најголемиот дел се среќни доколку освојат 42 бодови што е услов да може да полагаш завршен испит.
Ако одиме по правилното оценување малку е 6 и 7 ако претходно си ги собрал сите 70 поени, но секој професор различно ги гледа поените.
На некои семинарската им беше завршен со вкупно 40 поени, други спуштаа граница и со 70 поени ставаа 8 и 9, трети пак завршниот го користеа за преполагање на колоквиуми.

Ги намалија границите за право на завршен со 34, а 6 ставаа со 46 поени, затоа и сите земаа дипломи. :LOL:
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.113
Поени од реакции
17.980
Ако одиме по правилното оценување малку е 6 и 7 ако претходно си ги собрал сите 70 поени, но секој професор различно ги гледа поените.
На некои семинарската им беше завршен со вкупно 40 поени, други спуштаа граница и со 70 поени ставаа 8 и 9, трети пак завршниот го користеа за преполагање на колоквиуми.

Ги намалија границите за право на завршен со 34, а 6 ставаа со 46 поени, затоа и сите земаа дипломи. :LOL:
Правилата како што знам сега на УГД се исти за сите и секој професор е должен да се придржува. 10 бода од присуство и активност, 10 од семинарска, 10 од вежби, 20 на прв, 20 на втор колоквиум и 30 на завршен испит. Тоа се тие 100 бодови. По брат ми знам дека доста се почитува овој начин на оценување, и тоа со прилично строги критериуми затоа што од семинарска и вежби ретко кој добива максимум поени. Дури и поените за присуство не ти се загарантирани максимално, затоа што во нив спаѓа и активноста.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.090
Поени од реакции
81.028
Добро познато е дека кај нас оценките на факултетите се добиваат лесно и не се одраз на вистинското знаење на студентот. Ваквата одлука на државата, само два пати во текот на целото студирање, да ги провери знењата на студентите, треба да се поздрави, бидејќи е во контекст на поквалитетно образование и кадри. Оваа мерка е во прилог на студентите и нивното знаење, кое го добиваат бесплатно, во оваа држава. Државните испити би можеле да бидат прилика и за самите студенти да придонесат за земјата која ги образува. Би можело, овие испити да се направи да се плаќаат. Еве на пример, симболично, по 50-тина евра. Велам симболично, бидејќи два пати по 50-тина евра, во текот на цело студирање, кое обично трае 4+ години, не е некоја сума. Тие суми би оделе во посебни студентски фондови кои би служеле за унапредување на образованието. А би се вовело и можност, доколку студентот не го положи испитот, да може веднаш повторно да полага, за една недела, кога би се одржувала втора тура државни испити, токму за ваквите случаи. Секако, оние кои ја знаат материјата, би положиле првиот пат и не би имале потреба да плаќаат повторно за втор обид. Би можело да има повеќе вакви државни испитни сесии, со разлика од една недела, за оние најнеодговорните, кои не би успеале од прв пат да положат.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Добро познато е дека кај нас оценките на факултетите се добиваат лесно и не се одраз на вистинското знаење на студентот. Ваквата одлука на државата, само два пати во текот на целото студирање, да ги провери знењата на студентите, треба да се поздрави, бидејќи е во контекст на поквалитетно образование и кадри. Оваа мерка е во прилог на студентите и нивното знаење, кое го добиваат бесплатно, во оваа држава. Државните испити би можеле да бидат прилика и за самите студенти да придонесат за земјата која ги образува. Би можело, овие испити да се направи да се плаќаат. Еве на пример, симболично, по 50-тина евра. Велам симболично, бидејќи два пати по 50-тина евра, во текот на цело студирање, кое обично трае 4+ години, не е некоја сума. Тие суми би оделе во посебни студентски фондови кои би служеле за унапредување на образованието. А би се вовело и можност, доколку студентот не го положи испитот, да може веднаш повторно да полага, за една недела, кога би се одржувала втора тура државни испити, токму за ваквите случаи. Секако, оние кои ја знаат материјата, би положиле првиот пат и не би имале потреба да плаќаат повторно за втор обид. Би можело да има повеќе вакви државни испитни сесии, со разлика од една недела, за оние најнеодговорните, кои не би успеале од прв пат да положат.
Да одредени студенти ги добиваат лесно оценките и навистина ако сака да научи студентот ќе научи или може да го помине лесно факултетот.
Но, ова не се поправа со уште тестови, на пример нели е далеку полесно на секој што чува на испит да му се дава 50Е за секој фатен студент како препишува и за 3 пати фатен студент како препишува завршува факултетот.
Со ваква мерка имаш инстант подобрување на образованието, ако денес ја воведат веќе од наредната година високото образование ќе биде подобро
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не е глуп муабетот. Студентите кај нас спијат у тиквите. Премногу се индиферентни спрема било што, посебно спрема работи кои ги засегаат лично нив.
Земи го Гоце студентскиот за пример. Со години уназад домот е мизерија без основни услови за живот и пак сите си ќутат. Никој ништо не вика, не им смета ништо.
Не се сaмo студентите туку 95% oд луѓетo у држaвaвa се пaсивни, aмa не знaчи декa сеa зoштo еден прoблем ги зaсегa сaмo студентите или сaмo нaстaвниците требa дa ги oстaвиме сaмo oни дa прoтестирaaт, a сите други дa гледaaт oд стрaнa.
Пoентaтa ми е декa требa сите дa се aктивирaaт кoa ќе имa некoј вaкoв прoблем.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Кај ними се и сатарот и саламата, да преведа, ќе играш така како шо ти свират.
Не да се збирате по социјални мрежи не по бутури, џабе ви е се. Да незвучам онака како шо нетреби али та е реалноста.
Јас искрено се надевам и сакам да се смени оваја ѓурултија. Катастрофално образование имаме од најниско до највисоко ниво, мислам за оние кои ги креираат и раководат. Завчера зборував со пријател од Ирска кој е веќе пензиониран професор по филозофија, искрено не ми се ни уста отвараше али ајде кога посочив и му раскажав, човекот ми се изнасмеа, ме прашуваше дали се шегувам со него. Јок не ојме нија напред, стока сме, не сме цивилизција. И после се ќе ти излезат чика Грујо, Поповски, Абдиљаким Адеми(овај прв пат ко го чув си мислев дека е некој фудбалер) кај Миленка, кај Латаса, кај Јанка и ќе ти дрндат дека се е мед и млеко.(саде за пример ги зедов овија). Драстично треба да се сменат работите од корен. Толку е закашкано шо немат таков маж шо ќе ја испрајт работава.
Теја е теја, мене ак ме најдовте ја неможа поќе.
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Кој завршил факултет досега се спасил.... понатаму на останатите тешко нив.
 

