Доколку двајца навистина искрено се сакаат, никогаш нема да им настане монотонија во врската, и да им стане досадно, зашто секогаш ќе смислат и ќе најдат начин тоа да го поправат и да ја направат нивната врска поинтересна. И сметам дека љубовта не преминува во навика, т.е. во оној момент кога љубовта ќе премине во навика, малку по малку умира, за на крај сосема да исчезне. Значи доколку двајцата се сакаат, и сакаат врската да им опстане, нема да дозвола да има во неа монотони периоди, зашто дури и да се појават знаци на нивно појавување, ако само малку се потрудат, ќе ги пребродат!
Да се наведе монотонијата како причина за раскинување, за мене е мн.глупава работа, зашто доколку јас сакам да не ми биде монотона врската, ќе превземам нешто во врска со тоа, а не едноставно раце да кренам! Тоа воопшто не е знак на љубов.