Љубов со пари сепак се купува

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Дали ги оправдувате ваквите ергени кои купуваат жена?

  • да

    Гласови: 78 58,6%
  • не

    Гласови: 55 41,4%

  • Вкупно гласачи
    133

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
и каде е овде љубовта?! ...
Се земале затоа што морале да се земат, затоа што годините ги натерале или можеби ситуацијата во која се. А дека ќе има љубов... тоа малку тешко.. може да има само пријателска љубов... или навика која ќе ги одржува заедно.
Кога не познаваш некоја особа и кога си се помирил со судбината дека ете така морало да биде, љубовта веќе нема некое посебно значење.
А што демек баба ти и дедо ти од љубов се земале?
Им кажале дека него/неа мора да го/ја земе и завршена приказна.

Башка види го човекот целиот насмеан, конечно дочекал женска рака во куќа. Јас би му поскал многу здравје и деца, а среќата он веќе си ја нашол.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672

Јас немам ништо против луѓето што зимаат.. само нека не го користат зборот љубов на места кај што не одговара.
А баба ми и дедо ми дали се зеле од љубов.. тоа само они си знаат.... дедо ми бар не плаќал 1000 евра за да земе невеста... се сретнале неколку пати и фино лепо си прашал... јбг... изгледа само ја не знам што е тоа љубов.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.090
со среќа нека им е. да им трчкаат деца низ двор
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
и каде е овде љубовта?! ...
Се земале затоа што морале да се земат, затоа што годините ги натерале или можеби ситуацијата во која се. А дека ќе има љубов... тоа малку тешко.. може да има само пријателска љубов... или навика која ќе ги одржува заедно.
Кога не познаваш некоја особа и кога си се помирил со судбината дека ете така морало да биде, љубовта веќе нема некое посебно значење.
од љубов,збеснати хормони и немислење се случиле повеќе разводи одколку среќни бракови........тука станува за луѓекои малку подзакасниле па ваквите бракови се над 90%успешни(досега)

за да ќари машко добра цура по градовите треба да фрли едно 500 евра зошто нашите цури вредат и не се подценуваат,поклонче,добро количе,добро парфемче,добро кафанче...... за покасно да замине со некој фраер кој ќе потроши 600 евра на неа........шубо му е на машкото денеска шо да ти распраам......
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Abe kakva ljubov be! Toj 40 godini picka ne videl. Ovaa koa mu uletala ja zel kao pop sarma...cap-cap!! Sega i decinja ke mu izrodi, radost po doma!!!
Neka im e so sreka i sto poveke deca, po moznost zenski za idnite generacii da nemora da uvezuvaat;)
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
од љубов,збеснати хормони и немислење се случиле повеќе разводи одколку среќни бракови........тука станува за луѓекои малку подзакасниле па ваквите бракови се над 90%успешни(досега)

за да ќари машко добра цура по градовите треба да фрли едно 500 евра зошто нашите цури вредат и не се подценуваат,поклонче,добро количе,добро парфемче,добро кафанче...... за покасно да замине со некој фраер кој ќе потроши 600 евра на неа........шубо му е на машкото денеска шо да ти распраам......
Е видиш... тоа што ти го кажа не е ни љубов... значи сосема погрешна представа имаш за љубовта.. или па погрешно мене ме разбра. Љубовта не е само збеснати хормони ... мноооогу повеќе од тоа е... тоа е цела философија, која бара многу озбилност, многу пожртвуваност, доверба,зрелост, храброст и уште ред други работи за една врска да прерасне во нешто што ќе трае цел живот.

Што се однесува на второто... не знаев дека ти со поклони го купуваш вниманието на некоја девојка. А и како очекуваш таа девојка да те сака и да изградиш врска стабилна со неа кога ти уште на почеток си почнал да ја освојуваш со подароци, наместо со она што си ти.
Точно... добрите девојки вредат... али зависи што ти подразбираш под поимот "добра девојка". Добра .. у смисол добро тело? добра за во кревет? или добра девојка која има свое јас и која не се продава за едно бмв или една јамаха?
 
