Овде има три прашања, кои се прилично неопределени, по својата природа:
1. Што е љубов?
Ова до сега не е стриктно дефинирано и е прилично лично. Значи, ако на двајцата, кои се во љубовта заедно, им е убаво еден со друг - можно е. Јасно, љубовта како концепт е многу лична, турбулентна и недефинирлива, па не би можел да кажам ништо повеќе во однос на ова
2. Што е психички хендикепирана личност?
Според описот на почетокот, тоа е личност која се однесува како да има 8-9 години на свои 25 години, што ќе рече - емоционално незрела личност.
Ахм...
[ИЗМИСЛЕНО]„Драга Кајгана, ми иде да ја *ЦЕНЗУРА* колешката, ама ми е страв жена ми и децата да не дознаат“[/ИЗМИСЛЕНО]
Со други зборови: луѓето не пораснуваат нешто многу-многу во текот на животот. Само игрите што ги играат имаат поголеми последици и влоговите се поголеми. Дури, 8-9 годишните деца се поискрени и многу лесно може да се каже повозрасни од т.н. „возрасни“ луѓе.
И тоа води до
3. Што е нормална личност?
Во овој свет во кој секој секого ќе продаде без да трепне, во кој не е важен патот и начинот туку само целта - да, хендикеп е човек да биде искрен и да нема скриени намери. И таквите обично се сметаат за недозреани, бидејќи „зрелите“ луѓе имаат многу повеќе постигнато од тоа. Јасно, не се прашува како ги постигнале сите големи работи, зашто не е ни битно. Ако некому му пречи да гази преку некој друг заради своите цели - тој е хендикепиран и недозреан.
Нејсе, во љубовта барем нема никакви правила. Како и за секој друг случај на љубов, не би генералилзирал и овде. А и немам сретнато таков случај, па немам повеќе коментари.