Никој не спомна таква крајност, тамам работа да се фрламе барем од прв спрат при секое разочарување. Ама сепак фактот дека те излажал, а ти си ги искажала чувствата, не е баш така лесно да се надмине, да се заборави и веднаш да го отсакаш. И отсакувањето како и засакувањето си бараат повеќе време и различно влијание имаат. Нели?:smir:
Како никој не спомна таква крајност? Зарем мислиш дека нема луѓе кои одат и до таму од едно обично љубовно разочарување? Еве пример ... гледав филм пред некој ден (филмовите не се баш далеку од реалноста) каде дечково од x заеднички причини почнува помалку да ја бара девојкава (имаа моментален проблем, значи не се работеше за раскинување или намерно оддалечување), а оваа после некое време, цела потресена, го откачува демек и почнува на велико да се ку*ва, пие и дрогира ... откако дознава тој, целиот уште повеќе разочаран, во нервоза го убива нејзиниот брат ... тоа е страшно дело предизвикано од навидум невозможна љубов, нормално пропратена со разочарувања.
Што е реалното (во врска со чувствата на другиот) во исчекувањето? Реалното е тоа што ти си чекаш и не знаеш дали ќе ти бидат искажани чувства какви што очекуваш.
Додека чекаш, нема да те оптеретат прашања (барем една минута) дали воопшто нешто чувствува? Кога очекуваш нешто (без разлика за што се работи), без да сакаш мислиш на истото и знае да ти влијае негативно.
Реалното е сето тоа што би се случувало ... времето кое му треба да сфати дали ме сака или не, со сите пропратни гледања и дружења ... нормално дека би ме оптеретувале прашања доколку сум заинтересирана за типот, ама дефинитивно не би ми влијаеле негативно. Напротив, трудејќи се да го освојам, би била полна со позитивна енергија.
Разочараност, незадоволство, кои не мора да бидат пројавени додека си со тој што го сакаш. Може да се појават откако нема веќе да бидеш со личноста. Со прекинувањето на врската не значи дека прекинува и љубовта (барем кај едниот).
Затоа на време се кажува се` што ни тежи и не измачува, за да не патиме после врската, а и во неа. Сите негативни влијанија на љубовта си ги правиме сами ... ќе преќутиме, ќе претераме во некоја ситуација, ќе паднеме ниско во друга и ете го кривецот ... љубовта нема врска со тоа, луѓето ја прават таква.