Љубов помеѓу...

Член од
24 ноември 2009
Мислења
370
Поени од реакции
710
Here is your answer.
Позади секоја "љубов" се крие задња намера.

А на филм, имам гледано дека постојат вонземјанци, магични земји и дрва кои зборуваат и пасат трева.
Си бил заљубен досега? Ако во секоја љубов постојат, тогаш, кои биле твоите скриени намери?

Ја на филм еднаш гледав како на тој брат му му ја скршија кичмата.:vozbud:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Си бил заљубен досега? Ако во секоја љубов постојат, тогаш, кои биле твоите скриени намери?

Ја на филм еднаш гледав како на тој брат му му ја скршија кичмата.:vozbud:
Сум се "заљубил" де и видов дека таа апстрактна појава е минлива, недифинирана и секој различно ја доживува (различни задњи намери).
Ако постоеше сите ќе ја доживувавме исто, посбно кога сме во пар исто како радост, среќа итн. итн...

Моите задњи намери сеуште не се познати но мислам дека нешто беше поврзано со тоа колку сум бил глуп.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Овде има три прашања, кои се прилично неопределени, по својата природа:

1. Што е љубов?

Ова до сега не е стриктно дефинирано и е прилично лично. Значи, ако на двајцата, кои се во љубовта заедно, им е убаво еден со друг - можно е. Јасно, љубовта како концепт е многу лична, турбулентна и недефинирлива, па не би можел да кажам ништо повеќе во однос на ова



2. Што е психички хендикепирана личност?

Според описот на почетокот, тоа е личност која се однесува како да има 8-9 години на свои 25 години, што ќе рече - емоционално незрела личност.

Ахм...

[ИЗМИСЛЕНО]„Драга Кајгана, ми иде да ја *ЦЕНЗУРА* колешката, ама ми е страв жена ми и децата да не дознаат“[/ИЗМИСЛЕНО]

Со други зборови: луѓето не пораснуваат нешто многу-многу во текот на животот. Само игрите што ги играат имаат поголеми последици и влоговите се поголеми. Дури, 8-9 годишните деца се поискрени и многу лесно може да се каже повозрасни од т.н. „возрасни“ луѓе.

И тоа води до



3. Што е нормална личност?

Во овој свет во кој секој секого ќе продаде без да трепне, во кој не е важен патот и начинот туку само целта - да, хендикеп е човек да биде искрен и да нема скриени намери. И таквите обично се сметаат за недозреани, бидејќи „зрелите“ луѓе имаат многу повеќе постигнато од тоа. Јасно, не се прашува како ги постигнале сите големи работи, зашто не е ни битно. Ако некому му пречи да гази преку некој друг заради своите цели - тој е хендикепиран и недозреан.



Нејсе, во љубовта барем нема никакви правила. Како и за секој друг случај на љубов, не би генералилзирал и овде. А и немам сретнато таков случај, па немам повеќе коментари.
 

Bluebird

The Daydreamer
Член од
10 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
4
Од толку погрешни мислења што ги прочитав до сеа ми се крена коса на главата. Се спомнуваше заљубување поради корист, проблемот со неискаќањето во град, бла блаа и сите некако ја занемаруваат поентата.

Ултимативното прашање останува: Што е љубовта? Дали е само небрижно тркалање по чаршафите, шетање по кеј, јас-сакам-животни-и-ти-сакаш-животни-еј-супер-сродни-души-сме?

Да беше некој од вас 24-25 годишен човек со хендикеп поради кој би имал мозок на 9 годишно дете, и да кажеше дека не, тој не може да почувтвува еротска желба, не, тој не може да почувствува потреба за поврзаноста со некој друг, не тој не може да почувствува потреба за љубов, тогаш во ред, можеби и ќе поверував дека такво нешто како љубов меѓу постара, интелигентна жена и прераснато дете, сепак не може да постои. Но и тогаш со сигурност ништо не би знаеле, зашто некое друго прераснато дете може да го чувствува тоа што ова „нашево“ не може, нели?

За можностите никако не смее да се расправа, зашто тие се бесконечни и не би можеле ни да ги замислиме. Само паметно би било да ги држиме и очите и срцата малку барем подотворени за да би можеле да го препознаеме постоењето на нешто поголемо од нас самите.



И највеќе до сега се согласувам со Крусер, постави многу суштински прашања. 8)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom