Моментален занес не можеш да контролираш ама негово понатамошно менаџирање може да контролираш.
Исто како некоја девојка сега да каже многу го сакам, јес да е женет, ќе му растурам куќа, ќе му истрауматизирам деца, ама што да правам љубов е.
На почеток на факултет еден другар почна многу да ми се допаѓа. Откако дознав дека има врска што не ја пријавувал, почнав да го избегавам. Сѐ имав некој изговор, излажав дека имам дечко што е многу љубоморен, оти бев свесна дека со понатамошно дружење, смеење и слично ќе биде потешко да се откажам (а многу добри другари бевме и многу убаво дружење имавме, слични интереси, компатибилна смисла за хумор, сме дремеле на телефон или мсн со саати и многу подмукло се развија некои работи. Потоа јас одма почнав одоколу детално да се распрашувам и на луѓе не им беше чудно оти буквално ко петок и сабота бевме. Дознав за девојчето, одма кренав гард. Тешко ми беше, ама стегнав заби. И фала Богу што сум си останала достоинствена и истрајна. Ден денес не дозна за моите чувства.
Верувајте, не е зор сите чувства да се изјават. Помала штета е некогаш ако се премолчи. А, за девојчето премногу ми е жал. Жена чувствува кога не штима нешто, верувај дури и сега ја повредуваш. Остави некој да ја гледа како што заслужува, со тие особини не заслужува да биде душек за безбеден пад на некој што сака да експериментира со скокови.