Зошто in the name of god би рекол дека е џабе што и да направиш и дека не можеш ништо да смениш (бар така ги сфатив постовите на крејзи и сабахатович) ?
Зошто излегуваш на марш/протест ако од старт си со тој поразителен дух и сфаќање дека ништо не можеш да смениш ?
За да се пролуфтираш, воздух да те фати ?
И што е розова реалност ?
Да веруваш во идеали како правда, правичност, владеење на народот, правна држава ?
Шо сеа тоа ли испадна дека е проблемот во секое општество ?
Проблемот бил ваквиот позитивен начин на размислување...
Па од каде почнуваат промените ?
Сигурно нема да произлезат од некој што е уплашен и што мисли дека е џабе што и да направиш. Сигурно дека идеите за промена ќе произлезат од оваа „розова реалност“.
Проблемите во денешново општество не се резултат на ваквото „розово“ размислување туку баш напротив што многу малце се таквите луѓе. Проблемот е што луѓето забораваат колкава моќ има народот. Револуциите низ историјата ги правеле луѓето и во тие револуции паѓале кралеви, цареви, диктатори со огромна финансиска и воена моќ. Ама не, денес битно стави се на фејсбукче - напрај се паметен со цитат од некој нобеловец најдена на гугл, стаи се на твитерче - пиши си нешто револуционерно паметно за тоа како имаш маки и ти е тежок животот и чекај ретвитови, стаи си сликиче на инстаграм од тоа колку ти е тежок животот кога учиш од големи книги, пушти си серииче, јади, спиј и тоа е тоа, шо ќе ти е да размислуваш за иднината...
Луѓето излегувале на маршов зошто се осеќале моќни...
Не луѓето излегоа на маршов (добро голем дел од студентите де) за да се сликаат и да се фалат по фејсбуци, твитери, инстаграми дека биле на протест и за да го користат она клише „ја излегов и протестирав, а ти шо напраи бе ?“, а не зошто стварно веруваат во промена.
Ќејф ми е кога ќе видам масовност на марш кој има за цел позитивна промена во општеството, ама не ми е ќејф од друга страна па кога знам дека оние кои размислуваат во насока дека ова ќе вроди со некаков плод се бројат на прсти...
Проблемот е што денес луѓето заборавија што се, и прифатија да се гледаат самите себе како стока, како машина што гласа, а ги заборавија оние идеи на Лок, Русо, Монтескје и на многу други филозофи...