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Додека некои од вас сериозно си разменувате мислења за обемот на материјалот за студирање доколку има екстерен и додека некои други од вас се ситите на тоа дека воопшто ќе има екстерни ради напливот на студенти (бидејќи нели сите завршуваа факултет), најмногу треба да ги читате и поддржувате оние што велат дека ова воопшто како идеја е срање!

Значи, комплетно, тотално, извештачено СРАЊЕ!

Завршив факултет пред две години, но сеуште ме боли да гледам како буквално се тепа веќе и најдолната единка во општеството - студентите. Откако сите добија свои привилегии, освен отворање на факултети во сите градови и намалување на котизацијата - ништо друго не се направи. Второто можам да го сфатам, Германија на пример комплетно го укина плаќањето, но отворањето на факултет во секое село никако не можам да го сфатам бидејќи и тоа е еден вид на девалвирање на поимот студент. Можеше на друг начин на секој оној што сака да студира да му се даде начин.

Е, сега, за екстерното за студентите - не, не се нормални, ич! Веројатно единствена земја во светот ќе бидеме доколку успеат во ова. Ќе бидеме смешка во академскиот свет, доколку и сега не сме де. Од корен треба да се исече целата идеја, а сите оние што тука тврдат дека факултетите даваат така дипломи, самите тие (факултетите) треба да си го средат истото бидејќи нели се независни (а, токму тука државата со ова екстерно задира). Доколку само раздаваат дипломи - сите ги знаат и ниту ќе бидат ценети тука и надвор од Македонија.

Ако не за друго, барем преку Work&Travel можеш да си останеш во странство без да се грижиш дали ќе завршиш факултет во Македонија затоа што Владата ќе те проверува. Плус, еве добра причина за азил во странство. :)[DOUBLEPOST=1412470531][/DOUBLEPOST]
Следен чекор можеби ќе им биде полагање на возачка на секои 2 год, наместо да прошируваат улици вака ќе го средат метежот :icon_lol:
Не им давај идеи. :)[DOUBLEPOST=1412471535][/DOUBLEPOST]
Кои идни генерации, која земја? Зошто?

