Љубовта нè менува?

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Значи да не ве буни, насловот, да ви доловам на што мислам, постојат различни карактери, различни особи, различни вкусови, различни девојки, дечковци, но сите некако целат кон една работа - љубовта.

Чудно е како во нашите животи може да се појави особа, која ни го мењава начинот на живот, нашето темпо, времето, слободата, пријателствата, правиме работи против наша и туѓа волја, идеме против целиот свет, особа за која сме спремни се и сешто да направиме .
Некој овие работи ги жртвува порано, некој подоцна.

Еден ден таа особа заминува, задоволството престанува,
Нема кој да ви се јави и да ве праша како сте
1-2 дена , се надевате дека можеби ке се јави таа особа

1-2 недела, почнувате да се ладите, сфаќате се што сме изгубиле и добиле со таа особа, сфакате како е можно да сме толку спремни да го дадеме животот за таа една особа, итн итн,

Дали јас , вие, таа, тој , ние - се менуваме во текот на една љубовна врска, свесно ли го правиме тоа ? на чив нашин на живот се адаптираме , некогаш стануваме посесивни, љубоморни, горчливи, почуствителни, некој зајакнуваат,
Дали љубовта може да не/го смени човекот, особата во таа љубовна врска ?
Дали таа една особа што ке зачекори во нашиот живот е доволна да не смени ?:pipi:


Се надевам ке искажете убави искуства и мислења
фала :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сите се менуваат во врска ако сакаат да успее.Никој не останал непроменет а уште е заедно со оној што го сака.Јас лично се адаптирам на неговиот живот со основните и постојани работи од мојот кој ги сметам за непроменливи и зад кој стојам целосно.Тоа е вечера со моите другарки барем 2-3 пати месечно со сите последици од вечерта:),слободен простор и соба за гледање ракомет и сл.Од партнерот прифаќам начинот на кој сака да го поминеме слободното време,места за излегување,степенот на карање и сл.
Неможам да се исконтролирам,редовно станувам посесивна,љубоморна и редовно правам буцки за тепачка:)се тоа додека ја сакам особата.Но знам и да прекинам да ја сакам преку ноќ и да се претворам еден период во пасивен набљудувач на врската,без љубомора,без посесивност,без желба за гледање меѓусебно,се додека не ставам крај.Но чудно,никогаш партнерите не го приметиле тој мој мрачен период и секогаш им доаѓа изненадувачки крај.Ова го научив благодарение на една особа,која ми ја пренесе целата злоба на свет:)
И за крај,Да љубовта ме менува или ме прави светица или чудовиште,во зависност како ме тангира партнерот и како ми ја покажува неговата љубов.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Се менувам.Многу.Толку многу,што откако ке заврши се,неможам да се препознаам самиот себеси,и никако да се вратам на старата патека.Ми треба време,многу време...
Добро,нормално е дека во секоја врска партнерите мораат да сменат нешто.Мора да постои компромис.Едниот жртвува нешто и другиот го прави истото.
Лошото е кога некој комплетно го губи својот идентитет во врската.Кога веке ни самиот неможе да се замисли како единка.Премногу е зависен од другиот до него...доколку другиот го осека истото,тогаш не е страшно,ама ако не е така,ако другиот не осека толкава приврзаност,тогаш по дефулт некој страда.Едниот поради тоа што знае дека не е доволно сакан,другиот поради тоа што партнерот му е премногу посесивен.Врската пропага.
Лично,глупаво ми е кога ке видам колку многу се менуваат лугето кога ке влезат во врска.Колку само губат од својот природен карактер.Викаат дека тоа е така,бидејки мора да се трудат околу љубовта.Можеби.Сепак,не ја свакам љубовта така.За мене таа е хаос.Поплава.Неконтролиран бран на чувства.Во неа нема никаква логика,никакви планови,нема игри во позадина за двајца што се сакаат.Се е отворено и директно.Љубовта треба да биде уживање,а не константна борба и труд да се одржи...тогаш веке ја губи својата убавина.Престанува спонтаноста за тој што планира.Се е само една голема сложувалка,која мора да ја сложи...нема никакви изненадувања,се е познато однапред.Тоа не е љубов.Љубовта ја нема.
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Се сложувам со предходните постови. За да успее љубовта, мора свесно да се промениме, но не во сите сегменти на животот. Мора да се адаптираме и да внимаваме за потребите на другото лице, но не смееме да ги заборавиме и своите потреби (другари, пријатели, хоби и др.). По мене барем, кој мисли дека, само другиот треба да се смени - греши. Нормално е тоа, дека во една врска (љубов) ќе се јават и посесивноста, љубомората, горчината - тие се составен дел, но мора да научиме да ги контролираме, да останат во една нормална граница, каде што тие нема да представуваат оптоварување за самата врска и љубов и да ја доведат до крај.
Значи, промените што ќе ги направат партнерите, треба да бидат добронамерни, во името на љубовта, а не за доминација и слично. Како што кажа Fabullous 178, љубовта треба да биде најубавото нешто што ни се случило. Во вистинската и искрена љубов, 100 % сум сигурен дека и двата партнери жртвуваат дел од себе.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Не се менувам .... Не сакам ни тој да се менува.....
Ја почитувам оригиналноста, оти кога тогаш таа промена еднаш ќе избие во негатива...Ќе се свати како "набиени рогови", префрлање дека тој за мене се жртвувал и се менил а не добил очекувано....итн итн
 
