Искрено незнам дали е среќен или не во сегашната семејна заедница. Знам дека премногу го сака детенцето... тоа е малечко има 3 години. А со жената се заедно 5 години. Меѓутоа последните неколку години поради работата нема можност да биде долго дома.. Можеби и тоа е причина за тоа што се случува сега. Сите претходни врски што ги имал биле долги.. и не се премногу (тука сме на иста линија).
Кога разговаравме тој ми рече дека за него една од најважните работи во животот е да има стабилно семејство.Имал лошо детство.. дури едно време со сестрата завршиле во дом... но некако и двајцата успеале да се издигнат. Да завршат факултети и сами да почнат да се грижат за себеси. Сегашната ситуација малку се коси со изјавата што ми ја даде мене, меѓутоа сакам да верувам во тоа дека луѓето што имале нешто па го изгубиле, многу повеќе ги вреднуваат нештата од оние кои од секогаш имале или пак воопшто немале (а ова мое мислење повторно се коси со неговите постапки).
Јас би прифатила се што е негово и би се грижела за детенцето како свое.. ама што е со мајката?? Тоа би било доживотна болка за една нормална жена како што спомна членот погоре.
Ви благодарам на сите за советите знам дека се искрени и со добра намера дадени!
Никој не вели дека било кој од нас треба да послушаш или да земиш во предвид нечие мислење, но еве размисли добро за следното (овде има повеќе од една контрадикторност во неговите изјави):
Ти вели дека го сака детето... ако го сака нема да го дели од мајката, тоа секогаш ќе има друга биолошка мајка која ќе сака да го види (под услов детето да остани со него), без разлика дали и колку ти ќе го сакаш тоа дете како свое. Ќе биде растргнато на 2 страни цел живот. Дури и да остани со мајката, што е повеќе веројатно, овај ќе сака да го гледа. Последици по детето во секој случај.
Втора работа е што претпоставуваш дека поради работата последните години не можи да биди дома па еве стигнал до таму да се раздели ради тоа со невенчаната сопруга. Тоа во ред ли е?
Еве утре пак ќе биде со работа, со обврски, отсутен од дома... само во овој случај ти ќе бидиш на нејзиното место, дома, ќе го чекаш да се врати после сите тие негови работни обврски... Тебе не може да ти се случи истото што сега и се случува неа? Да те изневерува со друга? Размисли добро за ова.
Трето, една од најважните работи му е семејството. Нели? Епа кога е така зошто не прави СЕ за да си го задржи семејството кое сега го има? Мноооогу контрадикторно!
Четврто, луѓето кои изгубиле сè повеќе ги вреднуваат нештата... навидум точно, но не е баш така. Ти не ги вреднуваш нештата, иако не си изгубила исто колку него во твоето детство? Битно е човек колку е зрел да се носи со животот и каков се изградил како поединец, типот... (Извини ама ова е мое мислење) е сосема несериозен и недораснат за годините, колку и да ги има.
Петто, те лажел тебе, ја лажи неа.
Таа знае за тебе? Сигурно не.
Значи типот е патолошки лажго... си има паралелна врска со колешка од работа, си има жена дома која најверојатно си мисли дека има океј лик покрај себе, ги лажи и двете... тебе 4 месеци, неа кизнај колку во овие 5 години.
Шесто, сигурна си дека ти си неговата прва „екскурзија“ надвор од бракот во овие 5 години? Кој ќе ти го гарантира тоа, тој? Сигурна си дека ова помеѓу вас е љубов?
Сигурна си дека не си единствената колешка со која си брка работа или нема некоја сосема трета на страна? Сигурна си дека нема уште некое дете ваму таму некаде вонбрачно оставено? Колку добро го знаеш на страна од тоа што тој ти го кажува?
Не си во нималку лесна ситуација, мани ги сите мислења ти си знаеш најдобро ама колку што гледам сите гледаат да ти ги отворат малку очите пошто брак и заеднички живот не е заебанција. А кон таму целите да одите и двајцата...