Кои идни генерации, која земја? Зошто?
Се е премногу едноставно. Ако не сте успеале да си ги поедноставите работите до сега, да пробам јас на мој начин.
Се е небитно.
Како после толку масовни илузии, ширење пропаганди, и класично играње курташак со сите нас, сеуште при срце ги земате сите новости и одлуки?
Се е премногу едноставно. 2 се крајните решенија, кои сите ги знаеме.
Од кога ќе ја донесеш одлуката за својата иднина, иде делот кога се реализира. Се пропатно е небитно. Апсолутно небитно.
Почнувајќи од античкото во нас, металците кои се насилни и вонземјаните во Охрид, полагање на истите испити 10 пати, се е апсолутно небитно. Ако ги анализираш сите одлуки донесени во изминативе години, ќе дојдеш до заклучок дека се неверојатно глупи и на многу полиња буквално те ебат, а после извесно време, ако си паметен ќе прекинеш да анализираш. Зошто? Пошто не вреди.
Да, секоја измена има огромно директно влијание врз нас, ама го ставаш тоа во групата "препреки до целта" и воопшто не ги прифаќаш емоционално промените.
Егзистенционалното прашање ни е загрозено, а се замарате со глупости. Егзистенцијата ни зависи од нив, ако не директно мојот леб, сигурно имам некој близок што зависи од нив. По некоја случајност да си утнат од системот, треба да ти станало јасно дека доволно луѓе ги нема утнато системот, доволно за системот да се одржува во живот. Не гласајте, дигнете бунт, револуција? Критична маса? Докогабевака? Сериозно? Моменталниов систем ќе се распадне единствено кога ќе се самоуништи, не може да се победи. Ќе чекаш да се самоуништи или ќе си отидеш пред да се случи тоа.
Може да се дигне револуција во секој случај, може да се проба. Би изгледала нешто ко битката на Дон Кихот со ветерниците, ама тоа не би требало да ги спречува јунаците да се истакнат на дело. Од толку идиоти во државава, ниеден јунак нема што сака да се испише во историјата. Смешно е колку многу сме пропаднати, за на сите да ни е јасно дека треба да си тежок идиот за да пробаш да промениш нешто во оваа држава, дури и на идиотите им е тоа јасно. (мада повеќето јунаци не им е дадено шансата да направат "глупост" и веќе им е дадено членство, што е на некој начин генијално)
Ќе ти зимаат данок за секоја тезга што ја работи на страна, океј, јеби га, ќе зимаат дур не си отидам. Секое ударање во гради, ти ебе матер. Еднаш мора да се прекине да се размислува за борба, и да се откажеш од носењето правда. Водење на борба во која знаеш каков ќе биде епилогот е од моја (пичкарска) гледна точка глупо. Себичен сум, пошто еден живот имам (за ова тотално одговара јоло фазонот
), да имав повеќе можда и би искоцкал по некој. Колку помалце време губиш на скроз безсмислени работи, толку повеќе време ти останува да ја исполниш целта што си ја зацртал. Ова го пишувам пошто на повеќето тука ни е целта да си отидеме некаде. Наместете ги приоритетите спрема целта која што треба да се оствари, и без емоции пречекувајте ги предизвиците, инаку здравје се губи. Ако е целта да си министер, лижи гзови, не учи факултет, или што ти ја знам, најди друг пат за да си ја оствариш целта, не осудувам апсолутно никој. Кој каква цел си зацртал нека си ја оствари, само нека не игра глупо дур ја остварува. Треба да си глуп да гледаш "за општо добро" во оваа држава полна идиоти. Исклучиво само ако си себичен успеваш, и за да си одиш треба да си себичен, нема да им помогнеш на другарите во борбата против "злото".
Премногу ствари ми се класифицирани како "не битни", и пробувам да се насочнам у смерот што мислам дека е правилниот, без притоа да ме погаѓаат вакви досадни и едно-те-исто вести. Ќе ви кажам за некоја година дали сум успеал