Се е премногу едноставно. Ако не сте успеале да си ги поедноставите работите до сега, да пробам јас на мој начин.
Се е небитно.

Како после толку масовни илузии, ширење пропаганди, и класично играње курташак со сите нас, сеуште при срце ги земате сите новости и одлуки?
Се е премногу едноставно. 2 се крајните решенија, кои сите ги знаеме.
Од кога ќе ја донесеш одлуката за својата иднина, иде делот кога се реализира. Се пропатно е небитно. Апсолутно небитно.

Почнувајќи од античкото во нас, металците кои се насилни и вонземјаните во Охрид, полагање на истите испити 10 пати, се е апсолутно небитно. Ако ги анализираш сите одлуки донесени во изминативе години, ќе дојдеш до заклучок дека се неверојатно глупи и на многу полиња буквално те ебат, а после извесно време, ако си паметен ќе прекинеш да анализираш. Зошто? Пошто не вреди.
Да, секоја измена има огромно директно влијание врз нас, ама го ставаш тоа во групата "препреки до целта" и воопшто не ги прифаќаш емоционално промените.

Егзистенционалното прашање ни е загрозено, а се замарате со глупости. Егзистенцијата ни зависи од нив, ако не директно мојот леб, сигурно имам некој близок што зависи од нив. По некоја случајност да си утнат од системот, треба да ти станало јасно дека доволно луѓе ги нема утнато системот, доволно за системот да се одржува во живот. Не гласајте, дигнете бунт, револуција? Критична маса? Докогабевака? Сериозно? Моменталниов систем ќе се распадне единствено кога ќе се самоуништи, не може да се победи. Ќе чекаш да се самоуништи или ќе си отидеш пред да се случи тоа.

Може да се дигне револуција во секој случај, може да се проба. Би изгледала нешто ко битката на Дон Кихот со ветерниците, ама тоа не би требало да ги спречува јунаците да се истакнат на дело. Од толку идиоти во државава, ниеден јунак нема што сака да се испише во историјата. Смешно е колку многу сме пропаднати, за на сите да ни е јасно дека треба да си тежок идиот за да пробаш да промениш нешто во оваа држава, дури и на идиотите им е тоа јасно. (мада повеќето јунаци не им е дадено шансата да направат "глупост" и веќе им е дадено членство, што е на некој начин генијално)

Ќе ти зимаат данок за секоја тезга што ја работи на страна, океј, јеби га, ќе зимаат дур не си отидам. Секое ударање во гради, ти ебе матер. Еднаш мора да се прекине да се размислува за борба, и да се откажеш од носењето правда. Водење на борба во која знаеш каков ќе биде епилогот е од моја (пичкарска) гледна точка глупо. Себичен сум, пошто еден живот имам (за ова тотално одговара јоло фазонот :icon_lol:), да имав повеќе можда и би искоцкал по некој. Колку помалце време губиш на скроз безсмислени работи, толку повеќе време ти останува да ја исполниш целта што си ја зацртал. Ова го пишувам пошто на повеќето тука ни е целта да си отидеме некаде. Наместете ги приоритетите спрема целта која што треба да се оствари, и без емоции пречекувајте ги предизвиците, инаку здравје се губи. Ако е целта да си министер, лижи гзови, не учи факултет, или што ти ја знам, најди друг пат за да си ја оствариш целта, не осудувам апсолутно никој. Кој каква цел си зацртал нека си ја оствари, само нека не игра глупо дур ја остварува. Треба да си глуп да гледаш "за општо добро" во оваа држава полна идиоти. Исклучиво само ако си себичен успеваш, и за да си одиш треба да си себичен, нема да им помогнеш на другарите во борбата против "злото".

Премногу ствари ми се класифицирани како "не битни", и пробувам да се насочнам у смерот што мислам дека е правилниот, без притоа да ме погаѓаат вакви досадни и едно-те-исто вести. Ќе ви кажам за некоја година дали сум успеал :icon_lol:
:cuc:
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.979
Јасно бе, нормално, секој со свое мислење без разлика дали го засега или не. Зборам за протестиве, сега ми кажува некој дека и ја требало да протестирам, иако не ми смета. Зошто? Нелогично скроз...
Абе Рики, ако бегаат сите од тест физика, остај ти што си научил, ќе бидеш солидарен кон нив и ќе бегаш и ти бе, што ти е тебе? Мислам, ако нејќеш ќотек после тоа да јадиш. :D
Цк, цк, си го испуштил ти овој час од средно.
Зафркавам, кулирај си, искрено никој не го боли за никој, али ти си искреното дете, јбг.