Член од
24 август 2007
Мислења
52
Поени од реакции
0
Зошто би се менувала? Ако тој решил да биде со мене, значи ги сака и моите добри особини и моите доблести! истото важи и за него, ни барам ни пак ке побарам од него да се смени за мене, оти знаете, да се смени една личност, па и не е така мала работа, и работа што може да му се случи секому. Секако дека понекогаш ке жртвуваме нешто за НЕГО ама тоа не значи менување ...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали јас , вие, таа, тој , ние - се менуваме во текот на една љубовна врска, свесно ли го правиме тоа ? на чив нашин на живот се адаптираме , некогаш стануваме посесивни, љубоморни, горчливи, почуствителни, некој зајакнуваат,
Дали љубовта може да не/го смени човекот, особата во таа љубовна врска ?
Дали таа една особа што ке зачекори во нашиот живот е доволна да не смени ?:pipi:

Се надевам ке искажете убави искуства и мислења
фала :)
Па да,љубовта обично го менува човекот.Се разбира дека љубовта значи прифаќање и на доблестите и на маните,но човек некогаш несвесно се менува.Некои на полошо,некои на подобро.Зависи.
Ако под смени,се подразбира,внесување свежина,новост,сигурност,потпора -нешто што не сме го имале претходно,тогаш да,може да не смени.
Карактерот на двајцата е тој,тие се прифатиле меѓусебе такви какви што се,но може да внесе некоја дополнителна карактеристика која другиот ја немал дотогаш.На пример:самодоверба,надеж,смиреност,успокоеност итн.
Покрај тоа човек може и многу да созрее во љубовта...
Мислам дека и за тоа се работи во темава,ако добро ја разбрав.:)
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Навиките и карактерот не се менуваат...можеби во некои делови се менуваме но тоа е неосетно така да и на нас не ни се верува дека се менуваме...треба да се прифатат такви какви што се....по прекинување сигурно ти фали некој да ти титне, да ти прати порака,се чуствува празнина но тоа е....
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Дали јас , вие, таа, тој , ние - се менуваме во текот на една љубовна врска, свесно ли го правиме тоа ? на чив нашин на живот се адаптираме , некогаш стануваме посесивни, љубоморни, горчливи, почуствителни, некој зајакнуваат,

Дали љубовта може да не/го смени човекот, особата во таа љубовна врска ?
Сите ние постојано се менуваме кога сме во врска тоа само станува поочигледно и нормално се си влече последици.
Секако дека мора и кога една врска да се заврши нешто во нас да се смени, сме скршиле уште една вазна, искуство +, сме научиле нешто ново, сме отвориле уште еден хоризонт.
Тоа во ниту еден случај не е лошо, напротив, тоа може да биде и најдобрата работа што ни се случила, сме научиле, за наредниот пат ќе знаеме за подобро.
Без секој се може, а од секој нешто се учи.
:smiz:
Дали таа една особа што ке зачекори во нашиот живот е доволна да не смени ?:pipi:
Да не се повторувам ... се не менува, никој од нас не е систем сам за себе, напротив функционираме во општество, луѓето кои ги љубиме само имаат поголема моќ врз нас и нашата трансформација.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Значи да не ве буни, насловот, да ви доловам на што мислам, постојат различни карактери, различни особи, различни вкусови, различни девојки, дечковци, но сите некако целат кон една работа - љубовта.

Чудно е како во нашите животи може да се појави особа, која ни го мењава начинот на живот, нашето темпо, времето, слободата, пријателствата, правиме работи против наша и туѓа волја, идеме против целиот свет, особа за која сме спремни се и сешто да направиме .
Некој овие работи ги жртвува порано, некој подоцна.

Еден ден таа особа заминува, задоволството престанува,
Нема кој да ви се јави и да ве праша како сте
1-2 дена , се надевате дека можеби ке се јави таа особа

1-2 недела, почнувате да се ладите, сфаќате се што сме изгубиле и добиле со таа особа, сфакате како е можно да сме толку спремни да го дадеме животот за таа една особа, итн итн,

Дали јас , вие, таа, тој , ние - се менуваме во текот на една љубовна врска, свесно ли го правиме тоа ? на чив нашин на живот се адаптираме , некогаш стануваме посесивни, љубоморни, горчливи, почуствителни, некој зајакнуваат,
Дали љубовта може да не/го смени човекот, особата во таа љубовна врска ?
Дали таа една особа што ке зачекори во нашиот живот е доволна да не смени ?:pipi:


Се надевам ке искажете убави искуства и мислења
фала :)
Без разлика на припадност, пол, карактер, вкус..сите целиме кон едно нешто, или поточно чувство - љубов. Реално па и нема свет без
љубов.:toe:

