- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 1.082
- Поени од реакции
- 588
Уште е мала, не е подготвена за однос, а се плаши тоа да ти го каже за да не те изгуби. Сакала да те задоволи, ама не успеала, дека ја е било страв и сега се чувствува лошо, поради тој за нејзе неуспех.Пред некое време со девојката направивме чекор понапред, бевме многу блиску до однос, но не се случи. Веднаш потоа таа не ми зборува ништо, а и не сака да ме погледне..Разговарав подоцна, и одлучивме да оставиме работите да одат спонтано..Воопшто не ја притискав..Но пред некој ден таа ме побара..знаете и таа започна, конечно помислив дека го надминала тоа..но на крајот повторно беше истата приказна...Замина без да ми каже ниеден збор, а и пушти по некоја солза...Навистина веќе не знам како да се поставам, и како да постапам..Се трудам да ја сватам, но верувајте некогаш е прекомплицирано..ПОМОШ!
Остави да помине некој ден, па инсистирај на долг разговор, кој ти ќе го водиш и се до детал ќе и објасниш дека иако ништо не се случило, ти и понатаму ја сакаш како порано и твоето мислење за нејзе останува непроменето. Потенцирај дека во никој случај поради таа случка нема да отидеш со друга девојка и дека ќе ја чекаш се додека стане подготвена. Со тоа ќе и ја вратиш самодовербата, но исто времено ќе и ја засилиш вербата во тебе, така да се со време ќе се врати во нормала и ќе си продолжите со врската како и ништо да не се случило.
Единствено нешто што не треба да правиш е да ја обвинуваш за нешто, дека таа и без тоа минува низ еден тежок за неа период.
Се надевам дека ќе се средите што побргу.
Поздрав...