Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Само поради тоа што ги имате парите да ја изградите првата куќа во форма на ВеЦе шоља во светот ( Ќенеф куќа
) не значи и дека треба да ја изградите... Сепак, доколку вие сте Сим Џае-Дук, претседателот на организациониот комитет на Инаугурационото собрание на светската тоалет асоцијација (да, свесен сум колку глупаво ова звучи, али постои
), можеби и ќе имате интерес во градењето на едно вакво здание. Човекот кој зад своето име има така долг назив, вреди да добие шанса и да ни ја презентира својата идеја.
Куќата има основа од 420 метри квадратни, содржи четири де лукс тоалети - од кои еден e опремен со уред за создавање магла кој ќе им помогне на корисниците да се осеќаат по удобно (?!) како и електрични сензори за движење кои ќе ја подигнуваат и спуштаат поклопката на школката кога ќе е потребно.
Не ви беше доволно? Епа вака...дотичниот господин Џае-Дук ја изнајмува куќата за 50 000 (илјади
) долари на ден, пари кои ќе ги донира за подобрување на светските санитарни услови - според оваа организација, проблем на 2 милијарди луѓе низ светот. Чудесно, не?
Самата Ќенеф куќа се одликува со причично уникатен дизајн на господинот Џае-Дук со кој тој сака да ја нагласи светската потреба за подобри санитарни услови (со други зборови, асал место за мала и голема нужда). Куќата има и свое име - Haewoojae, што на корејски јазик значи "СВЕТИЛИШТЕ каде човек ќе може да си ги реши своите проблеми". Единствената куќа во форма на тоалет школка ќе биде отворена на 11-ти ноември, со тоа означувајќи го стартот на неговата Светска Асоцијација на Тоалети.
Куќата е изградена од метал, бел бетон и стакло, а ќе биде отворена за посетители (кои веројатно едвај чекаат да ја употребат) наредниот месец. Покрај четирите де лукс места за оставање на вашиот де лукс фецес, куќата има две спани соби, две гостински соби и... уште по некоја соба во која веројатно ќе е забането да се врши нужда. Сигурно е и дека ќе има неколку магацини за тоалет хартија.
Па, доколку вашиот џеб е длабок, ако соработката на вашиот стомак со дебелото црево е на врвно ниво, значи - доколку сакате да ја посетите куќава и да придонесете за светските санитарни услови, ќе треба да го посетите родниот град на Сим Џае-Дук Suweon, кој се наоѓа на 40km јужно од Сеул.
Којзнае дали на човеков ќе му текне да направи некои асални тоалети во Македонија со парите. Ионака има што да се остави во нив
Еве ви уште неколку слики од најновото светилиште во јужна Кореја