Eve sum pak jas so mojve problemi. Se muvame so edno devojce i ona saka use odma da se fatime a ja sakam popoleka da idam, da ne brzam. E toa i go kazav na drugarka mi, a ona i go kazala na devojcevo i sabajlevo ona zbesna, vika deka e gotovo megu nas, deka nejke vise da praime nisto. So da praam? Da prodolzam da se muvam so nejze ili samo gubam vreme??
Пеер, жените ти се комплицирани. Нив и да се трудиш неможеш да ги сфатиш. Женско сум, па себеси не се сфаќам а најмалку очекувам некој друг да ме сфати.
Значи, ти и типката сте се мувале. Пред да стапиш во било како однос со неа, треба да знаеш дека комплицираноста на жените е толку голема и иде до оној степен да се што ќе кажат има некое сосема трето значење. Тие очекуваат ти да го сфатиш тоа скриено значење и да им возвратиш со нешто друго што има скриено значење. Да резимирам, неможеш да ги сфатиш.
Ти, очигледно и имаш на типката дадено лажна надеж. Она се надевала дека ќе стапите во врска, затоа што така го протолкувала тоа, а ти несвесно си кажал нешто што не си требал да го кажеш, затоа што ти си мислел една работа, а она сфатила нешто друго. И сеа она се надева дека ќе завршите хепили евер афтер.
Се што треба да напраиш е нормален муабет со неа. Кажи и дека сакаш нешто повеќе но ти треба време, и ако нејзината интелигенција е повисока од собна температура, ќе те сфати и ќе ти даде време. Во спротивно, што ќе ти е некоја која не те сфаќа и со која неможеш да направиш нормален муабет?
Значи, нема преносни значења, нема читање меѓу редови, правите муабет и тоа е тоа. Што попросто толку подобро.
И немој, навистина НЕМОЈ да праќаш други да ти завршуваат работа, или да праат муабет наместо тебе. Твој живот, твој избор, твоја врска. Сам треба да си решиш што-како.
А она, не ме чуди дека збеснала. Мислам, женско е. Тоа се подразбира.