ооооооооооо,извинете грешка сум.........абе телефони ќе искршиш,кредити 500 и кусур,па не можам денес па ова па она.........еј,немој мене наивност и ако ти излегуваш со некој од прва ти си можеби во тој мал ситен процент кој дава веднаш шанса....
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 23:41 ---
затоа имаш стари ергени на куп (а замисли не се геј)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.643
Поени од реакции
31.865
To шо не можи да се купи со пари, можи да се купи со многу пари.
Кој како ќе си ја нареди, не обвинувам никој, е сега за каква љубов станува збор или за каква ,,љубов" станува збор е сосема друга тема. Битно никој никого не присилува, барем јас колку шо знам. То ти е слично на договор, израз на волји од која едната нешто дава, другата исто, па во некоја точка се сечат и то е то.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
ооооооооооо,извинете грешка сум.........абе телефони ќе искршиш,кредити 500 и кусур,па не можам денес па ова па она.........еј,немој мене наивност и ако ти излегуваш со некој од прва ти си можеби во тој мал ситен процент кој дава веднаш шанса....
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 23:41 ---
затоа имаш стари ергени на куп (а замисли не се геј)
Сеуште си дете за да разбереш некои работи... а и уосталом.. ако чекаш се само да ти падне во раце сигурно никогаш нема да го најдеш она што го бараш..
Никој од прва со никој не иде... освен ако не му е за една вечер за мување и после да се прави дека не го познава.. али тоа ионака не е во темата.. отидовме скроз оф топик.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Сеуште си дете за да разбереш некои работи... а и уосталом.. ако чекаш се само да ти падне во раце сигурно никогаш нема да го најдеш она што го бараш..
Никој од прва со никој не иде... освен ако не му е за една вечер за мување и после да се прави дека не го познава.. али тоа ионака не е во темата.. отидовме скроз оф топик.
од кај извлече само ваков заклучок,али ОК е за феминистички настроена особа.........
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Јас разбрав од школсиве другари во Пласница убави парчина имало бе... :вонзем:
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
од кај извлече само ваков заклучок,али ОК е за феминистички настроена особа.........
Феминистички настроена? :D... ако има моментално некој од моиве на форумов што ме познаваат одма ќе ти кажат дека си грешка. Напротив.. никогаш не сум ги сакала феминистките и не сум одела до крајности... али баш ме интересира од каде го извади тој заклучок, пиши ми во пп.. за да не забегуваме повеќе од темава :)
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Суровата реалност е дека и класичниот метод на стапување брак се сведува на исто само во малку позавиена тоест дипломатска форма.
Дали ќе даде 3000 евра од прва ил дали ќе бидат распоредени на разни инвестиции од типот: облека, парфем, вечери подароци и слично е негов избор. Од апсект на економичност далеку поефикасно затоа што го нема периодот на "удварање" (кој на некои им се допаѓа).

Знаете како викаат за комунизмот: таму барем ни кратеа време и мака со тоа кој ќе не ебе, сите знаевме дека еден е изборот. Во оваа демократија мака мачиме со тоа.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Интересно е тоа што ергени нема само во потзапустените села ширум државава, туку се повеќе ергени(сигурно сте приметиле, а и познавате многумина такви) има и во поголемите градови, само во Скопјево колку има ергени ........... уоу ......... зборам и за урбан и за периферен дел, секаде без разлика, инаку оваа појава и не зависи 100% од економијата, бидејќи познавам добро/солидно ситуирани типови во поодминати години(да речеме 35+, па и 40+) кои сеуште се ергени, па дури немаат ни девојка што би се рекло, заебани ствари, а град со близу 1 милион жители, ај што се однесува до селата и не ме чуди, нормално дека ќе има ергени по тоа селата кога денеска никоја несака да работи со земја или стока и никоја несака да живее во пустелија, туку во цивилизација, но и во цивилизацијата(урбаните средини) оваа појава ја има и тоа наголемо, ергени колку сакаш и по градовиве има(СК на пр. врие) !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom