Љубовта е психичка болест (дали постои љубов?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.539
Поени од реакции
35.639
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Заменик-претседателот на руската Дума, Владимир Жириновски синоќа по повод Денот на вљубените изјави дека љубовта е психичко заболување кое му штети на здравјето на луѓето.


- Се вљубуваат деца, од глупост и наивност и потоа страдаат цел живот. Љубовта е психичко заболување - човек сака во некој да се вљуби, со него малку да остане, да се заборави - ист е принципот на дејство како кај алкохолот и тутунот, истакна лидерот на либералните демократи во Русија.


Коментирајќи го прославувањето на Свети Валентин во западната традиција, Жириновски рече дека љубовта му нанесува штета на здравјето на луѓето и ги принудува да направат најтешки злосторства.


- Последица на тоа се измамата, одмаздата, несаканите и отфрлените деца, разводите и абортусите. Потребни се единствено брачни договори, додаде Жириновски.
 
ste slusnale za ova:

Ljubovta e bolest bez koja covekot ne e zdrav

Se soglasuvam...ljubovta ne naveduva da napravime mali a ponekogas i golemi zlostorstva no sepak....bez LJUBOV kakov bi bil zivotot??? :)
 
Секоја голема сила во себе содржи и творечка и разурнувачка моќ.Мора да постои баланс.:)

Без љубов би немало ни разводи,ни абортуси,ни напуштени деца,дисфункционални семејства и слично,но од друга страна ќе немаше ни бакнежи,гушкање,милување.

Подобро ни е вака,со љубов,во секој случај.
 
Ако љубовта е психичка болест, тогаш јас сум психички растроен - тежок психопат:)
 
Tender Girl напиша:
Se soglasuvam...ljubovta ne naveduva da napravime mali a ponekogas i golemi zlostorstva no sepak....bez LJUBOV kakov bi bil zivotot??? :)

Сепак не можеш да прашаш каков би бил без љубовта животот, бидејќи некогаш и без да сакаш ја чувствуваш. Не можеш да речеш дека од утре нема да сакаш, бидејќи не оди токму така. Едно вели устата, друго чувствува душата.
И точно е тоа дека љубовта знае да делува негативно, како што има и позитивно дејство.
Кога сакаш, ја чувствуваш како движечка сила која те турка напред без да знаеш, сите сме свесни дека под нејзино дејство имаме мотив, елан и желба за многу нешта (во позитивна смисла). Може да доведе и до опседнатост, што секако не е нешто што е за машала. Тргнете од тоа кога ќе се појави барем мала доза на љубомора, како влијае таа на нас. Зборувам за умерена, која секако дека знае да не` оптерети барем пет минути додека трае тоа чувство.
Како и да е, негативни последици има многу, кои влијаат на нашата психичка состојба. Зависи од многу фактори во која насока ќе не` придвижи целата таа заматаеност, а секако дека се случува да се заплеткаат и крајности.

Само, дали ќе делува конструктивно или деструктивно од што и од кого зависи?
 
...Ljubovta e pozitivna emocija-zdravje...Ljubomorata e negativna emocija- bolest...i dvete se sotojbi na umot...a Zirinovski e skroz na skroz netachen.
 
Ljubovta e bolka.. za koja lek ne postoi i nema ni da postoi
 
Acid напиша:
Заменик-претседателот на руската Дума, Владимир Жириновски синоќа по повод Денот на вљубените изјави дека љубовта е психичко заболување кое му штети на здравјето на луѓето.


- Се вљубуваат деца, од глупост и наивност и потоа страдаат цел живот. Љубовта е психичко заболување - човек сака во некој да се вљуби, со него малку да остане, да се заборави - ист е принципот на дејство како кај алкохолот и тутунот, истакна лидерот на либералните демократи во Русија.


Коментирајќи го прославувањето на Свети Валентин во западната традиција, Жириновски рече дека љубовта му нанесува штета на здравјето на луѓето и ги принудува да направат најтешки злосторства.


- Последица на тоа се измамата, одмаздата, несаканите и отфрлените деца, разводите и абортусите. Потребни се единствено брачни договори, додаде Жириновски.
Ако љубовта е болест, тогаш нажалост целото општество е болно.А со болни луѓе потешко се владее.
 
Лејди Сатори напиша:
Ако љубовта е болест, тогаш нажалост целото општество е болно.А со болни луѓе потешко се владее.

Полесно.
 
Офчар напиша:
Нормалниот го прави тоа што мисли дека е најдобро за себе, за општеството и ред др. работи и ако некој го убеди дека тоа е тоа што е најдообро е лесен за контролирање.
Болниот човек прави што сака, без принципи, без правила...нешто слично како љубовта!
 
Acid напиша:
Заменик-претседателот на руската Дума, Владимир Жириновски синоќа по повод Денот на вљубените изјави дека љубовта е психичко заболување кое му штети на здравјето на луѓето.


- Се вљубуваат деца, од глупост и наивност и потоа страдаат цел живот. Љубовта е психичко заболување - човек сака во некој да се вљуби, со него малку да остане, да се заборави - ист е принципот на дејство како кај алкохолот и тутунот, истакна лидерот на либералните демократи во Русија.


Коментирајќи го прославувањето на Свети Валентин во западната традиција, Жириновски рече дека љубовта му нанесува штета на здравјето на луѓето и ги принудува да направат најтешки злосторства.


- Последица на тоа се измамата, одмаздата, несаканите и отфрлените деца, разводите и абортусите. Потребни се единствено брачни договори, додаде Жириновски.

Pa se ova e tocno ako covewk ne moze da se sovzeme i ne napravi nekoj balans:toe: :(:(:(
 
А како човек може да се соземе и да избалансира?
 
Fortune напиша:
А како човек може да се соземе и да избалансира?

Лесно. Ќе брои до 10 пред секоја реакција и постапка ...
Инаку, се сложувам со текстот од русите, иако не е нешто ново и непознато за нас.
 
Дивајн напиша:
Лесно. Ќе брои до 10 пред секоја реакција и постапка ...
Јас сум за тоа да се мисли пред да се направи нешто, барем јас посветувам време, внимание и енергија за анализи (не за се`, се разбира). Само, секогаш и за се` нема да ти текне да броиш.
И ако изброиш не значи дека после тоа одлуката ќе се покаже правилна и дека ќе постапиш како што треба.

Ако те облеат чувства на љубов, ќе изброиш до десет за да дознаеш дали е тоа што си почувствувала и дали да му кажеш на тој што го сакаш за тоа?
 
Ke recam samo deka ljubovta ne postoi, taa e iluzija! Skroviste na harmonijata, majstor na zborot i zarobenik na sonot.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom