Темава прво има две прашања колку што јас сфатив.
Инаку го имам гледано филмот па ќе тргнам прво од него како првото прашање на кое ќе обратам внимание. Значи во филмот девојчето е на возраст од 8 или 9 години. Сосем нормално и логично изгледа да тоа си најде свој соговорник и пријател во лик кој иако има 25 и има физички предиспозиции за да изгледа така, размислува исто како нејзе. Можеби од една страна мисли дека неговиот физички изглед е и некаков вид заштита. Од друга страна беше однесувањето на сестра и, која е на иста возраст како и тој, и сосем различното однесување. Иако и беше кажано дека тој не е како сите, девојче на таа возраст не може да разбере зошто а и што точно сакаат да му кажат со тоа.
Од друга страна тој како заостанат си гледа соговорник кој и него исто така го разбира. Штознам јас така некако го разбрав тој дел и чуден однос помеѓу нив.
Второто прашање е она на кое сите овде на темава одговориле. Значи јас свесно не би влегла во врска со психички нестабилна личност, исто како што верувам и за другите. Не беше темава дали би се впуштиле ние во таква врска, туку беше за она што веќе го пишав погоре.