Во текот на нашиот живот постојно налетуваме на личности кои на некој начин не менуваат, некои на подобро некои на полошо. Прво ние сме самите свесни за нас и нашиот карактер. Потоа со текот на времето и годините се судруваме со еден вид монотонија, со некој свој начин на живот и функционирање кој ни го наметнува работата, пријателите, секојдневните обврски итн.
Значи сите си имаме свој сопствен живот, некое свое движење, свој круг на пријатели и обврски кои ни причинуваат задоволство и среќа и оддеднаш се појавува некоја личност кон која чувствуваме посебна наклоност. Сакаме да поминуваме што е можно повеќе време со таа личност, менуваме некои од наште навики, стекнуваме нови. Исто како што се менувам јас се менува и тој. Слободното време го поминуваме заедно, се разбира во никој случај не заборавајќи ги пријателите, другарите и семејството. Некои работи во животов никогаш нема да ми се сменат, нема ниту пак да се потрудам да ги сменам, ниту пак некој ќе влијае на нивното менување. Пријателите и семејството се тие, можеби со него нема да бидам утре.
Може да го скратам времето за одмор или времето кога буквално денгубам, ама никогаш не сум напуштила другарки за дечко.

Значи за некого можам да променам некоја навика, но и во целост да се сменам.:pipi:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Хм несвесно се менуваме да. Ама драстично да се сменам неее, зашто да се сменам? Ако ме сака ќе ме сака каква што сум а не онаква каква он сака да бидам. Така да? Можеби малку се менувм ама толку. Подетално друг пат.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дали се менувам... Па можам да речам дека некои ситни навики да, а она суштинското не. Сеуште сум истиот. Пример немаше мрежа на телефонот на девојка ми, едно 2 дена така да некако нешто како да ми фалеше. Среќа се се врати во нормала.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Чудно е како во нашите животи може да се појави особа, која ни го мењава начинот на живот, нашето темпо, времето, слободата, пријателствата, правиме работи против наша и туѓа волја, идеме против целиот свет, особа за која сме спремни се и сешто да направиме .
Некој овие работи ги жртвува порано, некој подоцна.
Жртвува? Зошто го употребувате овој збор? Океј, нема врска.
Ниедна врска додека траела не ми била пречка за нормално да функционирам, да одделувам време за најблиските. Тоа зависело од мене.
SCORPIO__20 напиша:
Дали јас , вие, таа, тој , ние - се менуваме во текот на една љубовна врска, свесно ли го правиме тоа ? на чив нашин на живот се адаптираме , некогаш стануваме посесивни, љубоморни, горчливи, почуствителни, некој зајакнуваат,
Дали љубовта може да не/го смени човекот, особата во таа љубовна врска ?
Дали таа една особа што ке зачекори во нашиот живот е доволна да не смени ?:pipi:
Се адаптираме заеднички со партнерот, ги усогласуваме нашите темпа на живеење и нормално функционираме. Посесивноста и љубомората (во граници на нормала) се нормални внатрешни реакции кога некој ти значи. Јас не би рекла дека може да се сменам поради некој. Прилагодувањето (повторно со за мене прифатливи чекори) не значи и менување.
Зависи од партнерот колку ќе успее да ги извлече на површина најубавите работи од мене, а и од мене колку јас ќе успеам да го направам тоа кај него.
Од старт сум онаква каква што сум, не изигрувам некое совршено суштество кое би морало да се менува кога ќе дојде време да се покажани и некои други црти од мојот карактер. Значи, со лошо не можам да го изненадам.
 

mUv@ ThE DoGg

oLd ScHoOl PerSoN
Член од
29 септември 2005
Мислења
363
Поени од реакции
5
МНОГУ се менувам, веќе не можам ни да се препознаам самиот себеси, веројатно особата ама и чуството на љубов, чуството да бидеш сакан те прави да се чуствуваш најубаво на цел свет и почнуваш да мислиш само на неа и со тоа нормлано гледаш да направиш да ви биде најубаво на цел свет и на двајцата, конкретно јас се сменав многу како личност многу повеќе знам да ги ценам луѓето а особено неа, едноставно прекрасно е чуството и кога знаеш дека правиш нешто за некој што го сакаш е преубаво
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Јас сум ова што сум, благодарение на тебе

Сите се согласуваме дека љубовта може да не промени многу (некого и целосно).Па...ајде сега да видиме што е тоа што љубовта кон одредена личност го променила кај вас?
Многу пати имам прочитано или слушнато „јас сум нова личност од кога сум со тебе (или...„од кога те запознав“).Значи, овде станува збор за целосна трансформација на личноста(според зборовите нели...).

Јас сум ова што сум, благодарение на тебе.

Ова „благодарение“ не е иронично кажано и не сакам ниту да си го „земете“ како иронично и да пишувате за некои лоши промени кои настанале кај вас.Значи, од сите лоши работи кои (најверојатно) ви се случиле во љубовта извлечете ги добрите поуки кои сте ги научиле притоа и поради кои вие сте се промениле.

А сигурно дека ќе имате многу да пишувате ако вистински го мислите тоа „благодарам“...



Јас ќе одговорам подоцна.

:salut:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom