Љубовта е навистина слепа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Оја Кодар, е родена во Загреб 1941 со вистинско име Олга Палинкаш. нејзиниот татко бил Унгарец а нејзината мајка Хрватица. Се школувала во Загреб и во Париз на Ликовната академија одсек вајарство
1961 година таа, во Загреб, ја среќава љубовта на својот живот. Тоа бил Орсон Велс кој во тоа време во Загреб го снимал фимот Процес по романот на Кафка.
Нивната љубовна врска ќе започне нешто подоцна кога повторно ќе се срентат во Париз. Тие ќе останат заедно се додека смрта на Велс нема да ги раздели во октомври1985.
Врската е на прв поглед нескладна, Велс е роден 1915, што значи речиси три децении е постар од неа. Во моментот на одпочнување на врската Орсон Велс е во брак со Паола Роти. Велс ќе сака да се разведе од Паола Роти, но во 1965 Паола Роти ќе заболи од рак и тој ќе се откаже од разводот. Така да во наредните години Орсон Велс ќе живее со две жени и ќе патува од едната до другата.
Тоа е трае се до 1984, кога Паола Роти, најпосле, ќе го избрка.
Оја Кодар, на Орсон Велс ќе му биде не само љубовен партнер, туку и близок соработник, ќе пишува сценарија и ќе глуми во неговите филмови.
Инаку името Оја Кодар и го дал Велс
http://en.wikipedia.org/wiki/Oja_Kodar
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Kej Свифт е родена како Катерина Фолкнер Свифт на 19 април 1897 година
Нејзиниот татко бил познат музички критичар. Студирала музика, завршила конзерваторијум за пијано и настапувала како пијанист
1918 се омажила за банкарот Џејмс Пол Варбург и ја напушта кариерата на пијанист. Нејзините родители биле против овој брак,. бидејќи Џејмс Пол Варбург бил Евреин. Меѓутоа тоа не ја разубедило и таа во бракот родила три деца.
1925 таа сретнала уште еден Евреин, во кого слепо ќе се вљуби. Се работи за Џорџ Гершвин, славниот американски композитор кој тогаш бил на почетокот на каријерата. Врската помеѓу нив била била не само љубовна туку и посветена на музиката. Кеј Свифт имала силно влијание на музиката на Гершвин и во тие години и самата почнала да компонира. 1934 таа се развела од мажот, со намера да се омажи за Гершвин. Но Кеј Свифт и Џорџ Гершвин нема да склопат брак. Џорџ Гершвин ќе почине, многу млад, во јули 1937 од рак на мозокот.
Таа ќе продолжи да компонира и ќе постигне големи успеси. Сите наредни години ќе биде главен промотор и коментатор на музиката на Гершвин
Кеј Свифт, починала 1993 на возраст од 95 години
http://en.wikipedia.org/wiki/Kay_Swift
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Ким Новак е родена на 13 февруари 1933 година во Чикаго, како Мерлин Полин Новак, во семејство на чешки имигранти.: Од 1954 се појавувала најнапред во епизодни филмски улоги. Меѓутоа бргу станала популарна глумица, пред се поради нејзината голема убавина. Нејзиниот огромен филмски успех е во филмот „ Вртоглавица “ од Хичкок од 1958 година.
1965 се омажила за актерот Ричард Џонсон, тој брак ќе трае само една година.
Имала и врски со други познати глумци и познати личности, но сите тие врски ќе и донесат разочарување.
Така ќе се сврти кон друга љубов, а тоа е љубов кон коњите и ќе стане страсен одгледувач на коњи
Во 1974 на една нејзина кобила ќе и биде потребна ветеринарска помош. Таа ќе се вљуби во ветеринарниот лекар кој ќе дојде да и помогне.
Ким Новак и Др. Роберт Малој се и денес во среќен брак
http://en.wikipedia.org/wiki/Kim_Novak
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Aна Карина е родена на 22 септември 1940 година во Копенхаген под име Хана Карин Бларке Бајер
Кусо време по нејзиното раѓање, татокото ќе ја напушти. Таа најраното детство ќе го помине со бабата и дедото и по домови.
Дури на возраст од осум години, нејзината мајка, повторно стапи во нов брак и ќе ја земе со себе
Но чувството дека е не сакана и оставена ќе ја прогонува цел живот
Уште од дете сакала да стане глумица. На возраст од четиринаесет години, сама ќе ја напушти мајката и ќе побегне од Копенхаген во Париз.
Случајно ќе стане фото модел. На едно снимање ќе ја запознае Коко Шанел која ќе ја посоветува да го смени името во Ана Карина.
1958 таа ќе сними реклама за сапун. Ова реклама ќе ја забележи Жан Лик Годар.
И така започна врската на Ана Карина и Жан Лик Годар
Во брак ќе стапат 1961, а бракот ќе се разведе 1965.
Но таа и денес ќе се спомнува како бивша жена на Годар, иако после него склопуваше повеќе бракови и не одржуваше посебни врски со Годар
http://en.wikipedia.org/wiki/Anna_Karina
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Не е баш нешо слепа љубовта, не биле глупи, овие се убави, богати и талентирани луѓе, пред се, познати.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не е баш нешо слепа љубовта, не биле глупи, овие се убави, богати и талентирани луѓе, пред се, познати.
Не е така...
Љубовта се појавува и кај сиромашни и кај богати - кај сите.
Секој барем некогаш се вљубил. Некои од нас се постојано вљубени
На оваа тема пишувам, бидејќи на Кајгана се појавија теми кои воопшто немаат врска за љубовата. На пример: „ Секс на пијано “; „ Што би купиле од Валијант “; „ Влакнести или мазни “ и многу други. Има и наслови кои ми е срам да ги наведам.Тоа не е љубов.
Во оваа тема, се наведени реални љубовни искуства.
За да бидеме добри љубовници треба да научиме да сакаме. Затоа треба да ја проучуваме љубовта. А најлесно се учи од туѓо искуство.
Во денешно време, многу работи ни се ускратени. Но љубовта останува област каде можеме слободно да ја покажеме својата лична креативност.
Затоа те повикувам и тебе и сите други да постирате реални љубовни искуства.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Катрин Елис Кејт Бланшет е родена на 14 мај 1969 година, во Мелбурн
Љубовта на нејзиниот живот е Ендрју Аптон, роден 1966. Тие се запознале 1997, на снимањето на драмата Галеб од Чехов, каде таа глумела, а тој работел на монтажата.
Љубовта е слепа и тие набргу на 29 декември 1997 се венчале
На почетокот на 2000 година, двојката враќа во Австралија. Тие имаат три деца. И покрај филмската кариера, тие заедно работат во театрите во Австралија.
Ете пример, дека не е неопходно партнерите долго да се познаваат па да имаат среќен брак
http://en.wikipedia.org/wiki/Cate_Blanchett
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Пеги Ли е родена на 26 мај 1920 во Џејмстаун - Северна Дакота. Нејзиното вистинско име е Норма Делорис Екстром.
Нејзината мајка починала кога таа имала четири години и била одгледувана од таткото и маќеата.
На возраст од 17 години ќе го напушти родителскиот дом, поради кавги со маќеата и ќе замине најнапред во Лос Анџелес, подоцна во Чикаго. Во Чикаго ќе настапува во локали како пеачка и ќе го сретне Бен Гудман кој ќе ја покани да пее со неговиот оркестар
Во овој оркестар таа ќе ја сретне љубовта на својот живот гитаристот Дејв Барбур со кого ќе се омажи 1943. Пеги Ли , ќе роди ќерка, ќе ја напушти музичката каријера и наполно ќе се посвети на мажот и одгледување на ќерката Ники родена 1943.
Но набргу повторно ќе се врати на музиката најнапред како композитор, а подоцна целосно
Бракот со Дејв ќе се разведе 1951
Пеги Ли ќе се мажи уште три пати, но тие бракови ќе траат многу кратко
http://en.wikipedia.org/wiki/Peggy_Lee#Personal_life
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Лу Саломе е родена на 12 февруари 1861 година, како Лујза фон Саломе, во Санкт-Петербург.Таа е ќерка на генералот Густав фон Саломе кој бил во служба на Раскиот Цар. Таа е шесто и долго очекувано женско дете и е единствена ќерка, која одреснала со своите пет постари браќа, така да уште како дете била опкружена со вниманието на голем број машки.
Се школувала во родниот град.
Во 1880 година, отпатувала во Швајцарија поради школување, бидејќи во тоа време во Русија не постоле можност за школување на женски деца.
По некое време патот ќе ја одведе во Рим, каде ќе го сретне Пол Ре, кој ќе се вљуби во преубавата Лу. Но таа ќе ја одбие брачната понуда и ќе му предложи да живеат во заедница, во која можат да се приклучат и други мажи и жени, да се занимаваат со филозофија, уметност и слично, но спиењето да биде во строго одвоени соби.
Пол, занесен од нејзината убавина, ќе го прифати ова. Наскоро,1882, ќе им се придружи уште една славна личност. Тоа беше Фридрих Ниче. И тој силно ќе се вљуби во Лу и тој ќе и понуди брак. Лујза и него ќе го одбие и ќе му понуди да живее во комуната.
Оваа тројка, ќе ја обиколи цела Европа, иако цела Европа ги оговарала поради ваквиот живот, нив ќе им биде убаво. Љубовта која Ниче ја чуствувал кон Лу ќе го инспирара да ги напише своите најубави дела - тоа Ниче покасно ќе го напише .
Кон оваа врска во тројка ќе се спротистави, сестра му на Ниче, Елизабет. Ниче, под притисок на сестра си, ќе ја прекине оваа врска 1885 и до крајот на животот ќе жали за Лу.
Во 1886 во Лу Саломе, смртно се вљубил универзитетскиот професор Фридрих Карл Андрес. Но тој ќе биде одлучен и ќе и се закани дека ќе се убие ( донел и нож ), ако таа не се омажи за него. Ова ја убедило Лу и таа се согласила и му рекла дека ќе се омажи за него, но да и вети дека никогаш нема да бара да имаат интимни односи. Андрес се согласил со ова и за тоа потпишале и договор. Тие биле во брак се до неговата смрт 1930 и како што е познато никогаш не го прекршиле договорот.
Во 1892 Лу решава да стапи во интимни односи со маж. Нејзиниот избраник бил Георг Ледебург еден од основачите на Социјалдемократската партија во Германија. Покасно Лу напишала дека открила ново чувство во љубовта
!897 во неа се вљубува Рајнер Марија Рилке кој е 15 години помалд од неа. Но и нему ќе му биде достапно само место во комуната, се разбира без интимни односи.
Ете така живеела ова преубава жена - Таа всушност ja истражувала љубовта. Нејзиното љубовно искуство го анализирал и Фројд
Таа била инспирација и муза на многу големи личности и за неа се напишани многу книги, а и самата напишала доста

Прочитајте за убавата Саломе:
http://en.wikipedia.org/wiki/Lou_Andreas-Salomé

Еве и повеќе информации
http://www.seecult.org/vest/lu-salome-muza-nicea-i-rilkea
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Мила Јовович е родена како Милица Јововиќ, во Киев на 17 декември 1975. Нејзиниот татко е Jугословен а мајката Украинка.
Првпат се омажила за актерот Шон Ендрјус во 1992 година. Таа била на возраст од 16 години а тој на 21. Утредента по свадбата нејзината мајка вложила барање за поништување на бракот, бидејќи е малолетна, што е и направено два месеци подоцна.
По поништувањето на бракот, нејзината мајка ја пратила во Европа, каде брзо го преболела.
Следниот брак го склопила во 1997, со режисерот Лик Бесон, кој е 16 години постар од неа. Овој брак е разведен 1999.
По тоа имала неколку врски меѓу кои од 2002 годинаи врската со режисерот Пол Андерсон, кој е 10 години постар од неа. Но таа нема да и биде единствена врска во тој период. Мила и Пол Андерсон повеќе пати ќе ја прекинуваат и одпочнуваат повторно врката. Во таа врска Мила ја родила и ќерката Габо во 2007. За разлика од Мила, Пол Андерсон не склопувал други бракови или сериозни врски
На 22. август 2009, Мила Јовович и Пол Андерсон ќе склопат брак кој за сега трае
http://en.wikipedia.org/wiki/Milla_Jovovich
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Камерон Диаз е родена на 30 август 1972 во Сан Диего - Калиорнија.
Нејзиниот татко е со кубанско потекло, а нејзината мајка од англиско-германско потекло
На возраст од 16 години почнала да работи како модел во модната агенција Елите, а од 21 година на филм.
Убава, со сини секако дека го привлекува вниманието на спротивниот пол
Имала повеќе врски. Сите нејзини партнери се исклучително убави и успешни.
Нејзината прва врска од 1990 до 1995 е со продуцентот Карлос де ла Торе. Следната од 1995 ди 1998 е глумецот Мет Дилон. Потоа, од 1999 до 2003 глумецот и пеачот Џаред Лето. По него, од 2003 до 2006, пеачот Џастин Тимберлејк, и на крај од 2010 - 2011 бејболистот Александар Родригез.
Камерон Дијаз е и денеска немажена, иако малку ... малку ќе се чујат вести дека наводно ќе се мажи, а не се мажи. Во едно интервју таа име речено дека не се мажи бидејќи се уште не дошло времето
И сега, Вие ме прашувате, па каде е во овој пример доказ дека љубовта е слепа.
Е слепа.... , е слепа .....

Сите нејзини поранешни партнери освен Џастин Тимберлеј се се уште неженети. Џастин Тимберлејк, во 2012 година се ожени за Џесика Бел
http://en.wikipedia.org/wiki/Cameron_Diaz
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Милена Дравиќ е родена на 5 окромври 1940 во Белград. Во Белград завршила гимназија и учела балет. Од 1959 гидина почнува да настапува во филмови
На почетокот на шеесетите години Белград станува собиралиште на филмски уметници кои подоцна ќе ја прослават југословенската кинематографија со таканаречениот „ црн бран “Тие уметници се собираат дружат и разговараат за уметноста. „ Ѕвезда “ на белградскиот уметнички живот во тоа време била преубавата Милена. Со сина коса, сини очи, млада, убава, со тело на балерина... Практично целиот уметнички свет бил вљубен во неа.
Послушајте каква песна и посветил Арсен Дедиќ на Милена, кој во тоа време ја започнувал каријерата во Белград
//www.youtube.com/watch?v=FwYqlnCRUaM
Но, Милена во тоа време веќе била мажена. Љубовта на нејзиниот живот е Војислав Кокан Ракоњац, филмски режисер, постар до неа пет години. Инаку Кокан е еден од предводниците на новиот бран во југословенската кинематографија
За жал на 12 јуни 1969, Кокан трагично ќе загине на возраст од 34 години.
Во тоа време Милена е веќе позната глумица иако нема ниту 30 години
Ќе се обиде да воспостави врска со Пуриша Ѓорѓевиќ, еден од друштвото на филски уметници со кои се дружела, но таа врска брзо ќе се прекине
1972, на снимање на еден филм, го среќава Драган Николиќ, кој е три години помлад од неа. Набрзо, во пузата на снимањата тие ќе склопат брак кој и денес трае
http://en.wikipedia.org/wiki/Milena_Dravić
Никогаш не сум сретнал интервју во кој Милена раскажува за љубовта на својот живот Војислав Кокан Ракоњац
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Нешто во врска со претходниот пост
https://www.youtube.com/watch?v=dpG2ABQPTQY
Ова е песната Милена, која Арсен ја исполнува во живо во 1987 година.
Во публиката е снимена и Милена Дравиќ - погледнете - Љубовта е навистина слепа
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Гала Дали, со вистинско име Елена Иванова Диаконова е родена на 7. септември 1894 во Казан - Русија. Како девојче се дружела со поетесата Марина Цветајева.
Но во раната младост ќе заболи од туберколза и во 1913 година, нејзините родители ќе ја пратат на лекување во Давос Швајцарија. Во исто време, во истиот санаторијум ќе се лекува од туберколоза и Пол Елијард. Пол ќе вљуби во Гала. Таа е силна личност. Пол е фасциниран од нејзината култура и одлучност и ќе и признае - Јас сум твој ученик
Во 1916, Гала и Пол Елијард ќе стапат во брак.
Во Париз околу нив ќе се собере група уметници надреалисти и сите ќе бидат вљубени ви Гала. Иако Гала не е посебно физички привлечна - зрачи со неверојатен шарм. Во таа група ќе бидат Луј Арагон. Макс Ернст и Андре Бретон, сите ќе бидат вљубени во неа и под силно нејзино влијание
На почетокот на август 1929, Гала и Пол Елијард ќе отидат во Шпанија да го посетат младиот сликар Савадор Дали. Гала, веднаш ќе се вљуби во Салвадор Дали и ќе го напушти Пол Елијард
Дали е десет години помлад од Гала, но нивната врска ќе биде долга и ќе трае се до нејзината смрт.И на творештвото на Дали, Гала ќе има силно влијание
Но и во бракот со Дали, односите помеѓу Гала и Пол Елијард ќе бидат многу силни
Еве прочитајте за ова чудесна жена
http://en.wikipedia.org/wiki/Gala_Dalí
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Петјула Кларк е родена на 15 ноември 1932. За првпат настапила 1942 на ВВС и набргу станала дете-ѕвезда. За време на Втората светска војна била заедно со Џули Ендрјус настапувала во војничките касарни и била маскота на пилотите на РАФ ( Британското воено воздухопловство ) По војната имала филмска и музилка кариера
Нејзината музичка кариера е врзана со нејзината голема љубов. Избраникот на нејзиното срце се викал Џо ( Мистер Пиано ) Хендерсон роден 1920 година. Тој ја придружувал на пиано и пишувал песни за неа на почетокот на кариерата. Но кога сите очекувале Петјула и Џо да стапат во брак, Џо, ненадејно,ја прекинал, врската со образложение дека не сака да биде Мистер Петјула Кларк.
Тие ќе останат во пријателски односи и ќе соработуваат уште долги години. Џо никогаш не се оженил, а Петјула се омажла а1961, но во Франција
Петјула Кларк се смета за најголема музичка ѕвезда на Англија на сите времиња
http://en.wikipedia.org/wiki/Petula_Clark
 

Kajgana Shop

На врв Bottom