Што се однесува на темава, смешки сте.
Вие, студентите, очи едни со други си копате, па они протести ќе направеле. :LOL:
Единствено ако си се групирате факс по факс, онака во групи, за да не се пцуете едни со други. Зашо нели, овие од ФИНКИ, електро, машински, се побистри од оние од правен, економски, они пак ги плукаат оние од педагошки, филолошки и се така во круг. Па јбг, ако не сте сакале да минувате по 6-7 саати дневно на факс, што такво баш таму сте се запишале? Али чек, ќе ви остане тоа да се тупате дека сте на тие најбистрите факултети, so suck it up. ;)
Мене искрено гајле ми е дали ќе си утепате 2 месеца скапувајќи над книга, али треба да ви светне дека сите заедно ве дупчат у здрав мозок, без разлика дали ќе треба 50 страници или милион страници да повторувате.
Државата е крива што не накрца сите дипломирани на 25.713 км2 парче земја, али штом више ве примиле секакви на факултет, бар сега нека не ве заебаваат.[DOUBLEPOST=1412473898][/DOUBLEPOST]
Ама простите колеги со 9,7 просек, научени ќути сине наведната глава сабја не ја сече, нема да добијат десетка туку-така, а ако не добијат ќе им се расипе просекот, а просекот им е ко оргазам, море подобро.
Тачно. (y)
За овие 10ката е подобра од повеќекратен оргазам. На факултет кога ќе си ја погледнат оценката во индекс, жими мене, имаат некој сјај во очите. :LOL:
 
Последно уредено:
D

Deleted member 54216

Гостин
Дај бе фатите книга место да плачите по форумиве.
Министеров највероватно згрешил(не му е мајчин јазик Македонски, опростено е) со изјавава на пресконференцијата, не е логично ни реално да полагаш предмети шо си ги учеш во 2 години факултет во еден тест.Секако ако немат згрешено е на ваша страна, ако се полагат на 2 години задачите ке се "ако е небото сино каква е тревата".
Прво форсираја сите млади да се "академски граѓани" и како во Македонија сите се образовани и младите се со повисоко образование, а со то единствено шо напраја е да дипломите од сите факултети во Македонија да не вредет ништо.Денес секој стигна да се наречит "студент", уште не ја прифаќате реалноста дека пола од вас требит да копет нива, да покривет дупки по патишта, да работет ко продавачки/келнерки.
Со овај потег го копирет едукативниот систем на Западна Европа, без да промислет на грешките шо ги направиле во минатото, таму ако се запишиш на бош средно школо или ако имаш слаб успех немаш НИКАКВА шанса да се запишиш на убав факулет или факултет со различна струка од твоето средно и таму полагет испити(селекција), исти ко овие шо ако ги падниш немаш право на понатамошно вишо образование, ама таму тие испити се СЕКОЈА НЕДЕЛА/МЕСЕЦ во зависност од факултетот, а не на секој 2 години.
И секако таму секој професор има група од најмногу 50 студенти, за разлика од овде(не знам лично ама според искуства шо ми ги имаат кажвено пријатели) каде што 1 професор има 100+ студенти и начесто асистентот ги држи и предавањата и вежбите, а имало и слушки каде каснеле по 1 сат+.
Поентата е дека ваков тест не е ништо страшно и е многу логично и оправдано, да се полага на 2 години е малку ретардирано посебно за техничките факултети ама според мене ако се полага на 2 години прашањата и задачите ке се лесни, вие не сваќате дека факултет е привилегија и треба да ве научи како да работите утре, да бидете професионали и да ваѓате леб.

На крај најинтересниот дел :D :D КОЈ ТИ ЦРНИ СТРАНСКИ СТУДЕНТИ ? Единствени странски студенти во Македонија се деца од дијаспората кој немет пари да си дозволет да се запишет на факултет кај шо се имигрирани, Албанци или нигери од Африка и други 3th world countries.Се смеев 2-3 минути ко го прочитав тој дел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom